Спорт
Надал го предаде мечот поради повреда, Родик елиминиран

Тенисерот број 2 и моментален шампион во Австралија опен, Рафаел Надал го предаде мечот против Енди Мареј кој заврши со резултат 6:3 7:6(4) 3:0
Тенисерот број 2 и моментален шампион на Австралија опен, Рафаел Надал го предаде мечот против Енди Мареј кој заврши со резултат 6:3 7:6(4) 3:0.
Причината за предавањето на натпреварот е повреда на десното колено.
Мартин Чилич од Хрватска е изненадувањето на денот во Мелбурн откако успеа да го елиминира Енди Родик во пет сета: 7:6(4) 6:3 6:3 2:6 6:3 и да се пласира во полуфиналето на Австралија опен.
Кај дамите Жастин Анин исто така се пласира во полуфиналето откако ја елиминира Русинката Надја Петрова со 7:5(3) 7:5.Останати резултати од четвртфиналето на Австралија опен: Зенг Лие- Марија Кириленко 6:1 6:3Гај Форгет/ Седрик Пиолин- Тод Мартин/Томас Мустер 6:4 6:4Мајкл Колман/ Јарко Ниеминен- Фернандо Гонзалес/Иван Љубичич 4:6 6:1 2:0 (предаден)Тод Вудбриџ/ Марк Вудфорд- Анри Леконт/ Патрик Рафтер 6:4 7:6(1)Иво Карловиќ/ Душан Вемиќ- Лукас Кубот/ Оливер Марач 2:6 7:6 (11) 7:6(4)Серeна Вилијамс/ Венус Вилијамс- Бетани Матек Сандс/ Зан Ји 6:4 4:6 6:4/крај/ао/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дончиќ потпиша нов договор со Лејкерси

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ја продолжи соработката со Лос Анџелес Лејкерс.
Дончиќ потпиша договор вреден 165 милиони долари за три сезони.
Лејкерси чекаа до првиот ден кога можеа да му понудат договор (2 август) и го сторија тоа веднаш.
Во 28 натпревари, за Лејкерси по шокантниот трејд од Далас, Дончиќ забележа 28,2 поени, 8,1 скока, 7,5 асистенции и 1,6 украдени топки во просек за 35 минути на паркетот.
Во поразот од пет натпревари во плејофот против Минесота Тимбервулвс, тој имаше просек од 30,2 поени, седум скока, 5,8 асистенции и една украдена топка за 41,6 минути на паркетот.
„Тукушто потпишав продолжување на договорот со Лејкерси. Возбуден сум што ќе продолжам да работам за да освојам шампионска титула во Лос Анџелес и да ги направам навивачите горди. Благодарен сум на Лејкерси, на моите соиграчи и на сите навивачи кои ми покажаа толку многу љубов од првиот ден. Ова е само почеток“, напиша Дончиќ на социјалната мрежа „X“.
Спорт
(Видео) Хамилтон: Бескорисен сум

Луис Хамилтон се огласи по борбата за пол-позицијата за Големата награда на Унгарија.
Хамилтон го имаше 11-то најдобро време со 1:15.702 во квалификациите на Хунгароринг. Очекувано не беше задоволен од тоа настапот во квалификациите.
„Јас сум бескорисен, апсолутно бескорисен. Тимот нема проблем, можете да го видите автомобилот на пол-позиција. Веројатно треба да го сменат возачот“, изјави Хамилтон за „Скај Спортс“.
Неговиот колега Шарл Леклер го имаше најдоброто време и ќе стартува од пол-позицијата на трката во недела. Леклер беше најбрз со 1:15.372.
“It’s me every time. I’m just useless. The team has no problem. The second car is on pole, so they probably just need to change driver.”
Distraught Lewis Hamilton after qualifying 💔
— Ferrari News 🐎 (@FanaticsFerrari) August 2, 2025
Спорт
Леклер ја грабна пол-позицијата на Хунгароринг

Шарл Леклер ги шокира возачите на Мкларен во квалфикациите за трката на Големата награда на Унгарија. Возачот на Ферари ја освои 27. пол позиција во кариерата, до неа дојде со резултат 1:15.327 минути.
Мекларен, најдоминантниот тим сезонава во првенството на Формула 1, доминираше на тренинзите и во првите две квалификациски сесии, но двајцата возачи разочараа во последното излегување на патеката. Постигнаа времиња далеку под она што можат со доминантниот болид.
Осакр Пјастри, лидерот во првенството, трката ќе ја започне веднаш до Леклер, а неговиот тимски колега Ландо Норис го освои третото место. До него, од вториот ред, трката ќе ја започне возачот на Мерцедес, Џорџ Расел.
Неизвесноста во борбата за пол-позицијата најдобро го отсликува податокот дека разлиата меѓу првиот и четвртиот беше само 53 илјадити делови од секундата.
Третиот ред на стартот го освоија пилотите на Астон Мартин: Фернандо Алонсо и Ленс Строл.
Блесна во квалификациите Габриел Бортолето. Бразилецот со Кик заубер го освои седмото место, пред светскиот првак Макс Ферстапен. Зад него се возачите на сестринскиот тим, Рејсинг Булс: Лијам Лосон и Исак Хаџар.
Аполутно разочарување во квалификациите е Луис Хамилтон. Седумкратниот шампион трката во Унгарија ќе ја започне од 11.место.
Големата награда на Унгарија, на Хунгароринг се вози в недела од 15 часот.
Foto/ EPA/Zsolt Czegledi