Спорт
Ванкувер резултати од четвртиот ден
Хокеј на мраз група А (мажи): САД- Швајцарија 3:1 (Рајан Малоун, Дејвид Бекес, Боби Рајан/ Роман Вик)
Хокеј на мраз група А (мажи): САД- Швајцарија 3:1 (Рајан Малоун, Дејвид Бекес, Боби Рајан/ Роман Вик).
Хокеј на мраз група А (мажи): Канада- Норвешка 8:0 (Кори Пери, Рајан Гетзлаф, Мајк Ричардс, Дени Хедли 2, Џером Инигла).
Хокеј на мраз Група Б (жени): Руија- САД 0:13 (Кели Стак, Џоселин Ламури, Натали Дарвиц 2, Моли Егстром, Лиса Чесон, Џени Потер 3, Карен Тачер, Кејтлин Чахов, Ангела Лугеиро).
Хокеј на мраз група Б (жени): Финска- Кина 2:1 (Венла Хови, Каролина Пантамаки/ Лингуо Ванг).
Батлон 10 километри потрага (жени): Магдалена Неунер од Германија освои златен медал со време од 30.16.00, пред Анастасија Кузмина од Словачка која освои сребро и Лор Мари Брунет од Франција која освои бронза.
Биатлон 12.5 километри потрага (мажи): Бјорн Фери од Шведска освои злато со време од 33.38.04, сребро освои Кристов Суман од Швајцарија, а Џеј Винсент од Франција освои бронзен медал.
Карлинг (мажи): Велика Британија- Шведска 4:6, Норвешка- Канада 6:7, САД- Германија 5:7, Швајцарија- Данска 6:5. Карлинг (жени): САД- Јапонија 7:9, Данска- Шведска 5:6, Германија- Русија 9:5, Канада-Швајцарија 5:4.
Спуст со санка (жени): Татјана Хефнер од Германија освои злато со вкупно извозено време од 2.46.52, пред Нина Рејтмаер од Австрија и Натали Гејсенбергер од Германија.
Сноуборд крос (жени): Маеле Рикер од Канада освои злато, Дебора Антоноиз од Франција освои сребро, а Оливија Нобс од Швајцарија освои бронза.
Брзо лизгање на 500 метри (жени): Санг Хва Ли од Јужна Кореја освои златен медал, со вкупно време од 76.09, пред Џени Волф од Германија која освои сребро, а Беи Ксинг Ванг од Кина освои бронза./крај/ванк/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сити за полувреме го реши Брајтон
Фудбалерите на Манчестер Сити убедливo славеа на гостувањето кај Брајтон со 4:0 (3:0) во натпревар од 29. коло на англиската Премиер лига.
Актуелните шампиони сите дилеми околу победникот ги решија во првото полувреме и тоа во интервал од 17 минути кога постигнаа три гола.
Кевин де Брујне го постигна првиот гол во кариерата со глава во 17. минута, по центаршутот на Кајл Вокер.
Потоа два гола постигна Фил Фоден во 26. и 34. минута, првиот од слободен удар со малку среќа, а вториот по груба грешка на одбраната на домаќините.
Хулијан Алварез во 62. минута ги постави конечните 4:0.
Избраниците на Пеп Гвардиола се втори на табелата, го прескокнаа Ливерпул, а имаа бод и натпревар помалку од лидерот Арсенал.
Спорт
(Видео) Димитријевиќ МВП на ВТБ лигата
Кошаркарот на Уникс, Ненад Димитријевиќ е прогласен за најкорисен играч на регуларниот дел сезоната на руската ВТБ лига.
Уникс прв заврши во лигата, првпат во историјата, а Македонецот беше еден од најзаслужните за ваков успех.
Сезонава Димитријевиќ имаше просек од 19 поени по натпревар со 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки.
Во минатогодишното финале на ВТБ лигата неговиот тим ја совлада Локомотива (4:1), а Димитиријевиќ беше прогласен за МВП на финалната серија.
Сезонава во решавачкиот меч за првото место во регуларниот дел против ЦСКА Москва забележа рекордни 40 поени со девет асистенции.
„За мене е голема чест да ја добијам наградата МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ лигата 2023/24“, изјави Димитријевиќ и додаде:
„Оваа година победивме во многу возбудливи натпревари и славевме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да им се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим Уникс, на стручниот штаб на чело од Велимир Перасовиќ, медицинскиот штаб и нашите верни навивачи. Најголема благодарност до моите соиграчи, кои ми помогнаа да станам подобар играч.“
Спорт
Адријан Њуи ќе го напушти Ред Бул
Главниот директор за дизајн на Ред Бул, Адријан Њуи, треба да го напушти тимот по контроверзата, која вклучува обвинувања против шефот на тимот Кристијан Хорнер.
Њуи, кој важи за најдобар дизајнер во историјата на Формула 1, одлуката да го напушти тимот им ја сооптшил челниците на Ред Бул, објави денеска Би-би-си.
Адријан Њуи е вознемирен од ситуацијата во Ред Бул, откако Хорнер беше обвинет за сексуално вознемирување и насилно однесување кон колешка. Хорнер ги негираше обвинувањата, а тимот по спроведена интерна истрага ги отфрли обвинувањата против Хорнер и жената ја суспендираше од работа.
Тој има договор со Ред Бул до крајот на следната сезона, а претходно беше поврзуван со преселба во Ферари.