Спорт
Абрамович на јахта го убедувал Модриќ да потпише за Челси
Лука Модриќ во својата нова автобиографија открива дека имал преговори со газдата на Челси, Роман Абрамович, за трансфер кај „сините“ во 2011 година, кои се одвивале на неговата јахта покрај Азурниот Брег во Франција, нешто што го импресионирало Хрватот.
Модриќ му фатил око на Абрамович со настапите за Тотенхем и рускиот милијардер бил подготвен да даде многу пари за Хрватот.
„Тоа беше многу возбудливо. 20-ина луѓе, кои беа дел од обезбедувањето, нè сретнаа на бродот. Организацијата беше совршена – само што почнавме да се опуштаме во луксузот, се појави Абрамович. Тој ми остави впечаток на релаксирана личност, но и малку мистериозна. Веднаш ми кажа: ’Знаеме дека си квалитетен фудбалер и би сакале да потпишеш за Челси’. Јас во тоа време мислев дека е време за преселба и за освојување трофеи, а тоа немаше да се случи со Тотенхем. Знаев дека преговорите нема да бидат лесни. Потоа пристигнав во Лондо пред почетокот на сезоната и зборував со претсдателот Леви. Немаше навреди, како што пишуваа медиумите, но не беше пријатно. Тој ме искара зошто јавно кажувам дека сакам да заминам и повтори дека нема да прифати каква било цена“, пишува Модриќ во автобиографијата.
Тотенхем на крајот во 2012 година го прати Модриќ во Реал Мадрид.
„Не знаев кога Леви ќе се согласи да ме продаде, но знаев дека ми е потребен поголем предизвик. По четири прекрасни години, јас и мојата сопруга Вања сакавме поинаков живот“, додава Модриќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

