Спорт
Ацо Јоновски уште две години тренер на германскиот Интерактив

Поранешниот македонски репрезентативец и член на стручниот штаб на Кире Лазаров во ракометниот национален тим, Ацо Јоновски останува на клупата на Интерактив и во наредните две години.
Германскиот клуб потврди дека Јоновски и во наредниот период ќе го предводи тимот.
„Многу сме среќни што Аце ќе остане дел од нашето семејство. Тој е одличен ракометен стратег и ние имаме апсолутна доверба во неговиот капацитет“, истакнуваат од клубот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Миливојевиќ се враќа во Олимпијакос

Фудбалерот на Кристал Палас, Лука Миливојевиќ летово ќе ја напушти Англија и ќе се врати во редовите на грчкиот шампион Олимпијакос.
Поранешниот српски репрезентативец договори тригодишна соработка со црвено-белите од Пиреја. Тоа значи дека 31-годишниот играч за врска ќе се врати во клубот од кој замина во Англија во 2017 година.
Во меѓувреме стана капитен на Кристал Палас.
Оваа информација ја донесе Георгиос Сидеридис, кој откри дека од трансферот клубот од Лондон ќе добие 3.500.000 евра. Миливојевиќ пред Олимпијакос го носеше дресот на Раднички од Крагуевац, Рад, Црвена Звезда и Андерлехт, а беше и репрезентативец на Србија од 2012 до 2020 година и беше во тимот на Светското првенство во Русија 2018 година.
Спорт
ПСЖ се заинтересирани за Мане

ПСЖ ја најдоа замената за Килијан Мбапе, кој во преодниот рок, веројатно ќе се пресели во Реал Мадрид.
Според медиумите, Мбапе се договорил со Реал и ќе си замине од Париз како слободен играч, откако неговиот сегашен клуб минатото лето одби околу 200 милиони евра за трансферот.
Челниците на „светците“ не чекаа долго и веќе најдоа замена за младиот Французин, пишува новинарот на „Билд“ Кристијан Фалк.
Тоа е искусниот крилен напаѓач на Ливерпул, Садио Мане.
30-годишниот Мане има договор со „црвените“ до јуни 2023 година, но се верува дека би можел да ја напушти Англија една година пред истекот, бидејќи Ливерпул нема намера да ги исполни неговите финансиски барања.
Покрај ПСЖ, интерес за Мане покажува и Баерн Минхен.
Сенегалецот сезонава постигна 22 гола и имаше пет асистенции на 49 натпревари, а на 28.мај ќе се обиде да ја освои Лигата на шампионите на дуелот со Реал, во Париз.
Спорт
Стоп за Дончиќ, Вориорс водат со 1-0 во западното финале

Голден стејт Вориорс со убедлива победа над Далас маврикс 112:87 ја отворија финалната серија во Западната конференција.
Вориорс успеаја да го запрат Лука Дончиќ што беше клуч за нивната победа. Словенецот мечот го заврши со 20 поени, седум скока и четири асистенции. Дончиќ, во второто полувреме постигна само два поени.
Спенсер Динвиди уфрли 17, Џејлен Брансон 14, а Реџи Булок 12 поени за Маверикс.
Вориорс ги предводеше Стеф Кари со 21 поен и 12 скока, по 19 поени постигнаа Џордан Пул и Ендрју Вигинс.
Вториот меч на програмата е во сабота во 3 часот по средно-европско време. Вориорс повторно ќе бидат домаќини.