Спорт
Алмерија ќе добие 15 милиони евра од трансферот на Нуњез

Повратникот во Примера, фудбалскиот клуб Алмерија, најмногу се израдува на трансферот на Дарвин Нуњез од Бенфика во Ливерпул. Младиот Уругваец кариерата ќе ја продолжи во Ливерпул, трансферот со сите бонуси изнесува 100 милиони евра. Ливерпул на Бенфика веќе и плати 75 милиони евра.
Нуњез од Алмерија се пресели во пред Бенфика. Во сезоната 2019/20 во Сегунда постигна 16 гола.
Бенфика за неговиот трансфер издвои 20 милиони евра. Во тој договор Алмерија вметна клаузула дека ќе добие 20 отсто од наредната продажба, доколку трансферот на Нуњез е поголем од 23 милиони евра.
Според клаузулата Алмерија ќе заработи 15 милиони евра од трансферот на Уругваецот во Ливерпул.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ко-сопственикот на Челси, Егбали продолжува со посетите во соблекувалната

И покрај критиките на англиската фудбалска јавност, ко-сопственикот на Челси, Бехдад Егбали ја продолжува необичната практика на посета на соблекувалната на играчите по ужасниот старт на сезоната. Ваков притисок вообичаено се поврзува со настаните во балканскиот фудбал, и е нешто сосема невообичаено во Премиерлигата.
Неговиот партнер во бизнисот, Тод Бели беше критикуван поради ваквите посети минатата сезона, а според „Дејли телеграф“, сега посетите ги прави Егбали, како при 1:0 поразот од Астон вила во неделата. Нивните извори велат дека тој не давал мислење за играта и за тактиките, туку само се ракувал со фудбалерите и со тренерите посакувајќи им среќа.
Челси се на 14. место на табелата во Премиерлигата со само една победа оваа сезона, поставувајќи голем притисок на менаџерот Маурисио Почетино. „Сините“ имаат најлош старт на сезоната во последните 45 години.
Спорт
Рафаел Леао: Саудиските пари? Борбата во Лигата на шампиони вреди повеќе!

Ѕвездата на Милан, Рафаел Леао посочува дека сака да „освојува големи работи“ со „росонерите“ на кои е фокусиран во блиската иднина и дека не го привлекуваат високите плати кои ги добиваат фудбалерите во Саудиска Арабија.
24-годишното португалско крило потпиша нов петгодишен договор со клубот во јули и е во добра форма со три гола и две асистенции во првите шест меча во сите натпреварувања, но италијанските медиуми го критикуваа што ги избегнува дефанзивните обврски и го критикуваат тренерот Стефано Пиоли дека цела игра на тимот се врти околу него.
„Верувам дека клубот е на вистински пат, успеавме да стигнеме до полуфиналето на Лигата на шампионите, и сега целта мора да биде да продолжиме да растеме, да носиме засилувања, да бидеме посилни. Сигурен сум дека Милан ќе се врати на титулите од Лигата на шампиони, што е нашата главна цел. За мене, јас сум млад и сакам да освојувам големи работи со Милан. Имам одиграно над 20 меча во Лигата на шампионите, така што имам искуство“, вели Леао во интервју за магазинот „Џи кју“.
Потоа тој зборуваше за својата иднина.
„Никогаш не вели никогаш, но јас сум во клуб кој ме прими многу добро и затоа го обновив договорот, што немаше да го направам ако мислев на заминување. Сакам следните две три години да освојам големи работи со Милан. Не сум подготвен да одам во саудиската лига. Последните денови парите се погласни, но за мене Лигата на шампиони е поважна од плата од 10 милиони евра, на пример“, вели Леао.
Спорт
Лудило во Сплит – Иван Перишиќ доаѓа во Хајдук во јануари!

Навивачите на Хајдук ја остварија својата желба, откако било договорено Иван Перишиќ од јануари да го носи дресот на клубот од Сплит, јавува „Спортске новости“.
Според нивните информации, како дел од преговорите за трансферот на Лука Вушковиќ во Тотенхем, претседателите на двата клуба, Даниел Леви и Лукша Јакобушиќ го договориле и преминувањето на Перишиќ во Хајдук. Бидејќи преодниот рок е завршен, а во исто време Перишиќ има потешка повреда поради која ќе паузира пет месеци, трансферот ќе се изведе во јануарскиот преоден рок.
Претходно, Хајдук го сруши сопствениот рекорд продавајќи го 16-годишниот вундеркинд, Вушковиќ, кој ќе остане во Хајдук додека не наполни 18 гоини.