Контакт

Спорт

(Видео) Атлетичарка бремена во 5. месец скока во височина, фрла ѓуле, трча на 800 метри

Објавено пред

Американската атлетичарка Линдзи Шварц-Флах (31) се натпреварувала на националните квалификации за Олимписките игри. Не би било ништо необично во нејзиниот случај доколку таа не се наоѓа во петтиот месец од бременоста.

Го привлече вниманието на јавноста во САД откако се појави на атлетските борилишта со видлив труднички стомак, затоа што веќе 18 недели е во блажена состојба.

Седмобојката фрлаше ѓуле, скокаше во височина, но не успеа да ја заврши трката на 800 метри.

„Тајната веќе не е такна. Најважно ми е бебето и јас да сме здрави. Повраќав скоро 12 недели, што ми влијаеше на тренинзите. Сепак знаев дека ќе мора да сум многу внимателна“ напиша Линдзи минатата недела на Инстаграм.

Дел од американската јавност застана на страна на идната мајка и ја пофали поради упорноста, додека многумина испратија критики на нејзина сметка.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Пеп го заборави сонародникот – две години не проговорил со Педро Поро

Објавено пред

Дефанзивецот на Манчестер сити, Педро Поро, тврди дека ниту еднаш не разговарал со својот менаџер Пеп Гвардиола иако веќе две години е во тимот на актуелниот англиски шампион.

21-годишниот Шпанец пред две години пристигна на „Етихад“ од сестринскиот клуб Џирона во договор вреден околу 11 милиони фунти, но веднаш беше пратен назад во Шпанија како позајмен фудбалер во Реал Валјадолид пред во август 2020 да биде пратен на двегодишен заем во португалскиот Спортинг.

Минатата сезона тој со нив ја освои лигашката титула и беше именуван во тимот на сезоната, а беше повикан и во шпанската репрезентација (иако не играше на ЕП).

„Не, никогаш не сум зборувал со Пеп Гвардиола. Мислам дека тој воопшто не знае дека сум фудбалер на Сити. Во клубот некој мора да знае што се случува“, вели Поро за „Мирор“.

Се верува дека Спортинг ќе ја активира клаузулата од 8,5 милиони евра да го купи Шпанецот

Прикажи повеќе...

Спорт

Одбојкарска класика – Бразил со епски камбек против Аргентина

Објавено пред

Последното натпреварување на понеделничката олимписка програма во Токио ни донесе сензационална одбојкарска пресметка помеѓу лутите јужноамерикански ривали Бразил и Аргентина, во кој „селесао“ се врати од 2:0 негатива за фантастична победа по три часа игра.

Аргентина поведе со 2:0 со 25:19 и 25:21 и кога изгледаше дека ќе стигне до импресивна победа над фаворитите, Бразил го освои третиот сет со 25:16 за потоа да израмни на 2:2 со 25:21 за да го добие петтиот сет со 16:14.

ОДБОЈКА (М)

Бразил – Аргентина 3:2

Иран – Венецуела 3:0

САД – Русија 1:3

Полска – Италија 3:0

Франција – Тунис 3:0

Јапонија – Канада 3:1

Прикажи повеќе...

Спорт

Руни во нов скандал со фотографии со полуголи жени

Објавено пред

Легендата на Манчестер јунајтед, а сега менаџер на Дерби каунти, Вејн Руни, повторно е на насловните страници на англиските таблоиди поради активности што немаат врска со фудбалот.

Руни овој пат поднел пријава до полицијата во Манчестер откога на интернет се појавија фотографии со три (засега неименувани) жени, од кои на една од нив тој спие и тврди дека е жртва на местенка.

Според британските медиуми, фотографиите се направени по поразот на Дерби во пријателскиот меч со Салфорд сити по што Руни бил во ноќен клуб, а потоа и во хотел.

Да потсетиме, Руни е оженет и има четири сина.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

(Видео) Јужна Европа се бори со пожари, најлошо е во Грција и Италија

Шумските пожари, потпомогнати од горештините и силните ветрови, денеска зедоа замав во јужна Европа, а некои северни земји ги расчистуваат...

Регион2 часа

Радев: Нема да дозволиме кршење на правата на Бугарите во Северна Македонија

Бугарија е најсилниот поддржувач на проширувањето на ЕУ, но не може да дозволи кршење на правата на граѓаните на Република...

Македонија7 часа

Двајца починати и 10 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 10 нови случаи на коронавирус, две лица починаа, а 16 пациенти оздравеа,...

Економија9 часа

Поевтинуваат горивата

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1,5 и за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија10 часа

(Видео) Јанакиески за притворот: Ова е малтретирање и изживување со човекови судбини

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, по објавувањето на пресудата за „27 април“ со која беше осуден на 6...

Македонија10 часа

Пресуда за Вељаноски, Ристовски, Јанакиески и Атанасовски – осудените плански го организирале упадот со цел да се зачува власта

Судот ги изрече пресудите за организаторите за упадот во Собранието на 27 април –  поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е...

Македонија10 часа

Трајко Вељаноски осуден на 6,5 години затвор, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески на 6 и 3 месеци, а Владимир Атанасовски на 6 години затвор

На судењето за организаторите за упадот во Собранието на 27 април, поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е осуден на...

Европа11 час

(Видео) Големо невреме во Лондон: Поради поплави затворени осум метростаници и две болници

Силен дожд и грмотевици го погодија Лондон што предизвика поплави во некои делови на главниот град на Британија, поради што...

Македонија11 час

Заев: Скопје никогаш нема да заборави на жртвите од земјотресот и солидарноста по него

Катастрофалниот земјотрес пред 58 години за само 20 секунди го запре животот на Скопје и им го одзеде животот на...

Свет13 часа

Фаучи: Најверојатно ќе биде потребна трета доза од вакцината

Водечкиот американски експерт за инфективни болести, Ентони Фаучи, процени дека на вакцинираните Американци чиј имунолошки систем е загрозен, може да...

Македонија13 часа

Сеќавање за жртвите – Скопје одбележува 58 години од катастрофалниот земјотрес

Скопје денеска со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 58 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година во кој 1.070...

Македонија14 часа

Почнува вакцинирањето во домашни услови

Од денеска граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат на вакцинален пункт за да примаат вакцина...

Македонија1 ден

Охридското Езеро засега го задржува статусот на УНЕСКО

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на својата 44 сесија, која се одржува во Фуџу, Кина, донесе одлука Природното и...

Регион1 ден

Возачот на косовскиот автобус признал дека задремал зад воланот, загина и неговиот колега

Хрватската полиција го уапси возачот на косовскиот автобус кој денеска излета од автопатот кај Славонски Брод, Хрватска. Најмалку 10 лица...

Македонија1 ден

МНР купи електрични тротинети за вработените, набавката била дел од проектот „Зелена дипломатија – новото нормално“

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги промовираше електричните тротинети, набавени за користење од страна на вработените во министерството, образложувајќи...

Свет2 дена

(Видео) Невреме повторно ја погоди Белгија, поплавата носеше возила

Силно невреме повторно ја погоди Белгија и предизвика штета, десет дена по поплавите во кои загинаа 36 лица. Возилата во...

Македонија2 дена

Скопје добива легални ѕидови за слободно користење на уличните уметници

Како дел од активностите на кандидатурата на Град Скопје за „Европска престолнина на културата за 2028 година“, назначени се две...

Македонија2 дена

Мал процент на граѓани се заразиле со Ковид по две дози вакцина, од утре вакцинација и дома

Само 0,02 отсто од македонските граѓани се заразиле со коронавирус по вакцинацијата. Конкретно, од вкупно 330.320 граѓани со примени две...

Македонија2 дена

Гужви на Богородица и Табановце, за влез и излез во државата се чека и до 45 минути

Големо раздвижување на граничните премини има утрово. Автомотосојузот на Македонија соопшти дека на граничните премини Богородица и Табановце задржувањето за...

Македонија2 дена

Силно сме спротивставени на корупцијата, велат од Владата по извештајот на Стејт Департментот

Силно сме спротивставени на корупцијата – за разлика од претходната, оваа Влада сериозно ги зема предвид и постапува по меѓународните...

Досие