Спорт
Баер се засили со капитенот на Џирона

Шпанецот Алекс Гарсија започнува ново поглавје во својата фудбалска кариера, toj потпиша долгорочен договор со Баер Леверкузен и дефинитивно ја напушти Џирона. Трансферот изнесува 18 милиони евра.
Актуелниот шампион на Германија, го потпиша Гарсија и покрај тоа што за него сериозен интерес покажа Барселона. Пресуди желбата на Гарсија да работи со сонародникот Чаби Алонсо.
„Како и сите љубители на фудбалот ширум Европа, и јас се восхитував на фантастичните достигнувања на Баер Леверкузен минатата сезона. Многу сум среќен што клуб како Баер реши да ме ангажира. Сега останува на мене да ги оправдам очекувањата и да придонесам за продолжување на добрите резултати“, изјави Шпанецот по потпишувањето на договорот.
Гарсија изминатите три сезони ги мина во Џирона, во последната го предводеше тимот како капитен до третото место во Примера. Во кариерата играше и за Виљареал, Манчестер Сити, Мускрон, Еибар и Динамо Букурешт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Челзи донесе уште еден Бразилец

Бразилскиот фудбалер Естевао Вилијан официјално стана нов член на Челзи, објави англискиот клуб.
Во јуни 2024 година, Челзи постигна договор со Палмеирас за Естевао да се пресели на „Стенфорд Бриџ“ откако ќе наполни 18 години.
„Многу сум среќен и задоволен што го претставувам Челзи, еден од најголемите клубови во светот. Се надевам дека ќе му помогнам на тимот на најдобар можен начин. Чекав речиси година и пол за да дојдам тука, работев напорно и се трудев најдобро што можам да бидам во најдобра можна форма“, рече Естевао.
Последниот натпревар на Естевао за Палмеирас беше против Челзи во четвртфиналето на Светското клупско првенство, кога постигна гол во поразот од 2:1.
Бразилскиот фудбалер дебитираше за сениорската репрезентација во септември минатата година, за која одигра пет натпревари.
На 17 август, Челзи ќе игра против Кристал Палас во првото коло од Премиер лигата.
Спорт
Астон Вила се засили со напаѓач на Ница

Астон Вила одлучи да доведе нов напаѓач, изборот на клубот е Еван Гесан.
Напаѓачот на Ница, кој има 24 години, е роден во Франција, по потекло од Брегот на Слоновата Коска.
Одиграл 109 натпревари за Ница, постигнал 21 гол и забележал 15 асистенции, но тоа не ги покажува сите негови вредности, бидејќи може да игра на сите позиции во нападот.
Вакво засилување му беше многу потребно на Унаи Емери, бидејќи Астон Вила не ги откупи договорите на Маркус Рашфорд и Марко Асенсио.
На Астон Вила очајно ѝ е потребна силна напаѓачка ротација, под услов Оли Воткинс даостане. Воткинс, според англиските медиуми е цел на Манчестер јунајтед и Њукасл. Неговата иднина зависи од одлуката на Бенјамин Шешко, за чии услуги исто така интерес покажуваат споменатите клубови.
Фото/ Принскрин
Спорт
(Видео) Карабаг ја победи Шкендија, ВАР пенал им пресуди на македонските шампиони

Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Фудбалерите на Шкендија, прв пат се порзени сезонава во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите. Вечерва во Скопје, Шкендија загуби од Карабаг 0:1.
Клучниот момент се случи во 16.минута, кога по несмасниот старт на Вебстер врз Андраде, ВАР ја смени одлуката на главниот судија и гостите од Азербејџан добија пенал.
Најстрогата казна ја реализира Бајрамов.
Во првиот дел Карабаг имаше уште две добри шанси, а по голот на Карабаг два пати се закани капитенот на Шкендија, Ибраими.
Во второто полувреме во главните улоги беа голманите Геје и Кохалски, кои не дозволија публиката да види барем уште еден гол. Најдобрите шанси ги имаа Ибраими во 87.минута, од чиста позиција лошо биеше и Кохалски лесно го одбрани неговиот удар, а две минути подоцна Геје брилијантно го одбрани ударот на Зубир.
Реваншот на програмата е за седум дена во Баку. Победникот во плеј-офот ќе игра против Лудогорец или Ференцварош.
!function(r,u,m,b,l,e){r._Rumble=b,r[b]||(r[b]=function(){(r[b]._=r[b]._||[]).push(arguments);if(r[b]._.length==1){l=u.createElement(m),e=u.getElementsByTagName(m)[0],l.async=1,l.src=”https://rumble.com/embedJS/u4″+(arguments[1].video?’.’+arguments[1].video:”)+”/?url=”+encodeURIComponent(location.href)+”&args=”+encodeURIComponent(JSON.stringify([].slice.apply(arguments))),e.parentNode.insertBefore(l,e)}})}(window, document, “script”, “Rumble”);
Rumble(“play”, {“video”:”v6uzljk”,”div”:”rumble_v6uzljk”});