Спорт
Боатенг на поранешната девојка мора да ѝ плати 1,2 милион евра
Фудбалерот на Олимпик Лион, Џером Боатенг (34) се спаси од затворска казна. Боатенг заврши на суд, откако поранешната девојка го обвини дека и нанел тешки телесни повреди.
Светскиот првак со Германија и освојувач на Лигата на шампионите со Баерн Минхен, можеше да добие затворска казна од три до пет години. Сепак се извлече со парична казна. На поранешната девојка ќе траба да и плати 1.200.000 евра.
Сепак, на крајот жалбата на поранешниот играч на Баерн беше делумно прифатена, а тој ја избегна најлошата можна казна. Поранешната девојка на Боатенг, Шерин Сенлер изнесе шокантни обвинувања пред судот во Минхен, тврдејќи дека фудбалерот „ја гризнал, ја плукнал крвта по нејзиното лице и ја удрил во бубрегот толку силно што едвај можела да дише“.
Боатенг зад себе има фантастична кариера, а моментално е член на францускиот клуб Лион со кој има договор до јуни 2023 година. За германската репрезентација забележа вкупно 76 настапи и постигна еден гол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Олимпијакос ја освои Конференциската лига – Ел Каби во 116.минута и пресуди на Фиорентина
Фудбалерите на Олимпијакос ја освоија титулата во Конференциската лига. Во финалето на стадионот на АЕК во Атина, Олимпијакос ја победи Фиорентина со 1:0, со голот на Ел Каби во 116.минута.
Финалето во третото според квалитет натпреварување на УЕФА донесе тактичко надмудрување на Виченцо Италијано и Хосе Луис Мендилибар. Во регуларниот имаше неколку шанси на двете, но резултатото остана 0:0.
Првото продолжение им припадна на црвено-белите, Јоветиќ имаше добра шанса, но Терачано одбрани. Играчите на Фиорентина беа покатвни во второто продолжение, но таквата игра не им даде резултат.
Клучниот момент се случи во 116.минута кога нафрли Орта, а Ел Каби го издржа дуелот со Раниери и ја испрати топката во голот.
Ел Каби на деврттиот натпревар сезонава во Конференциската лига го постигна 11. гол.
Овој гол на Олимпијакос му ја донсе првата европска титула во клупската историја, додека Фиорентина која лани во финалето доживеа пораз од Вест Хем, го загуби петтото финале во европските купови.
Тренерот на Олимпиајкос, Мендилибар, втора година по ред освојува европски трофеј, минатата сезона со Севилја ја освои Лига Европа.
Спорт
Спектакл во Париз – Швјонтек спаси меч топка па ја победи Осака
Бранителката на титулата на Ролан Гарос, Ига Швјонтек, мина низ пекол во второто коло против поранешната број 1 Наоми Осака. Тенисерката од Полска беше пред елиминација, но на крајот по три часа спектакуларен тенис „Филип Шатрие“ го напушти со високо кренати раце.
Швјонтек ја победи Осака со 7:6, 1:6, 7:5.
Јапонката која во периодот од 2018 до 2022 година освои четири грен слем титули пропушти меч топка во осмиот гем решавачкиот сет.
Швјонтек подобро го започна мечот, прва направи брејк, но Осака откако го врати брејкот дојде и до сет топка. Бранителката на трофејот успеа да се извлече од таа ситуација, да избори тај-брејк во кој ја прегази противничата со 7:1.
Од тој момент на Осака започна да домиира, експресно го доби вториот сет, изедначи на 1:1, а потоа поведе и со 3:0 во третиот сет. Дојде Јапонката и до 5:2, во наредниот гем имаше меч топка и тука застана. Едноставно нејзината игра се распадна, започна да греши, а Швјонтек нанижа пет гема и го заклучи мечот.
Спорт
Македонија СП ќе го почне во Вараждин против Унгарија, Гвинеја и Холандија
Фото/ facebook.com/rfmofficia
Ракометната репрезентација на Македонија ги доби противниците на 29. Светско првенство во ракомет. Македонија ќе игра во Д групата во Вараждин против Унгарија, дебитантот Гвинеја и Холандија.
Група А (Хернинг): Германија, Швајцарија, Полска, Чешка
Група Б (Хернинг): Данска, Тунис, Алжир, Италија
Група Ц (Пореч): Австрија, Кувајт, Катар, Франција
Група Д (Вараждин): Унгарија, Гвинеја, Македонија, Холандија
Група Е (Осло): Норвешка, САД, Бразил, Португалија
Група Ф (Осло): Шведска, Чиле, Јапонија, Шпанија
Група Г (Загреб): Словенија, Зеленортски острови, Куба, Исланд
Група Х (Загреб): Хрватска, Бахреин, Аргентина, Египет
Првите три селекции од секоја група одат во вториот круг, каде ќе бидат формирани нови четири групи. Во четвртфиналето ќе се пласираат првите две селекции од секоја од тие четири групи. Од четвртфиналето ќе се игра нокаут систем.
Светското првенство ќе се игра од 12. јануари до 2.февруари 2025 година во Норвешка, Данска и Хрватска.