Спорт
Боксерскиот шампион Спенс со хорор-судир со своето Ферари

Светскиот шампион во велтер категорија, Ерол Спенс Јуниор е во сериозна состојба откако со своето Ферари имал страотен судир во Далас, Тексас. 29-годишниот Спенс бил исфрлен од својот автомобил по судирот на булеварот „Риверфронт“ доцна ноќта во четвртокот.
Фотографиите кои беа објавени покажуваат искршено Ферари, а извештаите велат дека тој е во „сериозна состојба“, но дека неговиот жвиот не е во опасност. Според полицијата во Далас, Ферарито излетало во спротивната лента, неколку пати се превртило и возачот излетал од автомобилот бидејќи немал појас.
Спенс Јуниор последен пат беше во акција во септември, кога го совлада американскиот сонародник Шон Портер на поени за да ја додаде ВБЦ титулата на ИБФ појасот.
UPDATE: Sources tell @CBSDFW Pro boxer ERROL SPENCE JR is the “high-profile man” @Dallaspd says was seriously injured after being ejected from the #Ferrari he was driving during a rollover crash on Riverfront Blvd. He was transported hospital, but expected to survive. #BREAKING pic.twitter.com/JjkCP2OcXz
— Madison Sawyer (@MadisonSawyerTV) October 10, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.