Контакт

Спорт

„Кариоките“ не можат да победат по Копа Америка, само 1-1 со Сенегал (видео)

Објавено пред

Фудбалерите на Бразил одиграа денеска пријателски меч со селекцијата на Сенегал во Сингапур. „Кариоките“ иако во полн состав, одиграа само 1-1 со Сенегалците.

Роберто Фирмињо во 9 минута ги доведе Бразилците во водство, а во последните моменти од првиот дел од пенал изедначи Фамара Диедиу.

На овој меч свој јубилеј славеше Нејмар – 100-ти меч за Бразил. Со ова 27-годишникот стана најмладиот играч на „Кариоките“ на кого ова му успеало.

Откако ја освоија Копа Америка, Бразилците се без победа. Одиграа нерешено со Колумбија, а забележаа пораз со 1-0 од Перу.

Во недела Бразил исто така во Сингапур игра пријателски меч против селекцијата на Нигерија.

Ова се најинтересните моменти од дуелот со Сенегал:

Спорт

Емери би можел да ја преземе Фиорентина

Објавено пред

Унаи Емери се враќа од наредната сезона. Шпанскиот тренер се поврзува со Фиорентина иако за него се заинтересирани и некои други клубови.

Емери реши да земе одмор откако во декември минатата година доби отказ во Арсенал. Во кариерата тој бил тренер на Лорка, Алмерија, Валенсија, Спартак Москва, Севилја и ПСЖ.

Челниците на Фиорентина сметале дека 48 годишникот може да го врати клубот во самиот врв на италијанскиот фудбал.

„Виолетовите“ имаат лоша сезона, во 29 натпревари забележале само седум победи. Во Серија А се наоѓаат на 13 место со 31 бод, само шест повеќе од Лече кој се наоѓа во опасната зона.

Прикажи повеќе...

Спорт

Новата сезона во ЛШ ќе стартува во октомври

Објавено пред

Европската фудбалска унија (УЕФА) потврди дека новата сезона во Лигата на шампините ќе започне на 20 октомври. Поради пандемијата на коронавирусот тековната сезона ќе заврши во август со завршен турнир во Лисабон.

Сезоната 2020/2021 во Лигата на шампионите ќе започне на 20 октомври, а ќе заврши на 9 декември кога ќе бидат одиграни натпреварите од шестото коло во фазата по групи.

УЕФА исто така објави дека нокаут-фазата ќе се игра во стандардните термини, односно ќе започне со осмина-финалните натпревари на 16 февруари 2021 година, четврт-финалната фаза ќе започне на 6 април, а првите полу-финални мечеви ќе се одиграат на 27 и 28 април. Финалниот меч според распоредот ќе се одигра на 29 мај во Истанбул.

Прикажи повеќе...

Спорт

Обамејанг го урна рекордот на Анри

Објавено пред

Пјер-Емерик Обамејанг е фудбалерот кој најбргу успеал да постигне 50 гола во Премиер лигата во дресот на Арсенал. Габонецот на вечната листа ја мина клупската легенда Тиери Анри.

Обамејанг во вчерашната победа на Арсенал над Норич (4:0) постигна два гола и стигна до бројката од 51 го за Арсенал во Премиер лигата. До оваа бројка тој дојде по 79 одиграни натпревари.

На Анри му беа потребни 83 натпревари за да стигне до 50 голови во Премиер лигата.

Со ова свое остварување Обамејанг се искачи на шестото место во историјата на Премиер лигата. Прв на листата е поранешниот напаѓач на Њукасл и Манчестер јунајтед, Енди Кол, кому му биле потребни 65 натпревари за да стигне до 50 голови во најсилната англиска конкуренција.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија5 минути

(Видео) Ангеловска: Резултатите се подобри од очекуваното, економијата почна да закрепнува

„Она што го започнавме на почетокот на оваа ковид криза, а во духот на транспарентноста и отчетноста, односно навремено па...

Македонија1 час

Османи: Процедурите за попис на населението ќе почнат по изборите

Вицепремиерот  Бујар Османи, кој истовремено е висок функционер во ДУИ, најави дека подготовки за спроведување на пописот ќе започнат по...

Македонија2 часа

(Видео) Заев: Се забрзува интеграцијата во ЕУ, да запрат лагите дека сме го изгубиле македонскиот јазик

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција пред Собранието порача дека македонската интеграција во Европската Унија се забрзува, а за...

Свет2 часа

Пресечена пратка за Европа: Запленети 7,5 тони кокаин, вреден 286 милиони долари

Во заедничка акција на полицијата на Колумбија и САД, запленети се 7,5 тони кокаин во вредност од 286 милиони долари,...

Свет2 часа

Трамп се предомисли: Сите треба да носат маски

Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој се противеше на тоа да го покрива лицето во јавноста, рече дека е за тоа...

Македонија3 часа

Со донација на коскена срцевина, македонски дарител му помогна на пациент од Бугарија

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во изминатите два дена било спроведено колекционирање на хематопоетски матични клетки од доброволен...

Свет3 часа

Вооружен напад на рехабилитациски центар во Мексико – 24 убиени

Најмалку 24 луѓе се убиени, а седум се ранети во вооружен напад во нерегистриран центар за лекување зависности од дрога...

Македонија3 часа

Санкционирани 461 лице за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (1/2.07.2020 година) на територијата на целата држава по однос на мерката за неносење лична заштита...

Свет3 часа

По низа грешки, министерот за здравство на Нов Зеланд поднесе оставка и се нарече идиот

Новозеландскиот министер за здравство, Дејвид Кларк, денеска поднесе оставка по низа лични грешки за време на пандемијата на коронавирусот. Кларк...

Свет3 часа

Голема трагедија во рудник во Мјанмар, загинаа најмалку 50 рудари

Најмалку 50 рудари загинаа во одрони во рудник за жад на северот на Мјанмар, соопштија властите. Се претпоставува дека бројот...

Свет3 часа

По два месеци пауза, коронавирусот се врати во Токио

Во Токио се забележани над 100 новозаболени од коронавирус што е најголем број на нови случаи во последните два месеци....

Свет15 часа

Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата за прекин на сите конфликти поради коронавирусот

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно ja усвои резолуцијата со која се бара прекинување на конфликтите низ целиот свет...

Македонија21 час

Нови 120 заболени и четворица починати oд Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија21 час

Ако има потреба ќе бидат воведени рестриктивни мерки, велат Спасовски и Филипче

Ако има потреба ќе бидат препорачани и воведени рестриктивни мерки. Вака техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко...

Македонија21 час

Oколу 900 патници поминале низ двата аеродрома кои денеска беа отворени

Околу 900 патници денеска поминале низ скопскиот и охридскиот аеродром, на првиот ден од нивното отворање, по неколкумесечниот застој поради состојбата...

Македонија22 часа

Независна пратеничка група: Мицкоски кочел закони за да штити криминал поради личен интерес

Мицкоски нé лажеше дека се грижи што ќе се уништи партијата, а имал гајле само за некого, свој личен интерес...

Македонија22 часа

Филипче: Воведовме 7 нови лекови за лицата со ретки болести и во услови на Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со претставници на Здруженијата на лица со ретки болести во нашата земја, при...

Регион24 часа

Граничниот премин Евзони повторно затворен

Граничниот премин Евзони требаше да биде отворен од денес, но сепак, во краток временски период овој граничен премин беше затворен,...

Македонија24 часа

Кривична пријава и државен карантин за синот на починатата кој учествуваше во инцидентот пред „8 Септември“

Обид насилно да се изнесе тело на почината од коронавирус е причината за инцидентот што вчера се случи во болницата...

Економија1 ден

Игротеките бараат поддршка и протоколи за почеток со работа

Три конкретни мерки за што поскоро отворање и почеток со работа предложи Групацијата на забавни, рекреативни и едукативни дејности и...

Досие