Спорт
Брегалница освои бод во Тетово, триумф за Шкупи, Победа го изненади Силекс
Шкендија и Брегалница ремизираа без голови на дербито во Тетово, а најзаслужен за бодот на штипјани беше голманот на гостите Шчекиќ.
Шкупи успеа да слави на гости против Академија Пандев со 0:1, а стрелец на победоносниот гол беше Алберт Дини во 53.минута.
Победа изненади со триумфот на гости (0:3) во Кратово против Силекс. Стомнароски донесе водство за Победа, а во финишот стрелаа Петејчук и Паноски.
На „Автокоманда“, Скопје и Работнички ремизираа без голови.
Вчера, Тиквеш ја совлада Македонија ЃП со убедливи 4:0.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Кубарси го продолжи договорот со Барселона – Откупната клаузула изнесува 500 милиони евра
Младиот шпански фудбалер Пау Кубарси (17) го продолжи договорот со Барселона до 2027 година, објави клубот. Откупната клаузула во договорот изнесува 500 милиони евра.
Пау Кубарси, кој беше вклучен во првиот тим од тренерот Чави Ернандез минатиот јануари, доживеа метеорски подем и се етаблира како стартер практично од своето професионално деби.
Каталонецот беше повикан во шпанската репрезентација по само десет одиграни натпревари во прифесионалната кариера, а веројатно ќе биде и во составот на Шпанија на Европското првенство во Германија.
Спорт
Скариоло го продолжи договорот со Шпанија
Италијанскиот стручњак Серхио Скариоло го продолжи договорот со Кошаркарскиот сојуз на Шпанија. Ќе остане на функцијата селектор до 2028 година.
Скариоло е селектор на Шпанија од 2009 година, со двегодишна пауза од 2013 до 2015 година.
Со репрезентацијата на Шпанија, Скариоло ја освои титулата светски шампион (2019) и четири пати беше европски првак (2009, 2011, 2015 и 2022 година), од ОИ има сребро во 2012 година и бронза во 2016 година.
Кошаркарите на Шпанија се уште не се пласирале на Олимписките игри во Париз. Пласманот ќе се обидат да го обезбедат на квалификацискиот турнир кој од 2 до 7 јули ќе се игра во Валенсија.
Спорт
(Видео) Мазрауи не е во офсајд, Баерн е оштетен
Телвизијата „BeIN“, понуди доказ дека баерн Минхен синоќа е оштетен во полуфиналниот реванш против Реал во Мадрид.
Спорна е ситуацијата во 13.минута од судиското надополнување на времето, кога помошникот на главниот судија, Марчињак, го крена знаменцето поради офсајд. Марчињак се огласи со свиреж и ја прекина акцијата на Баерн во моментот кога Д елихт постигна гол.
„Погрешно е одлукатс да се поништи голот на баерн. Де Лихт е во офсајд, но не учествува во акцијата. Топката доаѓа до Мазрауи кој се враќа назад, Милер ја зема и му додава на Де Лихт кој беше во регуларна позиција. Се огласи Марчињак, порад што ВАР не можеше да се активира“, изјави судискиот експрет на „Марка“, Павел Фернандеш.
Со оваа констатација се согласива и пензионираниот шпански судија Матеу Лахоз.
Телевизијата „BeIN“, ги повлече линиите и покажа дека Мазрауи не бил во недозволена позиција и дека судијата дефинитивно погрешил.
🚨🎥| Here's the video from beIN Sports explaining that Noussair Mazraoui was onside. pic.twitter.com/EDsWukwuRx https://t.co/yfJNV3IsqV
— CentreGoals. (@centregoals) May 9, 2024