Контакт

Спорт

Буфон го менува Касилјас на голот на Порто?

Објавено пред

Италијански „Тутоспорт“ и португалски „Ожого“ денеска излегоа со информација дека еден од најголемите фудбалски голмани на денешницата, Италијанецот Џанлуиџи Буфон, својата кариера ќе ја продолжи во тимот на Порто.

Буфон по само една сезона помината во Париз, во тимот на ПСЖ, реши дека треба да ја смени средината, но не планира да се пензионира од фудбалот иако има 41 година.

Шпекулациите одат од тоа дека трофејниот голман во новата сезона би можело да биде на голот на Парма, Лацио, Џенова, Аталанта, Лион, Фенербахче, но последната информација е дека тој, најверојатно, кариерата ќе ја продолжи во Португалија.

Шпанскиот голман Икер Касилјас, поради проблемите со срцето, најверојатно, ќе ја заврши кариерата, па „змејовите“ сметаат дека Италијанецот би бил негова одлична замена.

Буфон во текот на својата кариера често беше на мегдан со Касилјас, а за него зборуваше само во суперлатив.

epa05809477 FC Porto’s goalkeeper Iker Casillas (2-L) embraces Juventus’ goalkeeper Gianluigi Buffon (2-R) after the UEFA Champions League round of 16, first leg soccer match between FC Porto and Juventus FC at Dragao stadium in Porto, Portugal, 22 February 2017. Juve won 2-0. EPA/JOSE COELHO


©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Рома одби 35 милиони евра од Јуве за Заниоло, но „Старата дама“ е со нов план!

Објавено пред

Италијанска Рома одбила 35 милиони евра од Јувентус за трансфер на младиот играч од средниот ред, Николо Заниоло.

Римјаните сметаат дека понудата на шампионот е премала за 20-годишниот фудбалер иако тој минатото лето дојде од Интер кај „волчицата“ како „кусур“ при трансферот на Раџа Наинголан, пренесува „Газета дело Спорт“.

Јуве не се поколебал, па оттаму најавуваат дека подготвуваат нова понуда за фудбалерот.

Јуве игра на картата дека Рома мора до 30 јуни годинава да има приход од 45 милиони евра поради правилата за фер-плеј, а до сега „волчицата“ заработила само 3 милиони со заминувањето на Езекиел Понси во московски Спартак.

Младиот репрезентативец на Италија минатата сезона воодушеви со партиите за Рома. Постигна 6 гола на 36 меча во Серија А.

Прикажи повеќе...

Спорт

Топ 10 забивања во Евролигата за сезоната 2018/2019 (видео)

Објавено пред

Кошаркарската Евролига објави видео со десетте најатрактивни забивања во сезоната што заврши.

На првото место на престижната листа се најде Вил Клајбурн кој монструозно го заби баскетот во обрачот преку противничкиот играч Валтер Таварес, на фајнл фоур турнирот што годинава се одржа во Виторија, Шпанија.

Погледнете и уживајте:

Прикажи повеќе...

Спорт

Димитроски нов играч на Вардар

Објавено пред

Репрезентативецот на Македонија, Димитар Димитриоски (21) е нов член на РК Вардар, со европскиот првак тој потпишал двегодишен договор. Во новата сезона Димитриоски ќе му прави друштво на левата крилна позиција на Тимур Дибиров. доаѓањето на Димитриоски клубот продолжи со засилувањето и подмладувањето на тимот во добрана на европската титула.

Димитриоски во изминатите пет сезони го носеше дресот на Металург. Тој сезонава го освои Купот на Македонија, а играше и во СЕХА лигата и Лигата на шампионите. Димитриоски беше планиран за настап и на последното СП 2019 година, но поради повреда на последниот тренинг пред тргнување отпадна од комбинација.

Ги Во кариерата овој играч ги минал сите младински селекции во националниот тим.

фото/rkvardar.mk

Прикажи повеќе...

Најново

Економија1 час

Во Љуботен запленети над 12 тони тутун, нелегално се увезувал од сите соседни земји

Над 12 тони тутун е одземен од жителите на Љуботен по спроведената акција во селото. Нема уапсени, бидејќи истрагата не...

Македонија2 часа

Дураки поднесе оставка: Моето раководење ќе остави траен белег во заштитата на животната средина

Садула Дураки поднесе оставка на функцијата министер за животна средина и просторно планирање од причина што е предложен за министер...

Регион4 часа

Ердоган: Ако е потребно, ќе направиме ревизија на владата, но без надворешни притисоци

Не можеме да ги предвидиме пораките на народот и да се оглушиме на нив, истакна денеска турскиот претседател, Реџеп Таип...

Македонија4 часа

Здравствениот инспекторат побара проверка на стручноста на лекарите за смртта на родилката

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) вчера извршил вонреден инспекциски надзори во сите здравствени установи каде што била лекувана родилката од...

Македонија5 часа

(Видео) Арсовски: Советник од ДУИ незаконски гради бетонска база во Охрид

Безвластието и самоволието на локалните шерифи во Охрид е само слика и прилика од владеењето на Зоран Заев и СДСМ,...

Македонија7 часа

Кавадарчани фалсификувале американски долари, обвинение против 12 лица, меѓу кои и вработени во банка

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинителен акт за фалсификување американски долари. Од Обинителството информираат дека обвинението се однесува на 12...

Македонија7 часа

Поднесено е обвинение против Ел Чека

Основното јавно обвинителство Кичево поднесе обвинение против Ел Чека за, како што се наведува, продолжено кривично дело – неовластено прислушување...

Македонија8 часа

Финансиската полиција спроведе акција во скопско Љуботен, жителите вознемирени

Финансиската полиција од утрово спроведува акција во скопското село Љуботен, каде што со помош на припадници на МВР се врши...

Свет10 часа

Иран: САД го затвори патот на дипломатијата засекогаш

Техеран порача дека со воведувањето на нови американски санкции кон ирански претставници значи постојано затворање на патот на дипломатијата меѓу...

Свет10 часа

Русија се враќа во Советот на Европа

Русија доби поддршка од Парламентарното Собрание на Советот на Европа, по неколку години да се врати во тоа тело, пренесе...

Македонија1 ден

Герила акција: Скопските дрвја во синџири

О2 иницијативата во соработка со Институтот за комуникациски студии спроведе герила акција со цел да укаже дека е неопходна слобода на...

Топ1 ден

Две лица се обиделе да запалат кафуле во Лисиче

Синоќа во 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред кафе бар на улицата „Горно Лисиче“ во Скопје две...

Македонија1 ден

Тројца стружани со државни пари точеле гориво во своите приватни возила

Полицијата поднесе кривична пријава против три лица од струшко кои се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување. Од МВР...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Атанасов направи храбар чекор и ѝ кажа „не“ на неработливата и криминална Влада

ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на Петар Атанасов да се повлече од функцијата заменик-министер за образование. „ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на...

Македонија1 ден

Јанкулоска не оди во затвор, Врховен ѝ го прифати барањето за одлагање

Врховниот суд ѝ го прифати барањето на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за одлагање на извршувањето на казната...

Македонија1 ден

Атанасов до Заев: Поднесувам оставка

Заменик-министерот за образование, Петар Атанасов, на „Фејсбук“ му се обрати на премиерот Заев порачувајќи му дека поднесува оставка од функцијата...

Топ1 ден

Камион поклопи маж при истовар на стока

Педесет и седумгодишен маж од село Скудриње вчера почина кога бил поклопен од неговиот камион ТАМ. Несреќата се случила кога...

Регион1 ден

Напнато на Медитеранот, грчките воени сили во состојба на готовност

Грчките вооружени сили се во состојба на готовност поради продолжување на можниот турски провокативен настап на истокот од Медитеранот, пишува...

Регион1 ден

(Видео) Во Банат падна град со големина на тениско топче

Само во Белград во попладневните часови за помалку од еден и пол час падна повеќе дожд од просекот за овој...

Регион1 ден

(Видео) Белград под вода, бликнаа ,,фонтани” на улиците

Невреме проследено со пороен дожд, а во некои места и град со големина на тениски топчиња, го погоди северниот, западниот...

Досие