Спорт
Чеко Перез со јавно извинување до сопругата по бурната забава во Монако

Формула 1 возачот на Ред бул рејсинг, Серхио Перез јавно се извини на својата сопруга Карола Мартинез, откако се појави видео на кое танцува со една жена на забава по неговата победа на Монако ГП трката, велејќи дека се работело за „лоша забава“, која тој „не знаел да ја контролира“.
„Ги видов видеата кои се појавија на социјалнтие мрежи и ја преземам одговорноста. Се работеше за лоша забава која не знаев да ја контролирам. Луѓето кои се блиски до мене ги знаат моите вредности и мојот карактер. За тие кои прашуваат, јас и мојата сопруга сме посилни од било кога. За тие кои сакаат да не повредат им посакувам најдобро. Ви благодарам за љубовта и се извинувам на тие кои ме сакаат бидејќи ваквите видеа не ме претставуваат мене“, вели Перез.
Перез се ожени со Карола во јуни 2018 година и неодамна го доби третото дете, синот Емилио. Нивниот најстар син Серхио Јуниор има четири години, а ќерката Карлота има две.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Никола Серафимов се збогува со Залагерсег, но ќе остане во Унгарија

Maкедонскиот фудбалски репрезентативец Никола Серафимов го напушта Залагерсег, но ќе остане во Унгарија. Тој во наредните денови треба да го реализира трансферот во МОЛ Фехервар.
„Сакам да кажам – благодарам за сè! Ова беше прекрасна авантура со одлични соиграчи, тренерски штаб и навивачи. Имам најубави спомени и ви посакувам среќа во иднина, сега дојде време за разделба“, објави Серафимов за периодот поминат во досегашниот клуб.
Тој имаше одлична сезона во дресот на Залагерсег, одигра 31 натпревар и постигна четири гола.
Спорт
Лука Јовиќ на позајмица во Фиорентина
Српскиот интернационалец Лука Јовиќ го напушта Реал Мадрид и ќе замине на едногодишна позајмица во Фиорентина. Три гола и пет асистенции е ефектот што го постигна Лука Јовиќ во дресот на „кралевите“ на 51 натпревар за клубот. Тоа не го убеди Карло Анчелоти да го задржи на „Сантијаго Бернабеу“.
Шпанскиот гигант го доведе во летото 2019 година во трансфер вреден 63 милиони евра од Ајнтрахт, го врати таму на позајмица, а сега му најде нов клуб за следната сезона.
Реал ќе му исплати половина од годишната плата во Фиорентина, односно три милиони евра. Тосканскиот клуб ќе додаде исто толку. По истекот на позајмицата, Фиорентина нема право да го откупи неговиот договор.
Спорт
Барселона ја зголеми понудата за Левандовски
Барселона ја зголеми понудата до Баерн Минхен за Роберт Левандовски на 40 милиони евра, плус пет милиони евра бонус, објавија германските медиуми. Откако прво понудија 32, а потоа 35 милиони, челниците на каталонскиот клуб уште еднаш ја зголемија понудата.
Според „Билд“, Баерн бара 60 милиони евра за најдобриот светски фудбалер во изборот на ФИФА во последните две години. Неговиот договор со баварскиот клуб истекува следната сезона, кога ќе наполни 34 години.
Трансферот на Левандовски зависи од уште едни преговори. Барселона би можела да го продаде Холанѓанецот Френки де Јонг на Манчестер Јунајтед за 65 милиони евра и на тој начин да добие средства за Левандовски.