Спорт
Давидовски, прв Македонец со победа на ТЦР Европа

Виктор Давидовски испиша историја откако стана првиот Македонец кој остварил победа на ТЦР Европа. Тој ја одбрани пол-позицијата на трката за Големата награда на Франција возејќи совршено и без грешка.
Македонскиот возач досега беше најдобро пласиран како четврти на патеката Пол Рикар, вчера на првата трка заврши како шести, а денеска оствари сензационална победа.
Давидовски стартуваше како прв поради правилото за ротација на првите најдобро дестпласирани во квалификациите. Гаврилов заврши на второто место, Ориола беше третопласиран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Навивачите на Олимпија влетаа на презентацијата на новиот тренер Риера, го сакаат Просинечки

Бесните навивачи на Олимпија Љубљана не дозволија нивниот нов тренер, поранешниот шпански фудбалер Алберт Риера, да ја одржи првата прес-конференција лути на одлуката на клубот да го избрка Роберт Просинечки.
Популарните Greenn Dragons претходно присуствуваа на прес-конференцијата на поранешниот хрватски репрезентативец, кој ја обвини управата на клубот за скандалозно однесување.
„Можеа да кажат дека не знам да работам, но не и дека не сум чесен. Со поголеми лажговци и преваранти никогаш не сум работел, а сум работел со многумина. Апсурден е начинот на кој се води клубот, тоа не би го режирал ниту Алфред Хичкок“, изјави Просинечки по добирањето отказ по само три месеци, а од клубот објавија дека речиси секој ден останувал до 4 часот наутро пиејќи алкохол и играјќи карти.
? ¡¡¡LAMENTABLE!!!
? Los ultras del Olimpija Ljubiljana expulsan a Albert Riera en su presentación como nuevo entrenador del club
? #PartidazoCOPE pic.twitter.com/hbpNG2cO5Q
— El Partidazo de COPE (@partidazocope) July 4, 2022
Спорт
Русија го прати хокеарот што избегнуваше војска на Арктикот, Федерацијата бара објаснување

Руската хокеарска федерација официјално побара објаснување од властите во врска со ситуацијата во која се најде голманот Иван Федотов, кој беше приведен во петокот во Санкт Петербург со обвинение дека се обидува да избегне воена служба по објавувањето на руските медиуми дека тој е пратен на Арктикот.
„Руската хокеарска федерација ја следи ситуацијата со голманот на руската репрезентација Иван Федотов и неговиот воен рок. Федерацијата побара од владините служби да ги разјаснат околностите поврзани со случајот“, вели претседателот на Федерацијата, поранешниот трикратен олимписки шампион Владислав Третјак.
Според новинската агенција ТАСС, хокеарот се наоѓа во Северморск, во областа Мурманск, во арктичкиот регион, и дека може да биде пратен уште на север, на островот Нова Земја. Другите руски медиуми тврдат дека тој ќе остане во пристаништето Северморск до септември по што ќе биде одлучено каде ќе биде пратен.
Ситуацијата може да го чини Федотов НХЛ-кариера откако во мај тој потпиша договор со Филаделфија флаерс по крајот на договорот со ЦСКА Москва, со која ја освои титулата од Гагарин-купот во КХЛ-лигата и беше прогласен за најдобар голман. Федотов беше на голот на руската репрезентација, која освои сребро на Олимпијадата во Пекинг во февруари. Други руски медиуми шпекулираат дека проблемот е направен поради неговиот конфликт со ЦСКА Москва, спортскиот клуб што традиционално е поврзан со руската војска.
Во Русија воената служба е задолжителна за сите од 18 до 27 години.
Спорт
Доминантната Халеп во четврт-финалето на Вимблдон

Шампионката од Вимблдон од 2019 година, Симона Халеп, се пласира во четврт-финалето на гренд слемот доминирајќи против Шпанката Паула Бадоса со 6:1/6:2 за точно еден час покажувајќи дека е една од најсериозните кандидатки за титулата во Лондон.
Романката, која е 16. носителка на турнирот, се појави на централниот терен на Вимблдон првпат по освојувањето на титулата во 2019 година за да доминира против светската тенисерка број 4 од почетокот до крајот. Халеп направи пет брејка во текот на мечот погодувајќи 17 директни победнички топки и правејќи само 9 неизнудени грешки.
„Денеска не бев толку нервозна и беше прекрасно да се вратам на овој терен. Ми недостигаше Вимблдон. Три години се многу. Секогаш е задоволство да се игра тука“, изјави Халеп.
За место во полуфиналето, Халеп ќе се бори со 20. носителка, Американката Аманда Анисимова, која исто така лесно со 6:2/6:3 ја стопира низата од соништата на Французинката Хармони Тан.
Најнеизвесно беше во дуелот помеѓу Австралијката Ајла Томљановиќ и Французинката Ализе Корне, каде што Томљановиќ стигна до 4:6/6:4/6:3 победа за да обезбеди дуел со Казахстанката Елена Рибакова.