Спорт
Де Роси решил да се пензионира

Легендата на Рома, Даниеле де Роси решил да си замине од Бока јуниорс и целосно да се повлече од фудбалот, објавува обично доверливиот извор, италијанскиот фудбалски новинар Џанлука ди Марцио.
Де Роси има договор со Бока јуниорс до јуни 2020 година, но откако пристигна во аргентинскиот клуб го следи малер. 36-годишниот ветеран се мачи со повредите и има само шест одиграни натпревари, а исто така не е омилен кај новиот претседател на клубот, Хуан Рамон Рикелме.
Според Ди Марцио, Де Роси решил да си замине од Бока и да ја сопре кариерата по 622 професионални натпревари за да преземе улога на тренер на Примавера (младинскиот тим) на Рома).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лоши вести за Денвер пред мајсторката во Окалхома

Кошаркарот на Денвер, Арон Гордон, нема да може да игра во седмиот натпревар против Оклахома.
Гордон ја повреди „задњата ложа“ во шестиот натпревар, имаше информации дека може да игра, но од од Денвер потврдија дека нема да настапи против Оклахома, а веројатно е сезоната за него завршена.
„Ќе му бидат потребни неколку недели за да се опорави“, пренесува „EСПН“.
Ова се навистина лоши вести за Нагетс, со оглед на квалитетот и игрите што Гордон ги покажуваше во последно време. Токму Гордон со тројка на девет секунди до крајот го реши победникот во првиот меч против Оклахома.
Во текот на тековната сезона, тој имаше просек од 14,7 поени, 4,8 скока и 3,2 асистенции.
Мајсторката за пласман во финалето на Западот на програмата е вечерва од 21.30 часот во Оклахома.
Спорт
Ферстапен ги победи Норис и Пјастри во Имола

Актуелниот светски првак, Макс Ферстапен победи на трката за Големата награда на Емилија Ромања. Во Имола, Холанѓанеот ја забележа втората победа во сезоната, 65.во кариерата. Инаку трката во Имола беше 400 за Ред Бул во Формула 1.
Ферстапен славеше пред возачите на Мекларен Ландо Норис и лидеот во шампионатот, Оскар Пјастри.
Траката во Имола, ја обележа добриот старт на Ферстапен, лошиот на Пјастри, кој го спречи Џорџ Расел да му ја преземе позицијата на Холанѓанецот, тимските стратегии и излегувањето на возилото за безбедност, на половина од трката во сила беше виртуелното возило за безбедност, откако Естебан Окон го паркираше својот Хас крај патеката, а на 14 кругови до крајот возилото за безбедност се активираше откако откажа Мерцедесот на Андреа Кими Антонели.,
Исто така, трката ја обележаа возачите на Ферари, Луис Хамилтон и Шарл Леклер. Откако имаа ужасни квалификации и трката ја започнаа од 1. и 12.место трката ја завршија како четврти и шести.
Зад Хамилтон се пласираа Александер Албон (Вилијамс), Леклер и Џорџ Расел (Мерцедес). Осми беше Карлос Саинц јуниор во вториот Вилијамс, а првите 10, а воедно и освојувачите на поени, ги комплетираа Исак Хаџар (Рејсинг Булс) и Јуки Цунода (ред Бул).
Осмата трка во сезоната ќе се вози наредниот викедн во Монте Карло.
Спорт
(Видео) Непознат маж се обиде да направи хаос на „Џиро д’Италија“

Непознат маж, според италијанските медиуми, станува збор за 67-годишник, кој со помош на жена се обидел на радикален начин да предизвика прекин на трката Џиро д’Италија.
Велосипедистите возеа од Губи до Сиена во петокот, тоа беше деветтата етапа, но неколку дена претходно, во шестата, споменатиот инцидент се случи на рутата од Потенца до Неапол.
Тука се укажала можноста постариот човек да го спроведе својот луд план, за среќа, и за чудо, сите поминаа без последици.
Целата ситуација беше многу драматична.
Имено, во моментот кога „натрапникот“ со поддршка од жена се обидел да развлече јаже со кое очигледно имал намера да ги собори велосипедистите, покрај него минувале Енцо Палени (Групама-ФДЈ) и Тако ван дер Хорн (Интермах-Ванти), кои за среќа го избегнале најлошото.
Влечењето јаже не беше синхронизирано и нападот не успеа. Сепак, тоа не беше крајот на „перформансот“ на напаѓачот, тој остана на улицата, во меѓувреме извади палестински шал, и како камиказа почна да ја преминува улицата во моментот кога поминуваше пелотонот велосипедисти.
Овој навистина опасен чин беше форма на протест против учеството на израелската компанија „Премиер Тек“ во трката.