Спорт
Дебитантот на Ливерпул, Вилсон трагичар во пенал-драмата со Арсенал
Арсенал успеа да го исфрли Ливерпул во 1/16 финалето од Англискиот лига куп, откако по нерешените 0:0, во пенал серијата, ударот на Хери Вилсон, во својот прв старт за Ливерпул, заврши во рацете на Бернд Лено.
Во регуларните 90 минути, Арсенал имаше подобро прво полувреме, но „црвените“, предводени од новото засилување Диого Жота беа поактивни во второто, но на голот „топчиите“ го имаа супер-солидниот Бернд Лено.
Во другите два меча, премиерлигашите успеаја да загубат од второлигаши. Брентфорд, тимот кој загуби од Фулам во баражот за влез во ПЛ, со 3:0 го елиминираше лондонскиот клуб, додека Астон вила по одличниот старт на сезоната, загуби дома од Стоук со 0:1.
ЕФЛ КУП, 1/16 ФИНАЛЕ
Брентфорд – Фулам 3:0
Астон вила – Стоук 0:1
Ливерпул – Арсенал 0:0, 4:5 пен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Домен Превц го прелета Гармиш Партенкирхен
Домен Превц продолжува да доминира на новогодишната турнеја на Четири скокалници.
По триумфот во Оберстдорф, брилијантниот Словенец го прослави првиот ден од Новата година со победа во Гармиш Партенкирхен.
Првиот скок беше на 143, вториот на 141 метар, доволно за 303,1 бод и уште една убедлива победа. Ова беше негова седма победа оваа сезона.
Втор беше Австриецот Јан Херл, кој освои 287,7 бода, што беше дури 15,5 бода помалку од одличниот Превац.
Неговиот сонародник Стефан Ембахер се искачи на најниското место на подиумот со вкупно 287,1 бод.
Превц убедливо води во генералниот пласман на турнејата, а секако и на Светскиот куп. Следното натпреварување во рамките на Турот се одржува во Инсбрук на 4 јануари.
Foto/ EPA/ANNA SZILAGYI
Domen Prevc show! Słoweniec odlatuje rywalom w Garmisch-Partenkirchen! Kacper Tomasiak na ósmym miejscu! #GaPa #skijumpingfamily #4hills pic.twitter.com/nZKxxGZshb
— Skijumping.pl (@Skijumpingpl) January 1, 2026
Спорт
ТАА би можел да се врати во Премиер лигата и да ги шокира навивачите на Ливерпул
Во последниот ден од 2025 година, некако под радарот мина фудбалски трач што би можел да ја одбележи целата година: Трент Александар-Арнолд би можел да се пресели во Манчестер Јунајтед…
Како што објавува шпанскиот „Фихајес“, „црвените ѓаволи“ се подготвени да ја повторат историјата и преку Мадрид да се засилат со поранешен фудбалер на најголемиот ривал, Ливерпул.
За потсетување, во 2009 година, Мајкл Овен се пресели од Ливерпул во Реал Мадрид, а потоа неколку години подоцна им се придружи на „Црвените ѓаволи“.
„Црвените“ никогаш не му простија, а малку е веројатно дека ќе му простат откако освојувачот на Златната топка неодамна го обвини клубот дека никогаш не се вратил.
Сега Трент би можел да ги следи неговите стапки, наводно Јунајтед е подготвен да плати 40 милиони евра.
🚨 Manchester United are prepared to table a €40M bid for Real Madrid right-back Trent Alexander-Arnold as they explore reinforcements in defence.
Manchester City and Newcastle United are also monitoring the situation, with competition building for the England international’s… pic.twitter.com/hvj23NoN51
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) December 31, 2025
Трент го засили Реал ова лето, но не се етаблираше како прва опција на позицијата десен бек. Тој одигра само 500 минути во 11 натпревари во сите натпреварувања.
Затоа, се очекува разделба, но дали навистина станува збор за заминување во Јунајтед? Истиот извор известува дека Сити и Њукасл ја чекаат својата шанса.
Foto/ depositphotos
Спорт
Нејмар реши за кој клуб каде ќе игра во 2026 година
Бразилскиот фудбалер Нејмар одлучи да остане во Сантос и наскоро ќе го продолжи договорот до крајот на 2026 година, објавија медиумите во Бразил.
На овој начин, Нејмар стави крај на шпекулациите дека ќе се пресели во Саудиска Арабија.
Нејмар, одлучи да игра на сигурно, постојано да биде пред очите на селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, и да му докаже дека заслужува место во репрезентацијата на претстојното Светско првенство играјќи во дресот на Сантос.
Во јануари 2025 година, Нејмар повторно стана член на Сантос, за кој минатата година одигра 28 натпревари и запиша 11 гола и четири асистенции.
Долго време беше повреден, но на крајот од сезоната значително му помогна на Сантос да избори опстанок во најсилниот ранг на бразилскиот фудбал.
Претходно објави дека сака да игра на овогодинешното Светско првенство во САД, Канада и Мексико.
Нејмар дојде во Сантос од Ал Хилал, а претходно играше за Пари Сен Жермен и Барселона.
Foto/ depositphotos

