Контакт

Домашен

Ракометарките повторно поразени од Србија

Објавено пред

Македонската женска ракометна репрезентација го забележа и вториот пораз од селекцијата на Србија. Двете репрезентации, во петокот и саботата, одиграа две контролни среби, од затворен карактер, а по поразот 29:35, во петокот, во саботата македонските репрезентативки загубија 27:43.

Двата контролни натпревари со Србија се дел од подготовките на селекторот Симе Симевски и неговите избранички за бараж двомечот против Шведска, преку кој Македонија ќе се обиде да избори пласман на Светското првенство во Германија. крај/мф/нц

Домашен

(Видео) Пред репрезентативците претставени дресовите за ЕП

Објавено пред

Долгоочекуваниот дрес, со кој македонската фудбалска репрезентација ќе настапува на Европското првенство ова лето, и официјално е претставен.

Фудбалската федерација во видео објавено на социјалните мрежи ги изненади репрезентативците што денеска добија можност да ги видат новите дресови на селекцијата.

Македонија со три дреса ќе отпатува на Европското првенство. Првиот дрес е во бордо боја, вториот е бел со жолто, третиот е во црна, а сивата боја преовладува кај голманската гарнитура.

 

Прикажи повеќе...

Домашен

Трката „Прв до врв“ ќе се одржи на 16 мај во согласност со антиковид-мерките

Објавено пред

По вчерашното олеснување на здравствените мерки, со кои се дозволуваат спортски активности на отворено, „Прв до врв“ – Водно 2021 ќе се одржи во предвидениот термин на 16 мај.

Организаторите на настанот соопштија дека, наместо масовен, ќе се организира старт во бранови, при што ќе се запази мерката за потребно растојание меѓу учесниците. Понатаму, пред трката, за време на стартот и по минувањето на целта, натпреварувачите ќе носат маски. Освен прогласувањето на победниците, по трките не се предвидени дополнителни содржини, односно задржување и групирање на натпреварувачите.

Максималниот број учесници во трките е ограничен на 450 лица.

Пријавувањето за трките во планинско трчање, друмски и планински велосипедизам е сѐ уште отворено преку веб-страницата на организаторот, www.prvdovrv.mk.

Настанот го организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје.

Прикажи повеќе...

Домашен

Македонски маунтинбајк тим по првпат на една од најзначајните етапни трки во светот

Објавено пред

Тимот на велосипедскиот клуб „Енерџи“ од Скопје, Дуња Иванова и Љубиша Кондев, од 20 до 24 април ќе посегне по освојување на предизвикот наречен ,,4 Острови” во Хрватска, етапна трка што се смета за една од најзначајните во светот.

Класифицирана како S1 категорија според Интернационалниот сојуз за велосипедисзам (UCI), претставниците на ВК „Енерџи“ за пет дена ќе поминат околу 270 километри со вкупна елевација од 5.000 метри, минувајќи низ исклучителни технички патеки, сериозни искачувања и предизвикувачки спустови низ островите Крк, Раб, Црес и Лошињ.

,,4 Острови” е уникатен натпревар за лиценцирани велосипедисти на кој досега учествувале претставници од преку 33 земји од светот меѓу кои и професионалната маунтинбајк елита.

Љубиша Кондев е актуелен и повеќегодишен државен првак во планински велосипедизам во Македонија, познат по бројните титули освоени на натпреварите организирани во Словенија, Хрватска, Грција, Србија, Бугарија, Турција, Италија. Кондев е еден од првите Македонци евидентиран на ранг листата на Интернационалниот сојуз за велосипедисзам (UCI) и тренер по велосипедизам со сертификат UCI Level 2.

Дуња Иванова е актуелен државен првак на Македонија во планински велосипедизам, како и во категориите друмско-ридски, хронометар и велокрос.

Подготовките за престојната трка ,,4 Острови” велосипедистите ги вршат под водство на тренерот Дејан Новковски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Македонија на листата на безбедни земји за патување во Австрија

Три балкански држави се најдоа на австриската листа на безбедни земји за патување. Австриското Министерство за здравство ги објави имињата...

Македонија1 час

Атина гневна зошто Заев на „Твитер“ напишал македонска фудбалска репрезентација

Грција го замрзнува ратификувањето на меморандуми за соработка со Северна Македонија поради објава на премиерот Зоран Заев на „Твитер“ за...

Свет3 часа

Најлошото допрва доаѓа, алармантно предупредување на научниците за клима

Недостиг на вода, глад, исчезнување на одредени видови животни и растенија, животот на Земјата, неизбежно ќе се трансформира со климатските...

Свет3 часа

Убијците на Кашоги поминале обука во САД, одобрена од Владата

Четворица Саудијци кои учествуваа во убиството на новинарот на „Вашингтон пост“, Џамал Кашоги во Истанбул во 2018 година, поминале обука...

Македонија16 часа

Владата одлучи дека компаниите за превоз можат да возат со полни автобуси

Владата на денешната седница ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се одобри превоз на патници, со максимален...

Македонија17 часа

Влада: Ахмети не разговарал со СДСМ и Заев за промена на знамето, грбот или химната

Ниту во Владата, ниту во владејачката партија СДСМ, ниту со премиерот Заев не е разговарано за промена на знаме, грб...

Македонија18 часа

Бугарија не ја трга блокадата за Македонија, но го пофали прогресот на Албанија

Бугарија го потврди својот став за европската перспектива на Република Северна Македонија на денешниот редовен состанок на Советот за општи...

Македонија20 часа

13 нови случаи на Ковид-19, починати нема

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.952 тестирања, а регистрирани се 13 нови случаи на...

Македонија1 ден

И во кризната 2020 година општините потрошиле на тендери исто колку и во 2019 година, лидер е Град Скопје

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави Базата на податоци за јавни набавки на општините во 2020 година според која...

Македонија1 ден

Филипче очекува до крајот на летото да постигнеме колективен имунитет

Министерот за здравство, Венко Филипче очекува до крајот на летото да биде постигнат колективен имунитет. Според планот за имунизација, како...

Свет1 ден

Кубанска вакцина против коронавирус покажа 92,28 проценти ефикасност

Кандидатот за вакцина „Абдала“ против коронавирус, изработена од Куба, која е и прва што се развива во Латинска Америка, покажа...

Свет1 ден

(Видео) Предградие во Чикаго погодено од торнадо

Торнадо погоди густо предградие на Чикаго, оштетувајќи повеќе од 100 куќи. Невремето собори десетици дрвја, а на некои места електричната...

Македонија1 ден

Палмер: Важно е да се забрза пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ

Важно е да се забрза пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија, изјави заменик помошникот државен секретар за европски и...

Свет1 ден

СЗО: Половина од сиромашните земји немаат доволно вакцини

Повеќе од половина од посиромашните земји во светот кои примаат вакцини против коронавирус преку програмата за размена „Ковакс“ немаат доволно...

Спорт2 дена

Пандев: Не може ништо да се спореди со овој свет дрес

Горан Пандев заминува од македонската репрезентација, како рекордер со 122 настапи и 38 гола, со остварено ветување за пласман на...

Спорт2 дена

ЕУРО 2020 заврши за Македонија, Холандија и Австрија во осминафиналето

Македонија со 0:3 пораз од Холандија го заврши историскиот настап на ЕУРО 2020, во меч кој носеше големи емоции за...

Спорт2 дена

Моменти за солзи – цела Амстердам арена со поздрав за Пандев

Горан Пандев имаше емотивно збогување со националниот дрес, откако селекторот Игор Ангеловски реши да го повлече од игра во 68....

Македонија2 дена

Нема најава за нови рестрикции по вториот случај на индиски вид во Македонија

Во текот на вчерашниот ден во Македонија беше детектиран и вториот случај на индискиот вид на коронавирусот, но засега нема...

Економија2 дена

Се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Европа2 дена

Рекорден дневен број на заразени со Ковид-19 во Москва

Бројот на новоинфицирани oд коронавирус во руската престолнина Москва и нејзината област во изминатите 24 часа достигнал 1.800, што е...

Досие