Црна хроника
Домашен притвор за возачот што прегази девојче
Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка поднесе Предлог за определување на мерки за претпазливост по добиената кривична пријава против возачот на камионот кој вчера удри во 11 годишно девојче, во момент кога тоа се обидувало да ја премине улицата.
Обвинителството предложи забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.
Судија на претходна постапка го уважи предлогот на јавниот обвинител и со Решение ги определи предложените мерки за претпазливост.
Возачот се товари за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно чл.300 ст.4 вв чл.297 ст.3 од Кривичниот законик.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје, вчера изврши увид на местото на трагичниот настан. При увидот заради првично утврдување на причините, по наредба на јавниот обвинител на местото на настанот се повикани судски обдуцент и овластен судски вештак за сообраќај. Во исто време, надлежниот јавен обвинител издаде низа наредби – за анализа на крв и урина на учесниците во сообраќајната незгода, за утврдување на биолошки и други механички траги останати на возилото, фотографирање на местоположбата на возилото и жртвата, како и Наредба за вонреден технички преглед на камионот и Наредба за обдукција на починатото лице заради утврдување на причините на смртта.
Несреќата се случи вчера попладне околу 15 часот и 30 минути, на пешачки премин, на раскрсницата меѓу улиците „Адолф Циборовски“, „Ангел Динев“ и „Стефан Филиповиќ“, во скопската населба Хром. Лекарите од брзата помош констатирале смрт на лице место. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
21-годишник од Берово користел туѓа дебитна картичка за свои потреби
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б.З.(21) од Берово.
Тој според полицијата се сомничи за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Во периодот од 03.06. до 11.06.2024, пријавениот во повеќе наврати користел дебитна картичка на друго лице и вршел плаќања за свои потреби.
Црна хроника
Внук ја истепал баба му и украл пари
СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.О.(30) од Гостивар.
Тој се сомничи поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.
Имено на 21.09.2024, пријавениот со употреба на сила влегол во домот на неговата баба, физички ја нападнал и ѝ одзел пари.
Топ
Во затворот Идризово претепан и силуван осуденик
Синоќа во 23.27 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Идризово било пријавено дека осуденикот М.А.(31) физички нападнал 40-годишен осуденик, по што извршил обљуба врз него, соопшти полицијата.
Според надлежните, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.