Црна хроника
Домашен притвор за возачот што прегази девојче
Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка поднесе Предлог за определување на мерки за претпазливост по добиената кривична пријава против возачот на камионот кој вчера удри во 11 годишно девојче, во момент кога тоа се обидувало да ја премине улицата.
Обвинителството предложи забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.
Судија на претходна постапка го уважи предлогот на јавниот обвинител и со Решение ги определи предложените мерки за претпазливост.
Возачот се товари за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно чл.300 ст.4 вв чл.297 ст.3 од Кривичниот законик.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје, вчера изврши увид на местото на трагичниот настан. При увидот заради првично утврдување на причините, по наредба на јавниот обвинител на местото на настанот се повикани судски обдуцент и овластен судски вештак за сообраќај. Во исто време, надлежниот јавен обвинител издаде низа наредби – за анализа на крв и урина на учесниците во сообраќајната незгода, за утврдување на биолошки и други механички траги останати на возилото, фотографирање на местоположбата на возилото и жртвата, како и Наредба за вонреден технички преглед на камионот и Наредба за обдукција на починатото лице заради утврдување на причините на смртта.
Несреќата се случи вчера попладне околу 15 часот и 30 минути, на пешачки премин, на раскрсницата меѓу улиците „Адолф Циборовски“, „Ангел Динев“ и „Стефан Филиповиќ“, во скопската населба Хром. Лекарите од брзата помош констатирале смрт на лице место. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична пријава за битолчанец, при претрес кај него пронајдени дрога и муниција
Полицијата до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против К.Т.(29) од овој град поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи.
Пријавениот во повеќе наврати продавал марихуана и амфетамин на други лица од Битола, а при претрес во неговиот дом, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана, пет проектили од муниција за пушки, како и модели од автоматски оружја.
Црна хроника
Автобус и автомобил се судрија во Скопје, настрада пешак
Синоќа на булеварот Никола Карев во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил управуван од З.С.(27) од Скопје и автобус управуван од Т.М.(65).
„Во несреќата била удрена и 26-годишната Е.Ф. од Скопје, која улицата ја минувала како пешак. Таа се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена на Комплексот клиники Мајка Тереза во Скопје“, објави МВР.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Мотоциклист паднал избегнувајќи возило што престигнувало, МВР го бара возачот што не застанал да му помогне
МВР трага по возач кој не пружил помош на повреден мотоциклист во Охрид.
Според информациите од полицијата, до несреќата дошло вчера на булеварот „Јане Сандански.
„З.Ц.(60) од Охрид, управувајќи мопед „пежо“ со охридски регистарски ознаки, во обид да избегне директен судар со патничко возило, кое претекнувало друго возило, изгубил контрола и паднал на коловоз. Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај презема мерки за пронаоѓање на возачот на патничкото возило кој не застанал да му пружи помош на моторциклистот, туку веднаш го напуштил местото, по што ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.
Извршен бил увид.