Контакт

Црна хроника

Домашен притвор за возачот што прегази девојче

Објавено пред

Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка поднесе Предлог за определување на мерки за претпазливост по добиената кривична пријава против возачот на камионот кој вчера удри во 11 годишно девојче, во момент кога тоа се обидувало да ја премине улицата.

dobivaj vesti na viber

 

 

Обвинителството предложи забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

 

Судија на претходна постапка го уважи предлогот на јавниот обвинител и со Решение ги определи предложените мерки за претпазливост.

Возачот се товари за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно чл.300 ст.4 вв чл.297 ст.3 од Кривичниот законик.

 

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје, вчера изврши увид на местото на трагичниот настан. При увидот заради првично утврдување на причините, по наредба на јавниот обвинител на местото на настанот се повикани судски обдуцент и овластен судски вештак за сообраќај. Во исто време, надлежниот јавен обвинител издаде низа наредби – за анализа на крв и урина на учесниците во сообраќајната незгода, за утврдување на биолошки и други механички траги останати на возилото, фотографирање на местоположбата на возилото и жртвата, како и Наредба за вонреден технички преглед на камионот и Наредба за обдукција на починатото лице заради утврдување на причините на смртта.

 

Несреќата се случи вчера попладне околу 15 часот и 30 минути, на пешачки премин, на раскрсницата меѓу улиците „Адолф Циборовски“, „Ангел Динев“ и „Стефан Филиповиќ“, во скопската населба Хром. Лекарите од брзата помош констатирале смрт на лице место. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

На наплатна рампа Сопот во автомобил е најдена дрога

Објавено пред

Од страна на полициски службеници од БЈБ при МВР денеска на наплатна рампа Сопот, велешко, при преглед на патничко возило „поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од В.А. од Гевгелија и сопатник М.Ж. од Хрватска, биле пронајдени две торби во кои имало вкупно 40 пакувања со растителна материја.

dobivaj vesti na viber

Како што соопшти МВР, известен е јавен обвинител од ОЈО Велес и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ.

Прикажи повеќе...

Топ

Полицаец пријавил дека му го украле службениот пиштол со рамка и 13 куршуми

Објавено пред

Вчера во осум часот во ОВР – Крушево, М.Х., на возраст од 38 години од овој град, вработен како полициски службеник во ОВР – Крушево, пријавил дека во временскиот период од 31.10.2024 до 01.03.2025 од страна на непознат сторител од металниот шкаф, што пријавителот го користел за сместување на опремата и службеното оружје, во просториите на ОВР – Крушево, му бил одземен службениот пиштол со рамка каде имало 13 куршуми.

dobivaj vesti na viber

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Се тепале поради должничко-доверителски односи

Објавено пред

Синоќа во 23:30 часот во СВР – Скопје, И.Н., на возраст од 32 години од село Крушопек, скопско, пријавил дека околу 19 часот на подрачјето на Карпош, додека управувал такси возило, поради претходно нерасчистени должничко-доверителски односи, патот му бил попречен од друго возило и бил физички нападнат од Ф.Н. и уште едно лице.

dobivaj vesti na viber

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа49 минути

Лавров: Зеленски се претвори во чист нацист и предавник на Евреите

Украинскиот лидер Володимир Зеленски по доаѓањето на власт се претвори во „чист нацист“ и предавник на Евреите, изјави рускиот министер...

Европа53 минути

(Видео) Зеленски: Подготвен сум да заминам во замена за членство во НАТО

Володомир Зеленски рече дека ќе биде подготвен да замине во замена за членството на Украина во НАТО, навестувајќи дека ќе...

Европа57 минути

Макрон: Предлагаме едномесечен прекин на огнот во Украина

Франција и Велика Британија предлагаат едномесечен прекин на огнот во Украина „во воздух, во море и во енергетската инфраструктура“, изјави...

Европа1 час

(Видео) Украинците погодија руска рафинерија со дронови, предизвикувајќи експлозија и пожар

Пожар избувна во нафтена рафинерија во рускиот град Уфа во федералниот округ Волга по нападите со украински беспилотни летала во...

Свет1 час

(Видео) Почина Австралиецот чија крв спаси повеќе од два милиони бебиња

Џејмс Харисон починал во сон во дом за стари лица во Нов Јужен Велс, Австралија, на 17 февруари, соопшти неговото...

Свет14 часа

Макрон предупреди дека откажувањето на САД од пружање поддршка на Украина би имало катастрофални последници

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека откажувањето на Соединетите американски држави од пружање поддршка на Украина би имало катастрофални последници,...

Свет14 часа

Во тек е клучниот состанок во Лондон, момент кој се случува еднаш во генерација

Стотици луѓе се собраа пред канцеларијата на британскиот премиер Кир Стармер и собирот за поддршка на Украина го почнаа со...

Топ17 часа

Полицаец пријавил дека му го украле службениот пиштол со рамка и 13 куршуми

Вчера во осум часот во ОВР – Крушево, М.Х., на возраст од 38 години од овој град, вработен како полициски...

Свет19 часа

Ватикан соопшти дека папата Франциско е во стабилна здравствена состојба и имал мирна ноќ

Папата Франциско е во стабилна здравствена состојба и имаше мирна ноќ, соопшти денеска Ватикан. „Ноќта беше мирна, папата се уште...

Топ20 часа

Пијан возач удри и тешко повреди 25-годишна битолчанка во Скопје, полицијата го приведе

Во СВР Скопје синоќа било пријавено дека на улицата „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје патничко моторно возило „мерцедес“ со...

Регион24 часа

Саша Поповиќ пред да почине се лекувал во Париз, случајно открил дека е болен кога скршил нога

Саша Поповиќ почина вчера на 70-годишна возраст по тешко боледување. Нецела година Поповиќ се борел со тешката болест, неговото лекување...

Регион1 ден

Почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на „Гранд продукција“

По кратко и тешко боледување денес почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на „Гранд продукција“, еден од највлијателните луѓе...

Свет1 ден

Здравствената состојба на папата Франциско останува стабилна

Здравствената состојба на папата Франциско, кој две недели е во болница поради пневмонија и бронхитис, останува стабилна, соопшти вечерва Ватикан...

Свет2 дена

Зеленски пристигна во Лондон и порача дека американската поддршка е од клучно значење за Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, при пристигнувањето во главниот град на Велика Британија, Лондон, изјави дека американската поддршка е од...

Македонија2 дена

Тошковски тврди дека сообраќајните незгоди со тешки телесни повреди се намалени за околу 30 проценти

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска информираше дека со максимално интензивирање на сите ресурси во изминатите дваесетина дена во...

Свет2 дена

По тензичната средба со Зеленски, Трамп може да ја стопира помошта за Украина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, би можел да ја укине помошта за Украина, тврди неименуван извор од Белата куќа за...

Топ2 дена

Возач со автомобил побегна откако удри и тешко повреди дете во Тетово

Малолетник е тешко повреден откако во него удрило патничко возило на кружен тек во Тетово. По сообраќајката возачот побегнал. Министерството...

Македонија2 дена

Митко и Катерина Дрвошанови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал

Митко и Катерина Дрвошанови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал на синоќешниот маскенбал што се одржа во...

Свет2 дена

Зеленски му одговори на сенаторот Греам: Само народот на Украина одлучува за мојата оставка

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека единствено украинскиот народ може да одлучи за неговата оставка. Неговата реакција дојде по...

Свет3 дена

Посетата на Зеленски е прекината: Трамп: Тој ги навреди САД

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа е прекината. Извор од Белата куќа...