Црна хроника
Домашен притвор за возачот што прегази девојче
Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка поднесе Предлог за определување на мерки за претпазливост по добиената кривична пријава против возачот на камионот кој вчера удри во 11 годишно девојче, во момент кога тоа се обидувало да ја премине улицата.
Обвинителството предложи забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.
Судија на претходна постапка го уважи предлогот на јавниот обвинител и со Решение ги определи предложените мерки за претпазливост.
Возачот се товари за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно чл.300 ст.4 вв чл.297 ст.3 од Кривичниот законик.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје, вчера изврши увид на местото на трагичниот настан. При увидот заради првично утврдување на причините, по наредба на јавниот обвинител на местото на настанот се повикани судски обдуцент и овластен судски вештак за сообраќај. Во исто време, надлежниот јавен обвинител издаде низа наредби – за анализа на крв и урина на учесниците во сообраќајната незгода, за утврдување на биолошки и други механички траги останати на возилото, фотографирање на местоположбата на возилото и жртвата, како и Наредба за вонреден технички преглед на камионот и Наредба за обдукција на починатото лице заради утврдување на причините на смртта.
Несреќата се случи вчера попладне околу 15 часот и 30 минути, на пешачки премин, на раскрсницата меѓу улиците „Адолф Циборовски“, „Ангел Динев“ и „Стефан Филиповиќ“, во скопската населба Хром. Лекарите од брзата помош констатирале смрт на лице место. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Еден загинат во сообраќајна незгода кај Крива Паланка: возилото излетало од пат и се превртело
Едно лице го загубило животот во сообраќајна несреќа на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, кога автомобилот „фолксваген голф“ излетал надвор од патот и се превртел, извести СВР Куманово.
Според информациите од полицијата во Куманово, незгодата се случила околу 14 часот.
Во несреќата сопатникот починал на лице место, додека со повреди се здобиле возачот и уште едно лице, додаваат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Црна хроника
Уапсен е 24-годишник, силувал малолетничка од валандовско село
Вчера во 14 часот во радовишкото село Прналија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода М.Е.(24) од село Прналија, кој се сомничи дека на 22.01.2025 во валандовско извршил обљуба врз малолетничка од валандовско село.
Лицето било задржано во полициска станица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишно момче пронајдено починато во својата соба
Вчера во 18.00 часот во СВР Тетово Б.С.(48) од село Голема Речица, пријавил дека во нивната семејна куќа, поточно во неговата соба, го затекнал неговиот син Х.С.(20) без знаци на живот.
Доктор од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги од насилство.
Увид на лице место извршила екипа при СВР Тетово во содејство со јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било пренесено во Клиничка болница Тетово на обдукција.