Црна хроника
Домашен притвор за возачот што прегази девојче
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/kamion-vlae.jpg)
Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка поднесе Предлог за определување на мерки за претпазливост по добиената кривична пријава против возачот на камионот кој вчера удри во 11 годишно девојче, во момент кога тоа се обидувало да ја премине улицата.
Обвинителството предложи забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.
Судија на претходна постапка го уважи предлогот на јавниот обвинител и со Решение ги определи предложените мерки за претпазливост.
Возачот се товари за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно чл.300 ст.4 вв чл.297 ст.3 од Кривичниот законик.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје, вчера изврши увид на местото на трагичниот настан. При увидот заради првично утврдување на причините, по наредба на јавниот обвинител на местото на настанот се повикани судски обдуцент и овластен судски вештак за сообраќај. Во исто време, надлежниот јавен обвинител издаде низа наредби – за анализа на крв и урина на учесниците во сообраќајната незгода, за утврдување на биолошки и други механички траги останати на возилото, фотографирање на местоположбата на возилото и жртвата, како и Наредба за вонреден технички преглед на камионот и Наредба за обдукција на починатото лице заради утврдување на причините на смртта.
Несреќата се случи вчера попладне околу 15 часот и 30 минути, на пешачки премин, на раскрсницата меѓу улиците „Адолф Циборовски“, „Ангел Динев“ и „Стефан Филиповиќ“, во скопската населба Хром. Лекарите од брзата помош констатирале смрт на лице место. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
Тепачка во КПУ „Затвор Скопје“: претепан затвореник од Пакистан
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/zatvor-policija...jpg)
Денеска во 00.30 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Скопје било пријавено дека на 27.06.2024 околу 22.40 часот во установата А.Т.(37) физички го нападнал Ш.Х.(34) од Пакистан (двајцата притворени лица).
Ш.Х. се здобил со телесни повреди констатирани од страна на лекар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Штипјанец ја претепал мајка му и искршил дел од покуќнината
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/policija-1.jpg)
Утрово во 00.00 часот во Штип, полициски службеници при СВР Штип го лишиле од слобода Г.А.(38) од Штип.
Тој на 27.06.2024 околу 15.30 часот во семејниот дом во Штип физички ја нападнал својата 63-годишна мајка, а потоа и упатувал закани и кршел дел од покуќнината.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.
Топ
Ги силувал неговите ќерки: уапсен 36-годишен маж од Прилепско
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/01/apsenje.jpg)
Вчера во 17.15 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.Р. (36) од прилепско село.
Полицијата постапила по претходна пријава од малолетничка од прилепско село, која во присуство на социјален работник и нејзината мајка пријавила дека во временскиот период од 2021 година до вчера нејзиниот татко А.Р. неколку пати извршил обљуба врз неа и нејзината сестра.
МВР соопшти дека е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.