Црна хроника
Домашен притвор за возачот што прегази девојче
Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка поднесе Предлог за определување на мерки за претпазливост по добиената кривична пријава против возачот на камионот кој вчера удри во 11 годишно девојче, во момент кога тоа се обидувало да ја премине улицата.
Обвинителството предложи забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.
Судија на претходна постапка го уважи предлогот на јавниот обвинител и со Решение ги определи предложените мерки за претпазливост.
Возачот се товари за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно чл.300 ст.4 вв чл.297 ст.3 од Кривичниот законик.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје, вчера изврши увид на местото на трагичниот настан. При увидот заради првично утврдување на причините, по наредба на јавниот обвинител на местото на настанот се повикани судски обдуцент и овластен судски вештак за сообраќај. Во исто време, надлежниот јавен обвинител издаде низа наредби – за анализа на крв и урина на учесниците во сообраќајната незгода, за утврдување на биолошки и други механички траги останати на возилото, фотографирање на местоположбата на возилото и жртвата, како и Наредба за вонреден технички преглед на камионот и Наредба за обдукција на починатото лице заради утврдување на причините на смртта.
Несреќата се случи вчера попладне околу 15 часот и 30 минути, на пешачки премин, на раскрсницата меѓу улиците „Адолф Циборовски“, „Ангел Динев“ и „Стефан Филиповиќ“, во скопската населба Хром. Лекарите од брзата помош констатирале смрт на лице место. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Автоматска пушка и куршуми најдени при претрес во домот на 20-годишен скопјанец
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Е.В.(20) од Скопје поради неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
На 23.01.2025, со судска наредба, бил извршен претрес во просториите кои што ги користи пријавениот, при што биле пронајдени и одземени автоматска пушка „АК-47“ со калибар 7.62х39мм, две рамки за пушката и 30 куршуми за пушката калибар 7.62х39мм.
Црна хроника
Тешко повредено лице од Косово во сообраќајка кај Градско
На регионалниот пат Велес-Градско, во близина на клучка Караслари, вчера се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(28) од с.Ваташа, кавадаречко и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.У.(61) од Косово. В
о несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „фолксваген поло“, додека со повреди се здобил неговиот сопатник П.К.(60) од с.Долно Соње, општина Сопиште, констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Автомобил удри во жена на Бутелска, префрлена е во болница
Жена била удрена од автомобил на улицата Бутелска во Скопје во текот на вчерашниот ден.
„Автомобил ‘рено твинго’ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.П.(47) од Скопје, удрил во М.Н.(66) од Скопје“, информираа од МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Н., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид.