Црна хроника
Домашен притвор за возачот што прегази девојче

Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка поднесе Предлог за определување на мерки за претпазливост по добиената кривична пријава против возачот на камионот кој вчера удри во 11 годишно девојче, во момент кога тоа се обидувало да ја премине улицата.
Обвинителството предложи забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.
Судија на претходна постапка го уважи предлогот на јавниот обвинител и со Решение ги определи предложените мерки за претпазливост.
Возачот се товари за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно чл.300 ст.4 вв чл.297 ст.3 од Кривичниот законик.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје, вчера изврши увид на местото на трагичниот настан. При увидот заради првично утврдување на причините, по наредба на јавниот обвинител на местото на настанот се повикани судски обдуцент и овластен судски вештак за сообраќај. Во исто време, надлежниот јавен обвинител издаде низа наредби – за анализа на крв и урина на учесниците во сообраќајната незгода, за утврдување на биолошки и други механички траги останати на возилото, фотографирање на местоположбата на возилото и жртвата, како и Наредба за вонреден технички преглед на камионот и Наредба за обдукција на починатото лице заради утврдување на причините на смртта.
Несреќата се случи вчера попладне околу 15 часот и 30 минути, на пешачки премин, на раскрсницата меѓу улиците „Адолф Циборовски“, „Ангел Динев“ и „Стефан Филиповиќ“, во скопската населба Хром. Лекарите од брзата помош констатирале смрт на лице место. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Со украдена пушка пукал кон деца и се обидел да застрела полицајци – во Василево уапсен 29-годишник

Битолската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишниот Г.П. од селото Ангелци, општина Василево, кој се обид зсомничи за две кривични дела „убиство во обид“, три „тешки кражби“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје“.
Според полицијата, во периодот од 2 до 7 јули годинава, Г.П. извршил низа кражби во викенд куќи во битолско – влегол во два објекти во село Крклино, при што не украл ништо, но направил материјална штета. Во село Долно Српци, насилно влегол во куќа и украл ловечка пушка и гориво.
На 7 јули, користејќи ја истата пушка, пукал кон три лица – 22-годишно момче и двајца малолетници на 15 и 16 години. Подоцна, при обид да побегне, во близина на селото Вашарејца се обидел да пука и кон полициски службеници, но не успеал. Полицијата возвратила и го погодила во ногата, по што бил приведен.
Против него е поведена постапка, а истрагата продолжува.
Црна хроника
Претрес во Кичево, пронајдена дрога, двајца уапсени

Вчера во 17 часот во Кичево, полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево ги лишиле од слобода 30-годишниот Е.П. и 60-годишниот А.П. од Кичево.
При претрес во нивниот дом, извршен по наредба од Основен суд Кичево, во куќата биле пронајдени и одземени една ќесичка со бела прашкаста материја и вага. Додека, во шахта пред домот биле пронајдени и одземени 51 помали пакувања со прашкаста материја и две поголеми најлонски пакувања со бела грутчеста материја.
Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Mлада скопјанка нападната од вонбрачниот партнер и од мајка му

23-годишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била физички нападната во семејниот дом во скопската населба Гази Баба.
Според пријавата поднесена на 16 јули, жената била нападната од мајката на нејзиниот вонбрачен сопруг, Л.Ј. (48). Таа, исто така, навела дека два дена претходно била физички нападната и од самиот вонбрачен сопруг, Ј.Ј. (27), исто така од Скопје.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.