Домашен
Металург убедлив во Норвешка
Ракометарите на Металург, како гости, славеа над Елверум 31:26 (14:9), во седмото коло во Ц групаа, во Лигата на шампионите.
Играчите на Лино Червар речиси одличен меч, а да не беше периодот од 24. до 34.минута кога на ЕЛверум му дозовлија со серија 10:3, да се приближи на гол негатива (15:16), впечатокот ќе беше уште подобар.
Лино Червар го изненади колегата од спротивната страна, најголемиот дел од натпреварот, во нападот, го играше со седуммина во поле, а Норвеѓаните не беа подготвени ниту за Филип Кузмановски кој го одигра својот најдобар меч во досегашниот дел од сезоната.
Отвори Металург со 3:0, потоа ја зголеми предноста на 7:3, што иницираше тај аут на тренерот на ЕЛверум.
Следуваше, потоа уште една серија на Металург за убедлива предност 13:5, во 24.минута. Потоа избраниците на Червар влегоа во непотребна серија на технички грешки и му дозоволија на противникот полувремето да го заврши со негатива од пет гола (14:9).
Вториот дел Елеверум го отвори многу подобро, се доближи на гол негатива (16:15), но Металург не дозволи израмнување, туку ја стабилизира играта и започна да ја опдржува предноста од еден до три гола.
Клучниот удар на противникот Металург му го зададе во последната третина од вторрото полувреме, кога со серија 4:0 се одлепи на недостижни 29:23.
Филип Кузмановски блескаше на овој меч, со девет голови го предводеше Металург, а одличен настап имаше и Немања Обрадовиќ кој шест пати ја погоди мрежата на противникот.
Металург во Норвешка ја запиша треатат победа во Лигата на шампионите, прва на гостински терен и се израмни со Татран Прешов, својот следен противник, на табелата. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.