Домашен
Ангеловски: Ќе го нападнеме Рубин
Фудбалерите на Работнички се подготвени за првиот натпревар со руски Рубин Казан во рамнките на плејоф фазата за пласман во Лига Европа. Преку реномираниот руски клуб ‘романтичарите’ ќе се обидат да го остварат најголемиот клупски успех, но и најголемиот успех на македонскиот фудбал во европските купови, никогаш ниту еден клуб од Македонија не играл во фазата по групи во евро куповите.
„Во Македонија многу ретко сме навикнати некој клуб да стигне во оваа фаза од европските купови. Јас како и пред натпреварот со Трабзон порачувам дека Работнички нема да биде само учесник во овој плејоф, туку нашиот план е да го дадеме максимумот, да одиграме најдобро што можеме и да обезбедиме позитивен резултат во Казањ. Знаеме против каков клуб играме, знаеме дека се фаворити, ги респектираме, но бидете уверени дека ќе дадеме се од себе за да ги победиме“, рече на прес конференцијата тренерот на Работнички Игор Ангеловски.
Предводникот на ‘романтичарите’ се соочува со кадровски проблеми пред значајниот натпревар, суспендирани за првиот меч со Рубин се капитенот Баже Илијоски, Иван Митров и Душко Трајчевски.
„Мојата филозофија отсекогаш била дека тимот секогаш е пред поединецот, тимот може да го надополни секое отсуство. Би сакал, како и секој тренер, да имам што е можно повеќе фудбалери на располагање, но ситуацијата е таква. Против Рубин ќе излеземе со 11 фудбалери, не со осум, тие тројца кои ќе настапат на местата на тие кои се супендирани ја имаат нашата максимална доверба.“
Ангеловски, против рускиот состав кој во своите редови има неколку реномирани фудбалски имиња (Карадениз, Билјатлединов, Рижиков, Карлос Едуардо..), нема да го менува стилот и формацијата. Формациски 4-4-2, агресивно и со висок пресинг Работнички ќе се обиде да стигне до позитивен резултат.
„Нема да менувам ништо во играта, пристапот, формацијата, стилот. Против Рубин ќе играме на исто како што игравме во претходните натпревари, тој рецепт ни носи успеси во изминатите две години. Ние само тој рецепт ќе треба да го примениме на најдобар можен начин, да го извадиме најдоброто од нас и да се обидеме што подобар резултат пред реваншот“, дополни Ангеловски.
Натпреварот помеѓу Работнички и Рубин на арената „Филип Втори“, в четврток, ќе започне во 20 часот. крај/мф/нц
Извор: makfax
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.