Домашен
Антиќ: Инцидентот во Њујорк не влијаеше врз одлуката да се вратам во Европа
Перо Антиќ е еден од најинтересните кошаркари на силниот Меѓународен турнир, кој се одржува во Задар, каде тој учествува со својот нов клуб Фенербахче.
Во Задар за „Јутарњи лист“ тој говори за искуството во НБА лигата и зошто по две успешни сезони ‘преку океанот’ реши да се врати во Европа.Неговата НБА кариера ја одбележа и инцидент со полицијата во Њујорк, кога заедно со соиграчот Табо Сефолоша беше уапсен.„Тоа воопшто не влијаеше на одлуката да се вратам во Европа. Ќе добијам уште еден син и не сакав да бидам раздвоен од семејството. Две години се многу. Ме привлече можноста да работам со Обрадовиќ и да бидам дел од екипа која ќе се бори за европската титула“, рекол Антиќ.Поранешниот македонски репрезентативец го коментира и инцидентот во Њујорк и вели дека со Сефолоша биле во погрешно време на погрешно место.„Во НБА лигата на играчите не им се забраните вечерните излегувања. Табо излезе од автобусот, сакаше на еден скитник да му даде 20 долари и наеднаш полицијата започна брутално да го турка. Јас излегов да видам што се случува, ма тоа беше чист расизам кој владее со Америка. Табо е црнец, а сите полицајци беа белци. Не сакав да го оставам сам, па полицајците ме приведоа и мене. Никогаш не добивме објаснување за нивното однесување. Полицијата таму убива луѓе, а ништо не се случува“, вели Антиќ, дополнувајќи дека за разлика од Сефолоша тој нема да ја тужи њујоршката полиција.Македонецот вели дека и покрај тој настан во Њујорк од НБА лигата носи само убави спомени. „Беше сјајно, не очекував дека ќе играм во просек по 17 минути, дека ќе бидам шести играч. Па ние соборивме неколку клупски рекорди, нешто што не им успеа на легендите пред нас“.Антиќ проговори и за односот со тренерот Баденхолцер и соиграчите.„Можеби ќе се вратам еден ден, баш денес се слушнав со тренерот Бад. Човече со 31 година дојдов во НБА лигата, а тие ми ја дадоа торбата со опремата да ја разнесувам. Ја оставив пред вратата и реков: ‘respect’, но јас имам 31 година и не сум никаков rookie“, рекол Антиќ во интервјуто за загрепскиот „Јутарњи лист“./крај/мф/нц
Извор: jutarnji.hr
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.