Контакт

Домашен

Браќата Симовски повторно шампиони на Beach Volleyball Ohrid

Објавено пред

Со вчерашните финалиња во машка и женска професионална конкуренција, заврши осмото отворено првенство во одбојка на песок Beach Volleyball Ohrid 2014.

dobivaj vesti na viber

 

 

Како реприза на првиот турнир во одбојка на песок во Македонија, кој пред осум години се одржа во Охрид, првите места повторно ги освоија победниците од 2006-тата година.

 

На машкиот турнир најдобри беа браќата Јовица и Дејан Симовски кои во финалето славеа победа над Деан Стојанов и Тони Мојсовски. Третото место го освоија  ланските победници Валон Никчи и Газменд Хусај од Косово.

 

Кај девојките најдобри беа Софка Камиловска и Сандра Георгиевска кои во финалето славеа победа против Уна Карановиќ и Бранислава Тасевска. Третото место им припадна на младите Ана Павлоска и Мартина Исајлоска.

 

Победниците од Охрид ќе поделат награден фонд од две илјади евра. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Домашен

Златна недела за „Алкалоид“

Објавено пред

РК Алкалоид викендов стана шестиот клуб во Македонија кој успеал да освои пехар од националното Куп натпреварување кое брои 32 сезони, вклучително со прекинатата ковид сезона 2019-20.

dobivaj vesti na viber

Зад Алкалоид е златна недела. Почнувајќи од 12 до 19 мај, седум дена во кои пионерите станаа државни прваци, потоа и младинците беа верификувани како шампиони, за конечно и кадетите да го подигнат шампионскиот пехар. Такво нешто во поновата историја му им успеано само на Металург, но немаше ни тие одличја да блеснат вака, ако успехот не беше комплетиран со пехар на сениорскиот тим.

Од улога на трет носител или аутсајдер во однос на двата најпознати колектива, Алкалоид потврди дека Куп е приказна во која непишаните правила важат исто колку и пишаните.

Огромна сатисфакција плус за тренерот/селектор и неколкуте репрезентативци што се градат во овој клуб е успешниот бараж на сениорската репрезентација.

Златна недела е сосема адекватен епитет за ракометниот колектив Алкалоид и уште една успешно штиклирана сезона.
Трета успешна од вкупно три, што е голем предизвик за четвртата.

Но, има и други причини да биде задоволен Алкалоид од наш агол можеби и поважни отколку погледот кон витрината сезонава.

Во Македонија (ова е личен став) има погрешно поставен систем на вредности кога се во прашање резултатите. Речиси сѐ е поставено во служба на резултатот преточен низ бројки и конечниот пласман што служи за задоволување на амбициие, желбите и вкусовите на спонзорите и на локалната јавност и посебните групи на фанови.

Најбрзиот и најефикасниот начин тоа да се постигне е вложување во готови производи во најголем дел странски играчи, надополнета со тоа што колку толку го нуди домашниот пазар.

Секој си го бира својот пат, подвлечено тоа си е клупска политика, но генерално ваквите приказни се успешни додека има пари. Повеќе пари, подобри резултати, но кога парите ќе секнат, а таа чешма кај нас знае брзо да се затвори, не останува ништо.
Примери што ќе го поткрепат ова има доволно, но тоа е тема што е многу обемна и заслужува поголем простор само за себе.

Алкалоид има и повеќе причини да биде задоволен, не само поради шампионските пехари во младинските категории и пехарот во Куп на Македонија.

За само три години овој колектив покажа дека работи по поинаква матрица од споменатиот систем на вредности и во моментов е еден од најдобро организираните ракометни колективи, иако има најмало искуство и логично т.н. детски болести што едноставно мора да се прележат. Но, логистички во сите сфери, Алкалоид е на ниво на европски клуб.

Во прилог е клупската стратегија, определба и решителност да се докаже дека резултати со бројки можат да се постигнат и со домашни ракометари, ако им се даде вистинска шанса, се работи квалитетно и истрајно.
Инвестирање во организација и работа со млади категории, селекцијата и условите уште во првата сезона донесоа пехар, а во третата комплетна доминација.

Може да биде задоволен што ги извади за кратко време на ниво да бидат забележани и од странство играчи како Марко Митев, зад него е Дамјан Митев, новата ѕвезда Иван Галевски итн. Но, ќе чуете многу повеќе уште летово и за браќата Узунчеви, потоа онаа многу добра кадетска екипа со уште еден голман со огромен потенцијал како Ѓорги Николовски, потоа бековите Христијан Гурмешевиќ, Марин Крстевски итн.

Во Македонија системот на вредности, сепак, најмногу се гледа низ резултатите како бројки, а достигнувањата на Алкалоид во организацискиот дел, младите категории итн. немаше да бидат вистински вреднувани доколку во клубот не стигнеше пехар во сениорска конкуренција. За да се заработи респект, треба да се победи и да се освои пехар.

Со победите над Вардар и Е. Пелистер во Куп на Македонија го мина и тоа ниво од играта.

Сега, со нескриена љубопитност и нетрпение чекаме да видиме каков ќе биде нивниот следен чекор. Многу работи зависат од тоа како ќе изгледа следното ниво, не само за клубот, туку и за репрезентацијата и генерално и за целиот ракомет во Македонија.

 

Прикажи повеќе...

Домашен

Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“

Објавено пред

Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.

dobivaj vesti na viber

„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.

Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.

Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.

Прикажи повеќе...

Домашен

(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење

Објавено пред

Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).

dobivaj vesti na viber

Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.

„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.

Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Андоновски до потписот не знаел дека компанијата што добила два тендера во неговото министерство е на сопругот на државната секретарка

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски не ги поништил тендерите за набавка со компанијата сопственост на сопругот на државната секретарка...

Свет30 минути

Кремљ: Русија и САД имаат долг и тежок пат пред нив

Русија верува дека обновувањето на односите со САД е долгорочна и тешка задача, но верува дека постои политичка волја за...

Топ3 часа

Две лица од Ресен и Штип загинаа во сообраќајни несреќи вчера во Македонија

Две лица го загубија животот во одделни сообраќајни незгоди во текот на вчерашниот ден. Првата се случи на магистралниот пат...

Економија3 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе oдлука...

Македонија4 часа

Сиљановска-Давкова ги потпиша указите за отповикување девет амбасадори од должноста

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги потпиша указите со кои се отповикуваат осум амбасадори од должноста бидејќи заминале на тие позиции без...

Македонија6 часа

Пендаровски е озборувач, кој покажа дека е против Америка, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Социјалдемократскиот сојуз си го покажа вистинското лице и на планот на меѓународната политика на државава. Освен нивните аналитичари, сега и...

Македонија6 часа

„Мицкоски и Таравари се препелкаат во лаги – зошто веднаш не ја отфрлаат штетната понуда на ‘Ѓока констракшн’“, прашува СДСМ

„Не е јасно кој повеќе лаже – дали Мицкоски или Таравари – во однос на случајот со паркингот на Клиничкиот...

Свет7 часа

(Видео) Новиот канадски премиер: Трамп ги напаѓа нашите работници и семејства, тоа нема да го дозволиме

Поранешниот гувернер на централната банка Марк Карни победи во трката за лидер на канадската владејачка Либерална партија и ќе го...

Европа8 часа

Европа значително го зголеми увозот на оружје во последните четири години

Европскиот увоз на оружје се зголеми за 155 отсто помеѓу 2020 и 2024 година, при што Украина стана најголемиот увозник...

Свет8 часа

Израелците лути на Американците; Претставникот на Трамп: Навистина не ми е грижа

Пратеникот на Трамп за прашањето за заложниците, Адам Болер, рече дека „навистина не му е грижа“ за критиките од израелскиот...

Свет8 часа

Иран: Ќе преговараме со САД, само без притисок и закани

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи синоќа во објава на социјалната мрежа Икс напиша дека неговата земја ќе преговара...

Свет9 часа

(Видео) Трамп: Украина можеби нема да преживее

Доналд Трамп синоќа изјави дека Украина можеби нема да преживее, со или без Американците. Тој го изјави ова во интервју...

Македонија18 часа

Андоновски најави нови правила за онлајн медиумите

Со измените на Законот за медиуми, кои се во владина процедура и наскоро ќе влезат во собраниска расправа, ќе се...

Топ20 часа

Еден загинат на патот Битола-Ресен

Попладнево на регионалниот пат А3, Битола-Ресен кај местото викано Макази се случи сообраќајна несреќа во која загина 46 – годишен...

Топ22 часа

Нарко-босот Валмир Етеми беше екстрадиран, а сега е пуштен од притвор со гаранција од 600.000 евра

Обвинетиот Валмир Етеми кој е организатор на криминална група за трговија со дрога и оружје во охридско-струшкиот регион, кој беше...

Македонија24 часа

Јанев: Секој возач е потенцијална „жртва“ доколку не ги почитува сообраќајните правила

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, најави дека се размислува за комбинирање на повеќе мерки за подобрување на...

Македонија1 ден

Василевска: ДУИ си вработи луѓе кои не одат на работа, а земаат плата, затоа глумат политичка жртва

Негативната селекција и позитивната дискриминација се два главни проблеми со кои македонското општество мора да се справи доколку сака вистински...

Топ1 ден

„БМВ“ удри во мопед, еден малолетник е тешко повреден, а другиот полесно

Еден малолетник е тешко повреден, додека друг добил полесни повреди откако во нив удрило „бмв“ додека тие биле на мопед....

Регион1 ден

Балканот ќе биде како под вршник, летото ќе биде пеколно, сушно и со екстремни бури

Балканот ова лето ќе се соочи со рекордно високи температури и екстремни временски услови. Долгорочните прогнози најавуваат топло лето и...

Свет1 ден

Во Сирија се случува масакр, над 1.000 лица се убиени за 48 часа

Повеќе од 1.000 луѓе, меѓу кои 745 цивили, се убиени во дводневните судири меѓу сириските безбедносни сили и борците лојални...