Домашен
Червар пред мечот со Вардар: Ова некогаш беше најголемото балканско дерби
Металург и Вардар во среда (20:15 часот) ќе го одиграат вториот меѓусебен дуел оваа сезона, и тоа во рамките на СЕХА лигата. Првиот меч, одигран во септември му припадна на Вардар со 27:21, кој и на оваа пресметка, како што велат од Металург – е фаворит.
Инаку двата тима пред мечот имаат здравствени проблеми, Вугринец и Јоноски се неизвесни за овој меч кај Металург, додека Вардар ќе игра без Лацковиќ и најверојатно Карачиќ.
„Ова до пред неколку месеци беше најголемото дерби на Балканот, но сега работите малку се изменија. Вардар има добар моментум, имаат добри шанси да постигнат добар резултат во Лигата на шампиони. Тоа е противник кој отсекогаш сум го почитувал. Тие во овој момент се наоѓаат во подбра положба од нас, имаат добар тим иако како што разбрав имаат проблеми со повредени играчи, со Лацковиќ и сега со Карачиќ“, рече на прес-конференцијата тренерот на Металург, Лино Червар.
Поради сите проблеми коишто ги има, Червар напомна дека шанса за настап во дербиот ќе добијат и некои од помладите играчи, исклучок е само Нелоски кој на мечот со Мешков ги истегна лигаментите на коленото и кој ќе мора да одмора десетина дена.
„Јоноски има проблеми со зглобот, тој на своја иницијатива играше во саботата против Брест Мешков. Во понеделникот тој воопшто не тренираше, а докторот му препорача дека за него ќе биде добро да го скокне мечот со Вардар. Истот така, не тренираше во понеделникот ниту Вугринец, тој има проблеми со дланката. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите по последниот тренинг, тогаш ќе знаеме со кои играчи ќе му се спротивставиме неа Вардар“, дополни Червар.
По мечот со Вардар, Металург ќе одигра уште две средби во СЕХА лигата, в недела против Веспрем во Скопје и в среда против Раднички во Крагуевац./крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.