Контакт

Домашен

Димевски: Лична желба на поединци е барањето за моја смена

Објавено пред

Претседателот на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) Даниел Димевски, одговори на иницијативата за негова смена. Тој преку соопштение кое е објавено на интернет страницата на МКФ, меѓудругото вели дека зад иницијативата за негова смена стојат одредени поединци.

dobivaj vesti na viber

Инаку иницијативата за свикување на вонредно собрание, која е потпишана од 22 клуба, ја поднесе КК Карпош Соколи . Според Димевски негова смена бараат оние на кои им пречат континуираните успеси на македонската кошарка.

Во продолжение ви го пренесуваме соопштението на Димевски.

Јасно и гласно сакам да го поставам прашањето –  На кого му смета успехот на македонската кошарка?

Смета ли што во континуитет успешно играме на завршниците од последните четири ЕП?

Смета ли што имаме чисти и регуларни првенства каде најдобрите освојуваат титули ?

Смета ли што имаме најинтересна и најквалитетна лига во цел регион?

На кого му смета што МКФ е чиста спортска организација каде нема место за политика?

Поднесеното барање од КК Карпош Соколи го сфаќам како лична желба на поединци, а прилогот за наводна подршка од други клубови за чист фалсификат.

Прилогот е фалсификат од секој аспект.

1. Од формално правен аспект, секоја иницијатива се поднесува на заверен образец од МКФ, со име, презиме,потпис и печат на овластено лице, со утврден идентитет на овластеното лице, како што налага законската процедура и досегашната пракса. Од ова во прилогот нема ништо. Дополнително, подносител не може да биде лице кое е под суспензија на сите функции во МКФ. Така велат прописите.

2. Уште поважно е што прилогот е фалсификат на вистинската воља на клубовите кои на Редовното годишно собрание одржано на 21 Февруари 2015, слободно, јасно и недвосмислено, едногласно изразија целосна подршка на МКФ и претседателот лично, за што ќе посведочат и многубројните медиуми и ценети гости.

Бидејки на писмото стои датум 25 февруари, се прашувам, што се случи во изминатите 4 дена по редовното собрание, да некој клуб  доброволно?!  го сменил ставот?

Одговорот е едноставен:  МЗТ Скопје Аеродром не успеа да го освои Купот на РМ.

Евидентирано и аргументирано е недозволено мешање на моќници од локалната политика во спортското функционирање на клубовите преку злоупотреба на градоначалничката позиција со закана за користење на спортски сали и финансиска подршка од локалната самоуправа.

Ваквото мешање на политиката во спортот е недопуштено и најстрого казниво согласно Статутот на ФИБА и ИОК. Двете меѓународни организации како и АМС на РМ се известени и алармирани за овој обид за назаконски упад во автономијата на кошаркарскта федерација.

Секое продолжување на ваквото недопуштено поведение на локалните моќници, ризикува суспендирање на македонската кошарка од сите меѓународни натпреварувања вклучително и репрезентативните.

Се наметнува прашањето – Кој стои позади ова и зошто?

Целата оваа ујдурма е инспирирана од градоначалниците Ивица Коневски и Стевчо Јакимовски, кои се соочени со силен притисок и барање отчет за потрошените милионски суми (во евра) народни пари без никаков спортски успех и резултат. Во ист момент истиве двајца колеги по интерес, имаат и огромни доспеани, а неплатени обврски спрема МКФ и веројатно во ова гледаат шанса да ги забошотат.

Господата Коневски и Јакимовски досега не покажаа дека имаат капацитет нешто да направат, но и те како покажаа дека знаат и умеат да растураат. Истиве двајца преку нивните претставници за само една година успеаја да го растурат Здружението на прволигаши кое оттогаш неможе нормално да профункционира.

Коневски и Јакимовски во повеќе наврати досега, удрија со нож во грб и на најсветото нешто- македонската кошаркарска репрезентација и нашите репрезентативци. Ивица Коневски лично ги избрка скоро сите репрезентативци од клубот, за на нивно место да носи петоразредни странци. Не само што ги избрка македонските национални херои, туку уште и ги казни со огромни финансиски казни зошто носеле маици со натписот- Користете македонски производи. Какво лицемерие од страна на еден градоначалник кој љуби себе си да се опише како градоначалник на најмакедонската општина во Македонија а се суди со нејзините херои.

Дали зад заедничките барања со својот колега по интерес за шест странци се крие криминален бизнис интерес со одредени менаџерски куќи? Федерацијата констатира огромни несогласувања во износите на договорите пријавени во Федерацијата и УЈП, со што евидентно е направен криминал за кој институциите мора да поведат истрага.

Нема друго логично објаснување за тоа што за пет месеци продефилираа пет тренери и дваесетина странски играчи, за што се потрошени милионски суми народни пари. Вакво нешто досега се нема случено никаде во Европа. Можеби  е добро што бар по нешто се познати.

Пред многу кратко време КК Карпош Соколи беше фатен од страна на останатите клубови членки на првата лига, како заедно во спрега со сега веке набрканиот комесар, го оштетил Здржението на прволигаши вклучително и федерацијата за  60.000 денари, со што само се потврдува за каков ментален склоп се работи.

Врв на спортската мизерија што ни ја приредија овие двајца колеги по интерес и сфаќања е нивната најново патентирана измислица дека кошаркарскиот натпревар е приватна забава финансирана од општински пари на која може да се присуствува само по нивен избор и одобрение. Со Вакво поведение не само што е неетичко и неморално туку е и назаконско и спротивно на Уставот на РМ.

Согласно сето споменато, јас како претседател на МКФ, имам обврска јавно да ги соопштам следниве препораки:

1. До сите локални и партиски моќници кои влетале на терен што не им припаѓа, да внимаваат на своите постапки и да не дозволат македонскиот спорт и националниот интерес да станат жртви на нечиви непромислени постапки и болни амбиции.

2. До клубовите членки на МКФ, да ги почитуваат актите на ФИБА и МКФ и во согласност со нив да ги артикулираат своите ставови, не дозволувајќи на никого однадвор да ги манипулира и ограничува во сувереното право што го имаат.

3. До вистинскиот подносител на ова писмо, сакам да му порачам да собере сили да се потпише со име и презиме како што налагаат прописите и да дојде на редовно собрание да дискутира за сите теми како и сите останати клубови.

Истовремено јавно праќам порака до секој еден заинтересиран човек за позицијата претседател на МКФ, јавно да искаже желба за кандидатура  а јас лично, овде и сега, со сиот свој авторитет изјавувам дека веднаш ќе закажам изборно собрание каде секој потенцијален кандидат ќе може да се соочи со мене на избори, како што и доликува на реномирана спортска институција како што е МКФ. крај/мф

Извор: basketball.org.mk



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Домашен

Тажна вест: Почина поранешниот кошаркар на Пелистер, Зоран Петковски

Објавено пред

На 47-годишна возраст по боледување почина поранешниот кошаркар и легенда на Пелистер, Зоран Петковски.

dobivaj vesti na viber

Веста ја соопшти клубот од Битола, кој на социјалните мрежи се прости својот поранешен играч и тренер.

Петковски своите кошаркарски почетоци ги имаше токму во зелено-белиот дрес, беше и младински репрезентативец на Македонија во одличната генерација предводена од Митко Луковски, а потоа во кариерата ги бранеше и боите на Куманово, Вардар, МЗТ Скопје, Соколи, повторно Пелистер,па Радовиш.

Кога ја почна тренерската кариера тој седна на клупата на КК Пелистер, тим со кој обезбеди влез во елитното друштво. Пред неколку години тој беше и дел од управата на „пелистерци“.

Прикажи повеќе...

Домашен

Златна недела за „Алкалоид“

Објавено пред

РК Алкалоид викендов стана шестиот клуб во Македонија кој успеал да освои пехар од националното Куп натпреварување кое брои 32 сезони, вклучително со прекинатата ковид сезона 2019-20.

dobivaj vesti na viber

Зад Алкалоид е златна недела. Почнувајќи од 12 до 19 мај, седум дена во кои пионерите станаа државни прваци, потоа и младинците беа верификувани како шампиони, за конечно и кадетите да го подигнат шампионскиот пехар. Такво нешто во поновата историја му им успеано само на Металург, но немаше ни тие одличја да блеснат вака, ако успехот не беше комплетиран со пехар на сениорскиот тим.

Од улога на трет носител или аутсајдер во однос на двата најпознати колектива, Алкалоид потврди дека Куп е приказна во која непишаните правила важат исто колку и пишаните.

Огромна сатисфакција плус за тренерот/селектор и неколкуте репрезентативци што се градат во овој клуб е успешниот бараж на сениорската репрезентација.

Златна недела е сосема адекватен епитет за ракометниот колектив Алкалоид и уште една успешно штиклирана сезона.
Трета успешна од вкупно три, што е голем предизвик за четвртата.

Но, има и други причини да биде задоволен Алкалоид од наш агол можеби и поважни отколку погледот кон витрината сезонава.

Во Македонија (ова е личен став) има погрешно поставен систем на вредности кога се во прашање резултатите. Речиси сѐ е поставено во служба на резултатот преточен низ бројки и конечниот пласман што служи за задоволување на амбициие, желбите и вкусовите на спонзорите и на локалната јавност и посебните групи на фанови.

Најбрзиот и најефикасниот начин тоа да се постигне е вложување во готови производи во најголем дел странски играчи, надополнета со тоа што колку толку го нуди домашниот пазар.

Секој си го бира својот пат, подвлечено тоа си е клупска политика, но генерално ваквите приказни се успешни додека има пари. Повеќе пари, подобри резултати, но кога парите ќе секнат, а таа чешма кај нас знае брзо да се затвори, не останува ништо.
Примери што ќе го поткрепат ова има доволно, но тоа е тема што е многу обемна и заслужува поголем простор само за себе.

Алкалоид има и повеќе причини да биде задоволен, не само поради шампионските пехари во младинските категории и пехарот во Куп на Македонија.

За само три години овој колектив покажа дека работи по поинаква матрица од споменатиот систем на вредности и во моментов е еден од најдобро организираните ракометни колективи, иако има најмало искуство и логично т.н. детски болести што едноставно мора да се прележат. Но, логистички во сите сфери, Алкалоид е на ниво на европски клуб.

Во прилог е клупската стратегија, определба и решителност да се докаже дека резултати со бројки можат да се постигнат и со домашни ракометари, ако им се даде вистинска шанса, се работи квалитетно и истрајно.
Инвестирање во организација и работа со млади категории, селекцијата и условите уште во првата сезона донесоа пехар, а во третата комплетна доминација.

Може да биде задоволен што ги извади за кратко време на ниво да бидат забележани и од странство играчи како Марко Митев, зад него е Дамјан Митев, новата ѕвезда Иван Галевски итн. Но, ќе чуете многу повеќе уште летово и за браќата Узунчеви, потоа онаа многу добра кадетска екипа со уште еден голман со огромен потенцијал како Ѓорги Николовски, потоа бековите Христијан Гурмешевиќ, Марин Крстевски итн.

Во Македонија системот на вредности, сепак, најмногу се гледа низ резултатите како бројки, а достигнувањата на Алкалоид во организацискиот дел, младите категории итн. немаше да бидат вистински вреднувани доколку во клубот не стигнеше пехар во сениорска конкуренција. За да се заработи респект, треба да се победи и да се освои пехар.

Со победите над Вардар и Е. Пелистер во Куп на Македонија го мина и тоа ниво од играта.

Сега, со нескриена љубопитност и нетрпение чекаме да видиме каков ќе биде нивниот следен чекор. Многу работи зависат од тоа како ќе изгледа следното ниво, не само за клубот, туку и за репрезентацијата и генерално и за целиот ракомет во Македонија.

 

Прикажи повеќе...

Домашен

Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“

Објавено пред

Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.

dobivaj vesti na viber

„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.

Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.

Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Владата не размислува за забрана на социјалните медиуми за деца и млади,...

Македонија3 часа

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

Утре напладне, повторно со најмалку 21 работник, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе ги блокира Стопанската комора, Организацијата на...

Македонија4 часа

Парите на граѓаните кои ваделе пасош си ги ставал во џеб, кривична пријава за вработен во одделот за издавање документи во Штип

Вработен во Одделението за управни работи Штип ги лажел граѓаните кои ваделе пасош дека не работи пост терминалот за наплата со...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднела Предлог на закон за изменување на Законот за постапување со бесправно...

Топ5 часа

МВР со детали за тешката сообраќајна незгода на влезот во Скопје: автомобил и камион целосно изгореа, 25-годишник тешко повреден

Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје,...

Македонија7 часа

(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк

Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк,...

Македонија8 часа

Бубевски: Стојам зад секоја одлука која сум ја донел, за навредите ќе поднесам тужба ако не добијам извинување

Поранешниот обвинител од специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, ги отфрла сите наводи за какво било влијание и вели дека стои зад...

Македонија8 часа

„Спасовски вршел притисок врз обвинителите во СЈО за кои луѓе да се гонат, Катица Јанева работела по наредба на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС, Заев и Спасовски, преку Катица Јанева, контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и...

Македонија8 часа

„Одбија Законот за 600 евра плата да биде на дневен ред, сакаат авион за Мицкоски“, велат од СДСМ

„Пратениците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, на вчерашната собраниска седница застанаа против работниците: одбија Законот за минимална плата од 600 евра...

Европа8 часа

(Фото) Три деца загинаа во руски напад врз Харков, луѓе останаа без струја во Запорожје

Во напад со руски беспилотни летала врз Боходухив во Харковската област загинаа три мали деца и еден маж, додека нападите...

Свет9 часа

Трамп ѝ дава на Европа контрола врз три клучни бази на НАТО

Доналд Трамп им ја предаде контролата врз три клучни командни центри на НАТО на европските нации во историско реконструкција во...

Свет10 часа

Ученик за пукањето во училиштето во Канада: Ја забарикадиравме вратата со клупи

Дариан Квист, матурант во средното училиште Тамблер Риџ, ги опиша моментите од пукањето во неговото училиште за CBC. Тој рече...

Свет11 часа

(Видео) „Брзата реакција на полицијата спречи поголема трагедија во училиштето“

Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Иби, се обрати до јавноста во врска со нападот. „Ова е ужасна и незамислива трагедија“,...

Свет11 часа

Канадскиот премиер: Шокиран сум од овој ужасен напад

Канадскиот премиер Марк Карни го нарече пукањето во Тамблер Риџ, Британска Колумбија, „ужасно“, велејќи дека е шокиран од нападот и...

Свет11 часа

(Видео) Масакр во Канада:10 лица убиени, најмалку 25 повредени во училишта и домови

Десет лица, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по пукање во град во североисточната канадска покраина Британска Колумбија,...

Македонија19 часа

Силен земјотрес почувствуван во Македонија

Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија. Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на...

Македонија23 часа

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија1 ден

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: СДСМ повторно го поднесе законот за 600 евра минимална плата

Денеска пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за...