Контакт

Домашен

Голужа: Против Македонија шансите се подеднакви

Објавено пред

Хрватскиот селектор Славко Голужа очекува ‘тежок и нервозен натпревар’ против Македонија, кој треба да го одреди победникот во Б групата на ракометниот Мундијал во Катар.

dobivaj vesti na viber

„Македонија е составена од играчи кои се заедно во текот на целата година, бидејќи нивните репрезентативци играат во Вардар и Металург. Знаеме дека во текот на целата година имаат одлични тренинзи и за разлика од нас цело време се заедно им недостигаат само двајца-тројца играчи. Она што ме импресионира, но не ме чуди кога ќе погледнам кој ги тренира во Металург е што имаат дисциплина, техничка и тактичка, особено тоа се однесува на првиот меч со Тунис. Играа извонредно тоа е можеби нивниот најдобар натпревар во последните две-три години. Имаме голем респект кон Македонија, ги почитуваме и ќе се обидеме да одиграме што подобро против нив. Искрено шансите за победа се подеднакви“, рекол на прес конференцијата во пресрет на мечот со Македонија хрватскиот селектор Голужа.

Според него неговите избраници против Македонија ги очекува тежок и нервозен меч во текот на сите 60 минути, односно очекува вистинска борба бидејќи играчите добро се познаваат. Како што вели победникот може да го одлучат нијанси, еден расположен играч или голман.

„Моите играчи ќе ви потврдат дека за противникот не размислувам. Се концентрираме на нашата игра и на она што играчите мора да го извршат. Постои респект кон Македонија, но нема причина да се плашиме од нив“, дополнил Голужа.

Натпреварот помеѓу Македонија и Хрватска в среда ќе започне во 17 часот. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Домашен

Златна недела за „Алкалоид“

Објавено пред

РК Алкалоид викендов стана шестиот клуб во Македонија кој успеал да освои пехар од националното Куп натпреварување кое брои 32 сезони, вклучително со прекинатата ковид сезона 2019-20.

dobivaj vesti na viber

Зад Алкалоид е златна недела. Почнувајќи од 12 до 19 мај, седум дена во кои пионерите станаа државни прваци, потоа и младинците беа верификувани како шампиони, за конечно и кадетите да го подигнат шампионскиот пехар. Такво нешто во поновата историја му им успеано само на Металург, но немаше ни тие одличја да блеснат вака, ако успехот не беше комплетиран со пехар на сениорскиот тим.

Од улога на трет носител или аутсајдер во однос на двата најпознати колектива, Алкалоид потврди дека Куп е приказна во која непишаните правила важат исто колку и пишаните.

Огромна сатисфакција плус за тренерот/селектор и неколкуте репрезентативци што се градат во овој клуб е успешниот бараж на сениорската репрезентација.

Златна недела е сосема адекватен епитет за ракометниот колектив Алкалоид и уште една успешно штиклирана сезона.
Трета успешна од вкупно три, што е голем предизвик за четвртата.

Но, има и други причини да биде задоволен Алкалоид од наш агол можеби и поважни отколку погледот кон витрината сезонава.

Во Македонија (ова е личен став) има погрешно поставен систем на вредности кога се во прашање резултатите. Речиси сѐ е поставено во служба на резултатот преточен низ бројки и конечниот пласман што служи за задоволување на амбициие, желбите и вкусовите на спонзорите и на локалната јавност и посебните групи на фанови.

Најбрзиот и најефикасниот начин тоа да се постигне е вложување во готови производи во најголем дел странски играчи, надополнета со тоа што колку толку го нуди домашниот пазар.

Секој си го бира својот пат, подвлечено тоа си е клупска политика, но генерално ваквите приказни се успешни додека има пари. Повеќе пари, подобри резултати, но кога парите ќе секнат, а таа чешма кај нас знае брзо да се затвори, не останува ништо.
Примери што ќе го поткрепат ова има доволно, но тоа е тема што е многу обемна и заслужува поголем простор само за себе.

Алкалоид има и повеќе причини да биде задоволен, не само поради шампионските пехари во младинските категории и пехарот во Куп на Македонија.

За само три години овој колектив покажа дека работи по поинаква матрица од споменатиот систем на вредности и во моментов е еден од најдобро организираните ракометни колективи, иако има најмало искуство и логично т.н. детски болести што едноставно мора да се прележат. Но, логистички во сите сфери, Алкалоид е на ниво на европски клуб.

Во прилог е клупската стратегија, определба и решителност да се докаже дека резултати со бројки можат да се постигнат и со домашни ракометари, ако им се даде вистинска шанса, се работи квалитетно и истрајно.
Инвестирање во организација и работа со млади категории, селекцијата и условите уште во првата сезона донесоа пехар, а во третата комплетна доминација.

Може да биде задоволен што ги извади за кратко време на ниво да бидат забележани и од странство играчи како Марко Митев, зад него е Дамјан Митев, новата ѕвезда Иван Галевски итн. Но, ќе чуете многу повеќе уште летово и за браќата Узунчеви, потоа онаа многу добра кадетска екипа со уште еден голман со огромен потенцијал како Ѓорги Николовски, потоа бековите Христијан Гурмешевиќ, Марин Крстевски итн.

Во Македонија системот на вредности, сепак, најмногу се гледа низ резултатите како бројки, а достигнувањата на Алкалоид во организацискиот дел, младите категории итн. немаше да бидат вистински вреднувани доколку во клубот не стигнеше пехар во сениорска конкуренција. За да се заработи респект, треба да се победи и да се освои пехар.

Со победите над Вардар и Е. Пелистер во Куп на Македонија го мина и тоа ниво од играта.

Сега, со нескриена љубопитност и нетрпение чекаме да видиме каков ќе биде нивниот следен чекор. Многу работи зависат од тоа како ќе изгледа следното ниво, не само за клубот, туку и за репрезентацијата и генерално и за целиот ракомет во Македонија.

 

Прикажи повеќе...

Домашен

Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“

Објавено пред

Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.

dobivaj vesti na viber

„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.

Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.

Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.

Прикажи повеќе...

Домашен

(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење

Објавено пред

Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).

dobivaj vesti na viber

Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.

„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.

Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа24 минути

(Видео) Експлозии во Киев, нападната е Одеса, огромен руски напад

Експлозии утрово одекнаа во украинските градови Одеса, Кропивницки, Харков, Ривне и Луцк, објавија украинските медиуми Зеркало Тижња и Суспилне, наведувајќи...

Македонија34 минути

Изградил хотел во Скопската чаршија, надградил ходници, скали, рецепција без одобрение за градење: поднесено обвинение против инвеститор

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Бесправно градење...

Скопје58 минути

Мицкоски ако јас сум кума на хаосот, ти си гробарот на јавниот превоз, реагира Арсовска

„Реформата на јавниот сообраќај која ја споменуваш “патриоту” Мицкоски, ти ја вети заедно со мене пред скопјани, ти ја саботираш...

Македонија1 час

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации

Со изборот на новото раководство, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија влегува во ново поглавје на своето политичко делување. Во тимот на...

Европа3 часа

Поранешен шеф на МИ6: Европа е во војна со Русија

Европа во моментов не е во предвоена ситуација, туку во војна против Русија, изјави вчера за Скај њуз поранешниот директор...

Европа3 часа

Пред заминувањето, Бајден планира да испрати уште еден голем пакет воена помош за Украина

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден подготвува пакет оружје за Украина во вредност од 725 милиони долари, изјавија денеска двајца...

Европа4 часа

Шефот на германското разузнавање: НАТО може да го активира членот 5 поради руските саботажи

Руската саботажа на западни цели на крајот може да го поттикне НАТО да размисли за повикување на клаузулата за заемна...

Свет4 часа

Маск го критикуваше начинот на кој функционира Европската унија

Илон Маск ја критикуваше Европската комисија, нарекувајќи го телото „недемократско“, што е последна во серијата негови јавни критики на институциите...

Македонија13 часа

Филипче за новото раководство: нова визија за позитивни промени во СДСМ

Новиот состав на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз вечерва ја одржа првата седница на којашто беше избрано партиското раководство „Вечерва...

Економија21 час

Трендафилов: Со мизерни плати работниците имаат пари само за билет во еден правец, и тоа надвор од Македонија

Главна причина поради која има недостиг на работна сила во земјата се ниските плати и злоупотребите што ги прават газдите...

Македонија22 часа

Дурмиши сака минималната плата да биде 600 евра, но ќе преговара за 450 на почетокот на декември

Во буџетот има пари за зголемување на минималната плата и во декември, како што бара Синдикатот, покрај законското зголемување од...

Македонија23 часа

Tаравари колабирал и бил пренесен во болница

Министерот за здравство Арбен Таравари објави дека колабирал и завршил во болница откога вчера се споделуваше информација дека доживеал срцев...

Македонија24 часа

Една година од убиството на Вања

Денес, се навршува една година од убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје. Во тек е судскиот процес, кој треба...

Македонија1 ден

„Влен“ јавно ги прашува ДУИ и Ахмети: Зошто сета оваа носталгија за Груевски?

„На Блерим Ќосето Беџети сите дела му излегуваат на мејдан! Срамот почна да го обзема, а сега се обидува да...

Македонија1 ден

Заев е единствениот политичар од Западен Балкан што Меркел го споменала во мемоарите, пишува германски новинар

Поранешниот македонски премиер Зоран Заев е единствениот жив политичар од Балканот кого поранешната германска канцеларка Ангела Меркел експлицитно го споменува...

Европа1 ден

Медведев: Мојата тажна шега изгледа се претвора во застрашувачка реалност

Поранешниот руски претседател и актуелен заменик-шеф на рускиот совет за безбедност Дмитриј Медведев испрати предупредување до САД во објава на...

Свет1 ден

Телата на девојките што починаа од сомнително труење во Лаос пристигнаа во Австралија

Семејствата на двете австралиски тинејџерки кои починаа од сомнително труење со метанол во Лаос, ја коментираа веста дека осум лица...

Свет1 ден

Еден ден по несреќата во Црвеното Море, пронајдени пет преживеани

Египетските спасувачи пронајдоа четири тела и пет преживеани вчера, за време на потрагата во Црвеното Море, еден ден откако потона...

Свет1 ден

Макрон гледа шанса за стабилност во Либан во договорот за прекин на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон го опиша договорот за прекин на огнот меѓу Израел и либанската милиција Хезболах како можност за...

Свет1 ден

Првите часови од примирјето меѓу Израел и Хезболах: жестоко бомбардирање до последен момент

Прекинот на огнот меѓу Израел и либанската милиција Хезболах стапи на сила во раните утрински часови во средата, но му...