Контакт

Домашен

Ѓуровски: Ја почитуваме, но не се плашиме од Шпанија

Објавено пред

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација ги привршува подготовките за стартот на новиот квалификациски циклус за ЕУРО 2016 и првиот натпревар против Шпанија на 8-ми септември во Валенсија.

dobivaj vesti na viber

Репрезентативците речиси една седмица се подготвуваат во периферија на Валенсија, и според информациите тие се подготвени за натпреварот со актуелниот европски првак. Единствен проблем за селекторот Бошко Ѓуровски е повредата на Ферхан Хасани, којшто бил предвиден да го започне мечот, но отпаднал од комбинација.„Планираме да играме напаѓачки. Иако играме со Шпанија, нема да се браниме. Сакаме да играме пресинг кога топката ќе биде кај противникот и да бидеме на нивна половина во моментот кога ќе почнат акција. Значи, треба притиснеме уште од самиот почеток на натпреварот”, изјави за интернет страницата за ФФМ селекторот Ѓуровски.„Сакаме да играме храбро, со голема самодоверба, интелигенција и одговорност. Цело време ова им го укажувам на играчите. Сакам да веруваат во себе, без разлика на силата на противникот. Само така ќе можеме да се надеваме на добар резултат. Почит да, но никако страв од Шпанија. Треба да играме максимално дисциплинирано, борбено и со одговорност на поставените задачи. Ако успееме да го спроведеме на дело тоа што го работевме на тренинзи, верувам дека би можеле да очекуваме позитивен резултат”, дополни селекторот. Репрезентативците, во недела ќе го одработат последниот тренинг на стадионот ‘Cuidat de Valencia’, каде во понеделник 20:45 часот ќе се одигра натпреварот Шпанија -Македонија, на кој селекторот Бошко Ѓуровски ќе го има официјалното дебито во квалификацискиот циклус./крај/мф/нц

Извор: ffm.mk



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Домашен

Златна недела за „Алкалоид“

Објавено пред

РК Алкалоид викендов стана шестиот клуб во Македонија кој успеал да освои пехар од националното Куп натпреварување кое брои 32 сезони, вклучително со прекинатата ковид сезона 2019-20.

dobivaj vesti na viber

Зад Алкалоид е златна недела. Почнувајќи од 12 до 19 мај, седум дена во кои пионерите станаа државни прваци, потоа и младинците беа верификувани како шампиони, за конечно и кадетите да го подигнат шампионскиот пехар. Такво нешто во поновата историја му им успеано само на Металург, но немаше ни тие одличја да блеснат вака, ако успехот не беше комплетиран со пехар на сениорскиот тим.

Од улога на трет носител или аутсајдер во однос на двата најпознати колектива, Алкалоид потврди дека Куп е приказна во која непишаните правила важат исто колку и пишаните.

Огромна сатисфакција плус за тренерот/селектор и неколкуте репрезентативци што се градат во овој клуб е успешниот бараж на сениорската репрезентација.

Златна недела е сосема адекватен епитет за ракометниот колектив Алкалоид и уште една успешно штиклирана сезона.
Трета успешна од вкупно три, што е голем предизвик за четвртата.

Но, има и други причини да биде задоволен Алкалоид од наш агол можеби и поважни отколку погледот кон витрината сезонава.

Во Македонија (ова е личен став) има погрешно поставен систем на вредности кога се во прашање резултатите. Речиси сѐ е поставено во служба на резултатот преточен низ бројки и конечниот пласман што служи за задоволување на амбициие, желбите и вкусовите на спонзорите и на локалната јавност и посебните групи на фанови.

Најбрзиот и најефикасниот начин тоа да се постигне е вложување во готови производи во најголем дел странски играчи, надополнета со тоа што колку толку го нуди домашниот пазар.

Секој си го бира својот пат, подвлечено тоа си е клупска политика, но генерално ваквите приказни се успешни додека има пари. Повеќе пари, подобри резултати, но кога парите ќе секнат, а таа чешма кај нас знае брзо да се затвори, не останува ништо.
Примери што ќе го поткрепат ова има доволно, но тоа е тема што е многу обемна и заслужува поголем простор само за себе.

Алкалоид има и повеќе причини да биде задоволен, не само поради шампионските пехари во младинските категории и пехарот во Куп на Македонија.

За само три години овој колектив покажа дека работи по поинаква матрица од споменатиот систем на вредности и во моментов е еден од најдобро организираните ракометни колективи, иако има најмало искуство и логично т.н. детски болести што едноставно мора да се прележат. Но, логистички во сите сфери, Алкалоид е на ниво на европски клуб.

Во прилог е клупската стратегија, определба и решителност да се докаже дека резултати со бројки можат да се постигнат и со домашни ракометари, ако им се даде вистинска шанса, се работи квалитетно и истрајно.
Инвестирање во организација и работа со млади категории, селекцијата и условите уште во првата сезона донесоа пехар, а во третата комплетна доминација.

Може да биде задоволен што ги извади за кратко време на ниво да бидат забележани и од странство играчи како Марко Митев, зад него е Дамјан Митев, новата ѕвезда Иван Галевски итн. Но, ќе чуете многу повеќе уште летово и за браќата Узунчеви, потоа онаа многу добра кадетска екипа со уште еден голман со огромен потенцијал како Ѓорги Николовски, потоа бековите Христијан Гурмешевиќ, Марин Крстевски итн.

Во Македонија системот на вредности, сепак, најмногу се гледа низ резултатите како бројки, а достигнувањата на Алкалоид во организацискиот дел, младите категории итн. немаше да бидат вистински вреднувани доколку во клубот не стигнеше пехар во сениорска конкуренција. За да се заработи респект, треба да се победи и да се освои пехар.

Со победите над Вардар и Е. Пелистер во Куп на Македонија го мина и тоа ниво од играта.

Сега, со нескриена љубопитност и нетрпение чекаме да видиме каков ќе биде нивниот следен чекор. Многу работи зависат од тоа како ќе изгледа следното ниво, не само за клубот, туку и за репрезентацијата и генерално и за целиот ракомет во Македонија.

 

Прикажи повеќе...

Домашен

Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“

Објавено пред

Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.

dobivaj vesti na viber

„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.

Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.

Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.

Прикажи повеќе...

Домашен

(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење

Објавено пред

Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).

dobivaj vesti na viber

Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.

„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.

Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минути

Четворица повредени во пожарот во Трубарево – се чекаат детали од Министерството за здравство

Четири лица се здобиле со повреди во пожарот што вчера избувна во компанијата „Ф-Групација“ во Трубарево, која се занимава со...

Македонија57 минути

Обвинителство чешла документи, Армијата мери токсини по пожарот во Трубарево, се чека и на резултатите од министерството на Меџити

Во врска со големиот пожар што зафати магацински објекти во селото Трубарево, Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека презеле дејствија...

Топ2 часа

МВР трага по лице кое се обидело да запали „ауди“ и „јагуар“ во Куманово, ги испрскало возилата со бензин, но кога го виделе побегнал

Маж од Долно Којнаре, кумановско, пријавил дека во неговиот двор едно лице со бензин ги испрскало возилата „јагуар” и „ауди”...

Македонија3 часа

(Видео) Се’ уште чади во Трубарево преку песокот со којшто е затрупан отпадот, спречено е ширење на пожарот

Благодарение на брзата и координирана акција на скопските пожарникари, спречено е ширење на големиот пожар што вчера избувна во Трубарево,...

Свет3 часа

Како ќе реагира Европа на ултиматумот на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп упати ултиматум до сојузниците во НАТО, барајќи воведување „големи“ санкции кон Русија и целосен прекин на...

Македонија4 часа

Меџити доцна синоќа се огласи за Трубарево: фирмата има дозвола за работа, резултатите од мерењата се очекуваат

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, доцна синоќа се јави од Трубарево, каде што вчера избувна голем...

Македонија13 часа

Тошковски: Жителите во непосредна близина на пожарот да ги напуштат живеалиштата поради штетните супстанци, радијација нема

Локализиран е пожарот кој избувна во складиштето за електроника во Трубарево, пришто опожарена е и пластика. Министерот Панче Тошковски вечерва...

Македонија14 часа

Движењето „Стоп за Вардариште“ во понеделник наутро ќе го блокира мостот „Близнаци“

Движењето „Стоп за Вардариште“ ја информира јавноста дека на ден 15.09.2025, понеделник, покрај протестот во 18:00 часот, ќе се одржи...

Македонија16 часа

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче...

Македонија17 часа

ИЈЗ објави препораки: Ако сте во непосредна близина на пожар останете дома и затворете ги прозорците

Институтот за јавно здравје, во насока на заштита на здравјето и благосостојбата на сите граѓани, соопшти дека во случај да...

Македонија17 часа

Опасен отпад гори во Трубарево, нема насоки од властите за заштита од чадот

Во Трубарево горат електронски отпад и пластика, во делови од главниот град се чувствува силна миризба, а засега нема предупредувања...

Македонија19 часа

Во Трубарево гори и пластичен отпад, Ангелов рече дека пожарот е подметнат и нема повредени лица

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека големиот пожар кој денеска избувна во фабриката „Ф –...

Македонија20 часа

(Видео) Драматични снимки од пожарот во Трубарево кадешто горат објекти за складирање на електронски отпад

Сериозен е пожарот што избувна во Трубарево и ги зафати  објектите на Ф – ГРУПАЦИЈАТА која се занимава со електронски отпад....

Македонија21 час

(Видео) Ангелов: Се затрупува изворот на чад во Дрисла, термални камери и патроли во Вардариште, нов пожар избувна во Трубарево

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска информираше за повеќе паралелни интервенции поврзани со пожари на скопските...

Македонија22 часа

(Видео) Гори фабрика во Трубарево, црн чад се издигна над Скопје

Голем црн чад се издигна над главниот град, алармираат граѓаните од повеќе скопски населби. Директорот на Дирекцијата за заштита и...

Македонија24 часа

ВМРО-ДПМНЕ со готови листи за советници и кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ објави дека целосно ги комплетирала листите за советници и кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Генералниот секретар на...

Свет1 ден

Тајлер Робинсон – од стипендист со блескава иднина до осомничен за убиството на Чарли Кирк

Тајлер Робинсон (22) од Јута, кој некогаш важел за одличен ученик и добитник на претседателска стипендија на Универзитетот „Јута стејт“,...

Македонија1 ден

Агелер по повод 30 години дипломатски односи: Македонија и САД покажаа што значи вистинско пријателство

Оваа година се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи (13 септември 1995) меѓу Република Северна Македонија и Соединетите...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ го прозва Коцевски: Не молчете за незаконското следење на Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ побара Јавното обвинителство и обвинителот Љупчо Коцевски веднаш да реагираат и да спроведат темелна и транспарентна истрага за, како...

Македонија1 ден

Шабан Салиу – кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари официјално е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

На свечена церемонија во Скопје, претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР), Шабан Салиу го стави својот потпис на документот „Декларација...