Контакт

Домашен

Hand-station: Лазаров, Дибиров и Карачиќ во идеалниот тим на ЛШ

Објавено пред

Шпанскиот ракометен портал „hand-station.com“, по завршувањето на фазата по групи во Лигата на шампионите, го објави идеалниот тим. Место во идеалниот тим по првата фаза има за капитенот на Македонската репрезентација Кирил Лазаров и ѕвездите на Вардар, Тимур Дибиров и Игор Карачиќ.

dobivaj vesti na viber

Место во идеалниот тим има и за двајца играчи на Веспрем (Момир Илиќ и Роланд Миклер) и по еден ракометар на Монпелје (Драган Гајич) и Висла (Камил Сипржак).

„Најдобриот стрелец во фазата по групи мораше да се најде во идеалниот тим. Македонецот за Барселона постигна неверојатни 76 гола на 10 натпревари, а особено импресивен беше во двомечот со Фленсбург кога во двете средби постигна вкупно 19 гола. Воопшто не е изненадување што Лазаров игра на вакво ниво и што е прва опција на позицијата десен бек“, пишува порталот за Лазаров.

„Иако Уве Генсхајмер, Гудјон Валур Сигурдсон и Мануел Линигер имаа моменти на блесок во фазата по групи, сепак без сомение Тимур Дибуров е најдоброто лево крило по првата фаза во Лигата на шампиони. Вардар заврши на второто место во својата група, а Дибиров на секој натпревар беше исклучително опасен. Дибиров е едниствениот играч кој три пати беше биран во идеалниот тим на колото, а првата фаза ја заврши со 69 постигнати голови и се наоѓа на второто место на листата на најдобри стрелци“, го образлужува „hand-station.com“ изборот на Дибиров.

„На позицијата среден бек има неколку сјајни играчи како Џоан Канељас, Чема Родригез или Енди Шмид, но со одличните настапи Хравтот придонесе Варадр да стигне до второто место во групата. Карачиќ диригира со играта на Вардар, покажувајќи одговорност во извршување на задачите. Знае да им отвори простор на соиграчите, а и самиот е исклучително опасен пред голот. Постигна 52 гола во првата фаза“, пишува во коментарот за Карачиќ.

Идеалниот тим според hand-station:

Голман: Роналд Миклер (Веспрем)

Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)

Лев бек: Момир Илиќ (Веспрем)

Среден бек: Игор Карачиќ (Вардар)

Десен бек: Кирил Лазаров (Барселона)

Десно крило: Драган Гајич (Монпелје)

Пивот: Камил Сипржак (Висла). крај/мф/нц

Извор: hand-station.com



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Домашен

Златна недела за „Алкалоид“

Објавено пред

РК Алкалоид викендов стана шестиот клуб во Македонија кој успеал да освои пехар од националното Куп натпреварување кое брои 32 сезони, вклучително со прекинатата ковид сезона 2019-20.

dobivaj vesti na viber

Зад Алкалоид е златна недела. Почнувајќи од 12 до 19 мај, седум дена во кои пионерите станаа државни прваци, потоа и младинците беа верификувани како шампиони, за конечно и кадетите да го подигнат шампионскиот пехар. Такво нешто во поновата историја му им успеано само на Металург, но немаше ни тие одличја да блеснат вака, ако успехот не беше комплетиран со пехар на сениорскиот тим.

Од улога на трет носител или аутсајдер во однос на двата најпознати колектива, Алкалоид потврди дека Куп е приказна во која непишаните правила важат исто колку и пишаните.

Огромна сатисфакција плус за тренерот/селектор и неколкуте репрезентативци што се градат во овој клуб е успешниот бараж на сениорската репрезентација.

Златна недела е сосема адекватен епитет за ракометниот колектив Алкалоид и уште една успешно штиклирана сезона.
Трета успешна од вкупно три, што е голем предизвик за четвртата.

Но, има и други причини да биде задоволен Алкалоид од наш агол можеби и поважни отколку погледот кон витрината сезонава.

Во Македонија (ова е личен став) има погрешно поставен систем на вредности кога се во прашање резултатите. Речиси сѐ е поставено во служба на резултатот преточен низ бројки и конечниот пласман што служи за задоволување на амбициие, желбите и вкусовите на спонзорите и на локалната јавност и посебните групи на фанови.

Најбрзиот и најефикасниот начин тоа да се постигне е вложување во готови производи во најголем дел странски играчи, надополнета со тоа што колку толку го нуди домашниот пазар.

Секој си го бира својот пат, подвлечено тоа си е клупска политика, но генерално ваквите приказни се успешни додека има пари. Повеќе пари, подобри резултати, но кога парите ќе секнат, а таа чешма кај нас знае брзо да се затвори, не останува ништо.
Примери што ќе го поткрепат ова има доволно, но тоа е тема што е многу обемна и заслужува поголем простор само за себе.

Алкалоид има и повеќе причини да биде задоволен, не само поради шампионските пехари во младинските категории и пехарот во Куп на Македонија.

За само три години овој колектив покажа дека работи по поинаква матрица од споменатиот систем на вредности и во моментов е еден од најдобро организираните ракометни колективи, иако има најмало искуство и логично т.н. детски болести што едноставно мора да се прележат. Но, логистички во сите сфери, Алкалоид е на ниво на европски клуб.

Во прилог е клупската стратегија, определба и решителност да се докаже дека резултати со бројки можат да се постигнат и со домашни ракометари, ако им се даде вистинска шанса, се работи квалитетно и истрајно.
Инвестирање во организација и работа со млади категории, селекцијата и условите уште во првата сезона донесоа пехар, а во третата комплетна доминација.

Може да биде задоволен што ги извади за кратко време на ниво да бидат забележани и од странство играчи како Марко Митев, зад него е Дамјан Митев, новата ѕвезда Иван Галевски итн. Но, ќе чуете многу повеќе уште летово и за браќата Узунчеви, потоа онаа многу добра кадетска екипа со уште еден голман со огромен потенцијал како Ѓорги Николовски, потоа бековите Христијан Гурмешевиќ, Марин Крстевски итн.

Во Македонија системот на вредности, сепак, најмногу се гледа низ резултатите како бројки, а достигнувањата на Алкалоид во организацискиот дел, младите категории итн. немаше да бидат вистински вреднувани доколку во клубот не стигнеше пехар во сениорска конкуренција. За да се заработи респект, треба да се победи и да се освои пехар.

Со победите над Вардар и Е. Пелистер во Куп на Македонија го мина и тоа ниво од играта.

Сега, со нескриена љубопитност и нетрпение чекаме да видиме каков ќе биде нивниот следен чекор. Многу работи зависат од тоа како ќе изгледа следното ниво, не само за клубот, туку и за репрезентацијата и генерално и за целиот ракомет во Македонија.

 

Прикажи повеќе...

Домашен

Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“

Објавено пред

Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.

dobivaj vesti na viber

„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.

Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.

Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.

Прикажи повеќе...

Домашен

(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење

Објавено пред

Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).

dobivaj vesti na viber

Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.

„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.

Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Со јапонски искуства ќе се трансформира системот за управување со кризи и заштита и спасување, Ангелов ја заврши посетата на Јапонија

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, заедно со раководителот на Секторот за аналитика во ЦУК, Стевко...

Македонија2 часа

Обвинителството незадоволно од одлуката за куќен притвор за Нино Васев и Нехат Нухи за Онкологија, поднесе жалба

Скопското обвинителство вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор на поранешниот директор на Клиниката...

Топ2 часа

Во претреси во повеќе градови најдени оружје и муниција, има приведени

Полицијата изврши претреси во битолско, прилепско, крушевско и во Македонски Брод, пришто пронајдени се оружје и муниција, а приведени четири...

Македонија3 часа

Сиљановска-Давкова: Кирил и Методиј ни ја подарија не само глаголицата, туку со неа изградија силен сесловенски културен и цивилизациски темел

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј. „Дозволете ми...

Македонија3 часа

СДСМ: Вистината излезе на виделина за Онкологија, ВМРО-ДПМНЕ да се извини за лагите за Филипче

Вистината излезе на виделина за Онкологија, а грозната лага на Мизрахи и ДПМНЕ, кои сакаа со криење документи да го...

Македонија4 часа

Сослушување на семејствата на загинатите во Кочани, ќе бидат повикани и да се приклучат кон кривичниот прогон

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” почнуваат да сослушуваат претставници на семејствата...

Македонија4 часа

Зошто Филипче е изземен од случајот Онкологија, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Судиите и обвинителите се клиентелисти на СДСМ кои ги штитат политичките криминалци, велат од ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение, прашувајќи зошто...

Македонија5 часа

Мицкоски: На достоинствен начин продолжуваме да го негуваме животот и делото на светите браќа Кирил и Методиј

На достоинствен начин продолжуваме да го негуваме животот и делото на светите браќа Кирил и Методиј, нивната благородна мисија обединува...

Европа17 часа

(Видео) Жена избоде седумнаесет луѓе на железничка станица во Хамбург

Напад со нож се случил вечерва на главната железничка станица во Хамбург, објави „Билд“. Најмалку седумнаесет лица беа повредени, а...

Регион17 часа

(Видео) Силни врнежи од дожд и град во Белград, поплавени улици и дел од автопатот

Ветер, град и пороен дожд го погодија Белград. Улици и автопат беа поплавени откако невреме го погоди српскиот главен град....

Топ18 часа

Двајца загинати во тешка сообраќајна несреќа во Скопје: мотоцикл излетал од коловозот и удрил во бетонски столб

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на крстосницата меѓу булеварите „8 Септември“ и „Никола Карев“ во Скопје две...

Македонија19 часа

(Фото) Република Македонија во Рим го одбележува денот на Свети Кирил и Методиј

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска и утре престојува во Рим, Италија, како член на државно-црковната делегација предводена...

Свет19 часа

Реакции на заканата од Трамп: Американските производители на виски, француската козметика и германската хемиска индустрија повикуваат на ублажување на тензиите

Откако Доналд Трамп повторно се закани дека ќе ја ескалира трговската војна и препорача воведување царина од 50 проценти за...

Македонија20 часа

Временска прогноза за викендов: дожд, грмежи, засилен ветер и пониски температури

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер. Пообилни...

Македонија21 час

Силно одбранбено партнерство и целосна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика, Мисајловски и Калас ги посетија Балканските медицински наменски сили

Министерот Владо Мисајловски и високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас денеска (23 мај)...

Македонија21 час

Прв Дијалог за безбедност и одбрана меѓу Европската Унија и Северна Македонија

Денеска, во рамки на официјалната посета на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, во...

Македонија22 часа

Собрани околу 2,5 милиони евра за настраданите во Кочани, од Црвениот крст велат во неколку наврати вршеле исплата

Во рамките на апелот на Црвениот крст за поддршка на настраданите од катастрофалниот пожар во Кочани од 16 март, досега...

Македонија24 часа

Мицкоски: Прифативме билатерална средба со Бугарија на маргините на НАТО, со присуство на претставници од ЕУ и САД

Премиерот Христијан Мицкоски откри дека прифатиле да седнат на маса со Бугарија на маргините на НАТО самитот со присуство на...

Македонија1 ден

Мицкоски повика на фер третман: Уморни сме од постојаните блокади поради билатерални прашања

Премиерот Христијан Мицкоски и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас имале отворен разговор за македонските...

Македонија1 ден

Сè уште се надеваме дека планот А ќе функционира, рече Калас прашана зошто за Украина има, а за Македонија нема план Б

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, вели дека во случајот со Северна Македонија сè...