Контакт

Домашен

Иџе: Не ја давам европската круна

Објавено пред

На македонскиот автомобилист, Игор Стефановски – Иџе, две трки до крајот на првенството му недостасува уште еден бод за да го задржи епитетот најбрз европски возач на ридски патеки
 

dobivaj vesti na viber

На македонскиот автомобилист, Игор Стефановски – Иџе, две трки до крајот на првенството му недостасува уште еден бод за да го задржи епитетот најбрз европски возач на ридски патеки

 

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе со победа во Швајцарија ја потврди високата класа и две трки пред крајот на Европскиот шампионат на ридски патеки е на чекор да одбрана на титулата. `Летечкиот Македонец` уште еднаш докажа дека нема рамноправен конкурент во ова натпреварување во групата Н и со вкупно време од 4:41.814 минути беше речиси 10 секунди подобар од второпласираниот Јиржи Лос од Чешка. Во групата А, триумфира второпласираниот во генералниот пласман Лукас Војачек, но само чудо може да го спречи македонскиот ас да не ја одбрани титулата. За таква разврска, Иџе треба да не оствари пласман на патеките во Словенија и во Хрватска, а Чехот да слави и на двете трки до крајот на шампионатот.„Ова беше исклучително тешка и напорна трка, пред се поради тешките временски услови. Немав друга опција освен да ризикувам на влажната патека, бидејќи немам намера да се откажам од европскиот трон. Според моите математики за нова титула потребен ми е само уште еден бод и се надевам дека ќе го освојам на следната трка за две недели во Словенија“, изјави Иџе.`Летечкиот Македонец` мината сезона победи во Швајцарија и ја освои првата европска титула, а тоа придонесе да стекне популарност кај овдешните фанови. Оваа година повторно ги израдува малубројните македонски фанови крај патеката, но за жал, не можеше со нив и да ја прослави и новата круна. „Ме израдуваа неколку македонски навивачи кои живеат и работат во Швајцарија и дојдоа да ме бодрат на оваа трка. Убаво е да се види развиорено македонското знаме на трибините. Тоа ми даде дополнителен мотив да дадам се од себе и да извојувам нова победа. Се надевам дека ги исполнив нивните очекувања и дека не зажалија што дојдоа на патеката и беа горди што се Македонци“, додаде Стефановски./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Домашен

Златна недела за „Алкалоид“

Објавено пред

РК Алкалоид викендов стана шестиот клуб во Македонија кој успеал да освои пехар од националното Куп натпреварување кое брои 32 сезони, вклучително со прекинатата ковид сезона 2019-20.

dobivaj vesti na viber

Зад Алкалоид е златна недела. Почнувајќи од 12 до 19 мај, седум дена во кои пионерите станаа државни прваци, потоа и младинците беа верификувани како шампиони, за конечно и кадетите да го подигнат шампионскиот пехар. Такво нешто во поновата историја му им успеано само на Металург, но немаше ни тие одличја да блеснат вака, ако успехот не беше комплетиран со пехар на сениорскиот тим.

Од улога на трет носител или аутсајдер во однос на двата најпознати колектива, Алкалоид потврди дека Куп е приказна во која непишаните правила важат исто колку и пишаните.

Огромна сатисфакција плус за тренерот/селектор и неколкуте репрезентативци што се градат во овој клуб е успешниот бараж на сениорската репрезентација.

Златна недела е сосема адекватен епитет за ракометниот колектив Алкалоид и уште една успешно штиклирана сезона.
Трета успешна од вкупно три, што е голем предизвик за четвртата.

Но, има и други причини да биде задоволен Алкалоид од наш агол можеби и поважни отколку погледот кон витрината сезонава.

Во Македонија (ова е личен став) има погрешно поставен систем на вредности кога се во прашање резултатите. Речиси сѐ е поставено во служба на резултатот преточен низ бројки и конечниот пласман што служи за задоволување на амбициие, желбите и вкусовите на спонзорите и на локалната јавност и посебните групи на фанови.

Најбрзиот и најефикасниот начин тоа да се постигне е вложување во готови производи во најголем дел странски играчи, надополнета со тоа што колку толку го нуди домашниот пазар.

Секој си го бира својот пат, подвлечено тоа си е клупска политика, но генерално ваквите приказни се успешни додека има пари. Повеќе пари, подобри резултати, но кога парите ќе секнат, а таа чешма кај нас знае брзо да се затвори, не останува ништо.
Примери што ќе го поткрепат ова има доволно, но тоа е тема што е многу обемна и заслужува поголем простор само за себе.

Алкалоид има и повеќе причини да биде задоволен, не само поради шампионските пехари во младинските категории и пехарот во Куп на Македонија.

За само три години овој колектив покажа дека работи по поинаква матрица од споменатиот систем на вредности и во моментов е еден од најдобро организираните ракометни колективи, иако има најмало искуство и логично т.н. детски болести што едноставно мора да се прележат. Но, логистички во сите сфери, Алкалоид е на ниво на европски клуб.

Во прилог е клупската стратегија, определба и решителност да се докаже дека резултати со бројки можат да се постигнат и со домашни ракометари, ако им се даде вистинска шанса, се работи квалитетно и истрајно.
Инвестирање во организација и работа со млади категории, селекцијата и условите уште во првата сезона донесоа пехар, а во третата комплетна доминација.

Може да биде задоволен што ги извади за кратко време на ниво да бидат забележани и од странство играчи како Марко Митев, зад него е Дамјан Митев, новата ѕвезда Иван Галевски итн. Но, ќе чуете многу повеќе уште летово и за браќата Узунчеви, потоа онаа многу добра кадетска екипа со уште еден голман со огромен потенцијал како Ѓорги Николовски, потоа бековите Христијан Гурмешевиќ, Марин Крстевски итн.

Во Македонија системот на вредности, сепак, најмногу се гледа низ резултатите како бројки, а достигнувањата на Алкалоид во организацискиот дел, младите категории итн. немаше да бидат вистински вреднувани доколку во клубот не стигнеше пехар во сениорска конкуренција. За да се заработи респект, треба да се победи и да се освои пехар.

Со победите над Вардар и Е. Пелистер во Куп на Македонија го мина и тоа ниво од играта.

Сега, со нескриена љубопитност и нетрпение чекаме да видиме каков ќе биде нивниот следен чекор. Многу работи зависат од тоа како ќе изгледа следното ниво, не само за клубот, туку и за репрезентацијата и генерално и за целиот ракомет во Македонија.

 

Прикажи повеќе...

Домашен

Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“

Објавено пред

Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.

dobivaj vesti na viber

„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.

Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.

Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.

Прикажи повеќе...

Домашен

(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење

Објавено пред

Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).

dobivaj vesti na viber

Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.

„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.

Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Откриено е што САД ѝ нудат на Русија: „Сакаа да објават ударна вест веднаш по Алјаска“

Американски и руски владини претставници разговараа за неколку енергетски договори на маргините на мировните преговори за Украина што се одржаа...

Свет3 часа

(Видео) Боинг со 250 патници принудно слета во Русија, имаше дефект на моторот

Авион на „Ер Чајна“ што леташе од лондонски Хитроу до Пекинг утрово изврши непланирано слетување во Русија по дефект на...

Македонија3 часа

Влада: Се конкретизираат работите за изградба на третата фаза од пругата од Крива Паланка до границата со Бугарија како и изградба на тунелот како гранична точка

„По средбата на високо ниво меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и вицепремиерот и министер за транспорт на...

Македонија3 часа

„Не било доволно папаја, манго, аспарагус и други егзотични овошја, Министерството за одбрана набавува кафе и алкохол за 31.000 евра“, велат од СДСМ

„Додека стандардот на граѓаните постојано опаѓа и семејствата едвај врзуваат крај со крај, владата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжува...

Македонија4 часа

„Народот денес е побогат од времето на СДС, единствена разлика е што нема милиони за Филипче и Заев од државниот буџет“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче одамна изгубил чувство за реалноста, очигледно некаде по првиот тендер како министер за здравство, но сега откако беше...

Македонија8 часа

Кривична пријава за градоначалникот на Делчево: вработил лице што исполнувало услови за пензија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 25.08.2025 до ОЈО Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т. (54) од Делчево поради...

Македонија8 часа

Алиу: Очекувам објективни резултати од анализата на кардиолошките и на кардиоваскуларните интервенции

Министерот за здравство Азир Алиу утрово одржа состанок со интерната комисија задолжена за изготвување прелиминарна анализа на кардиолошките и на...

Македонија9 часа

Славевски најави мерки за поттикнување поповолно кредитирање за купување станови

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижностите, Иван Живковски, денеска оствари работна средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славевски....

Македонија9 часа

Во текот на изминатото деноноќие изгаснати 20 пожари во Македонија

Во текот на изминатото деноноќие, на ден 25/26.08.2025 година, на територијата на Македонија имаше вкупно 23 пожари на отворен простор,...

Топ10 часа

Уапсен возач во Кичево – усмртил пешак на пешачки премин и избегал од местото на несреќата

Полицијата уапси возач во Кичево кој со возило удрил во пешак и избегал, а пешакот подоцна починал во болница во...

Македонија11 часа

Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза

Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза (вистинското име и е Агнеса Гонџа Бојаџиу). Таа е родена...

Македонија11 часа

„Влен“: Обвинителството да постапи по извештајот од ревизијата за Бујар Османи

Еден месец помина од јавно објавениот негативен извештај на Државниот завод за ревизија за трошењата во Министерството за надворешни работи...

Свет13 часа

Австралија: Иран нарача најмалку два антисемитски напада во нашата земја

Австралија денес објави дека ќе го протера амбасадорот на Иран во Канбера, а премиерот Ентони Албанезе го обвини Техеран за...

Македонија13 часа

Борче Стамов и д-р Ирфан Ахмети ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“

Борче Стамов од „Донирај компјутери“ и доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија, денеска, во Собранието, ќе ја...

Македонија23 часа

(Видео) Во потрага по храна, мечка се качи на тераса од семејна куќа во Тетовско

Мечка се качила на тераса од семејна куќа во тетовското село Отуње. Членовите на семејството биле во внатрешноста на куќата,...

Македонија1 ден

Голема акција на Финансиската полиција: уапсени седум лица за даночни измами и перење пари, го оштетиле буџетот за 430 милиони денари

По двегодишна опсежна предистражна постапка, во текот на денешниот ден Управата за финансиска полиција спроведе акција во која беа извршени...

Македонија1 ден

Предложен притвор за таткото што тепаше играчи на фудбалскиот натпревар во Штип

Основното јавно обвинителство Штип денеска поведе итна постапка против едно лице за кривично дело – Насилство. Осомничениот извршил грубо насилство...

Свет1 ден

Застрашувачки снимки од напад врз болница во Газа, меѓу загинатите има и новинари

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“ во градот Кан Јунис во...

Македонија1 ден

Поскапуваат бензините и дизелот

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика,...

Македонија1 ден

Алиу на средба со д-р Кедев: Сите што имаат информација за евентуални неправилности да се обратат до Министерството

Министерот за здравство Азир Алиу денеска оствари средба со д-р Сашко Кедев, на која беа разменети информации во врска со...