Контакт

Домашен

Играчите на Металург се огласија: Червар е виновен за кризата

Објавено пред

Ракометарите на Металург не отпатуваа за Загреб, каде во средата требаше да го одиграат натпреварот од шестото коло во регионалната СЕХА лига. Натпреварот е откажан, а раководството на СЕХА лигата дополнително ќе решава дали и какви санкции ќе има кон Металург.

dobivaj vesti na viber

Со овој последен настан само кулминираше кризата која е присутна во клубот во изминатиот месец. Во вторникот, ракометарите од првиот тим, најпрвин имале состанок со раководството и тренерот, а откако истиот завршил тие решиле да на се појават на тренингот и да патуваат на мечот во Загреб.

Иако последниот месец се шпекулира дека главниот проблем во клубот се финасиите, односно дека играчите од мај годинава не примиле плата, според ракометарите, главен виновник за незавидната положба во која се најде клубот е тренерот Лино Червар.

Играчите од првиот тим на Металург по случувањата во вторникот решија на јавноста да и се обратат со соопштение, истото го пренесуваме во целост.

 

Почитувани љубители на ракометот, и на спортот воопшто, и наши верни навивачи,

Имаме обврска и потреба да ве запознаеме со најновите настани во нашиот клуб РК

Металург. Од вчерашниот ден сите играчи на клубот РК Металург повеќе не одат на редовни тренинзи, од причина што сме длабоко разочарани и огорчени од начинот на кој со нас се однесува раководството на клубот, заедно со тренерот Червар, и која состојба трае веќе еден период и која за нас претставува голем проблем, а нема никаква врска со финансиската состојба во која се наоѓа клубот.

Малкумина се запознаени со односот на тренерот кон нас, кој постојано го омаловажува нашиот учинок во клубот, како и сето она што досега сме го постигнале, дури и во најтешките ситуации и наш впечаток е дека негов интерес не е ниту Металург, ниту ние како играчи, ниту пак нови домашни кадри, туку свој личен интерс, а тоа е што подолго да се остане во клубот по секоја цена, притоа без никаква емоција кон спортот, клубот или играчите.

Од август оваа година сите почнавме со нови сили, ентузијазам и еуфорија дека оваа сезона, како и минатата, повторно ќе бидеме едни од најдобрите во Европа, неприкосновени во Македонија, и дека повторно ќе носиме радост и задоволство на сите луѓе што се радуваа на нашите успеси. Меѓутоа, уште на почетокот на сезоната нашиот тренер почна со некои нови концепти, нејасни за никого, освен веројатно за него, кои самиот решил да ги спроведува по секоја цена, на која краен исход е само сопствена егзистенција во клубот.

Го поздравивме неговиот напор да се засили екипата со уште нови играчи бидејќи минатата сезона беше многу напорна и реално требаа уште играчи за да може да се издржи истото темпо. Но, концептот да се уништат оние со кои досега беа постигнати едни од најдобрите резултати во клубот не е во ред, особено што повеќето се домашни играчи кои со срце и душа играат за клубот.

Одговорно тврдиме дека повеќето натпревари кои досега ги изигравме, а кои ги изгубивме, лесно можеа да се добијат, но од нејасни причини тренерот и раководството правеа нарационални потези, поради кои ние не бевме во можност да победиме. Како на пр. оставањето на Станиќ и Атман во Скопје за натпреварот со Брест, а кои по тој натпревар сè уште беа членови на клубот, чудни потези и негово нетипично однесување на натпреварот во Загреб каде што реално можевме да си отидеме како победници.

Токму затоа, не чудат ваквите постапки на тренерот бидејќи сите ние сме во клубот, и во спортот воопшто, со една цел, а тоа е секогаш да одиме на победа и да се искористи максимумот кој го поседуваме, а тоа често пати оваа сезона не беше случај.

Како некој намерно да сака да губиме, само за да се омаловажи квалитетот на одредени играчи. Меѓутоа, тажно е што вложуваме толку труд, а изгубеното тешкоможе да се надомести.

Наше мислење беше дека сè уште може да се спаси оваа сезона, што беше секако и наша најголема желба, меѓутоа, со ваквите потези и размислување стана невозможно.

Од страна на тренерот постојано има желба за раслојување на играчите, со постојани перфидни игри кои неуморно секојдневно ги игра, а наша желба е само да бидеме еден тим кој заеднички ќе функционира со иста цел.

Сакаме уште еднаш да кажеме дека последните изгубени натпревари немаат никаква врска со финансиската ситуација на клубот, бидејќи ние секогаш се бориме за победа, платени или неплатени, туку само со тенденциозно водење на кадарот со цел да се изгуби, со стратегија и план кои немаат никаков резон.

Не сакаме да се откажеме од она што сме го создале тука, ниту пак ќе дозволиме одредени личности да тврдат дека како Македонци сме лесни за манипулација. Досега молчевме од причина што сме воспитани и бевме лојални на клубот, меѓутоа, последната состојба беше неиздржлива за сите играчи, млади, стари, домашни и странски, па токму поради сите заедно се решивме на ваков радикален чекор.

Што се однесува до спонзорот Јорданов, ние баравме директна средба со него мислејќи дека тоа и сме го заслужиле бидејќи најчесно си ја извршувавме својата работа. Досега бевме толерантни во однос на финансиите, но условите за работа со раководството и тренерот станаа невозможни за сите“.

 

Со почит,

Играчите на РК Металург

крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Домашен

Златна недела за „Алкалоид“

Објавено пред

РК Алкалоид викендов стана шестиот клуб во Македонија кој успеал да освои пехар од националното Куп натпреварување кое брои 32 сезони, вклучително со прекинатата ковид сезона 2019-20.

dobivaj vesti na viber

Зад Алкалоид е златна недела. Почнувајќи од 12 до 19 мај, седум дена во кои пионерите станаа државни прваци, потоа и младинците беа верификувани како шампиони, за конечно и кадетите да го подигнат шампионскиот пехар. Такво нешто во поновата историја му им успеано само на Металург, но немаше ни тие одличја да блеснат вака, ако успехот не беше комплетиран со пехар на сениорскиот тим.

Од улога на трет носител или аутсајдер во однос на двата најпознати колектива, Алкалоид потврди дека Куп е приказна во која непишаните правила важат исто колку и пишаните.

Огромна сатисфакција плус за тренерот/селектор и неколкуте репрезентативци што се градат во овој клуб е успешниот бараж на сениорската репрезентација.

Златна недела е сосема адекватен епитет за ракометниот колектив Алкалоид и уште една успешно штиклирана сезона.
Трета успешна од вкупно три, што е голем предизвик за четвртата.

Но, има и други причини да биде задоволен Алкалоид од наш агол можеби и поважни отколку погледот кон витрината сезонава.

Во Македонија (ова е личен став) има погрешно поставен систем на вредности кога се во прашање резултатите. Речиси сѐ е поставено во служба на резултатот преточен низ бројки и конечниот пласман што служи за задоволување на амбициие, желбите и вкусовите на спонзорите и на локалната јавност и посебните групи на фанови.

Најбрзиот и најефикасниот начин тоа да се постигне е вложување во готови производи во најголем дел странски играчи, надополнета со тоа што колку толку го нуди домашниот пазар.

Секој си го бира својот пат, подвлечено тоа си е клупска политика, но генерално ваквите приказни се успешни додека има пари. Повеќе пари, подобри резултати, но кога парите ќе секнат, а таа чешма кај нас знае брзо да се затвори, не останува ништо.
Примери што ќе го поткрепат ова има доволно, но тоа е тема што е многу обемна и заслужува поголем простор само за себе.

Алкалоид има и повеќе причини да биде задоволен, не само поради шампионските пехари во младинските категории и пехарот во Куп на Македонија.

За само три години овој колектив покажа дека работи по поинаква матрица од споменатиот систем на вредности и во моментов е еден од најдобро организираните ракометни колективи, иако има најмало искуство и логично т.н. детски болести што едноставно мора да се прележат. Но, логистички во сите сфери, Алкалоид е на ниво на европски клуб.

Во прилог е клупската стратегија, определба и решителност да се докаже дека резултати со бројки можат да се постигнат и со домашни ракометари, ако им се даде вистинска шанса, се работи квалитетно и истрајно.
Инвестирање во организација и работа со млади категории, селекцијата и условите уште во првата сезона донесоа пехар, а во третата комплетна доминација.

Може да биде задоволен што ги извади за кратко време на ниво да бидат забележани и од странство играчи како Марко Митев, зад него е Дамјан Митев, новата ѕвезда Иван Галевски итн. Но, ќе чуете многу повеќе уште летово и за браќата Узунчеви, потоа онаа многу добра кадетска екипа со уште еден голман со огромен потенцијал како Ѓорги Николовски, потоа бековите Христијан Гурмешевиќ, Марин Крстевски итн.

Во Македонија системот на вредности, сепак, најмногу се гледа низ резултатите како бројки, а достигнувањата на Алкалоид во организацискиот дел, младите категории итн. немаше да бидат вистински вреднувани доколку во клубот не стигнеше пехар во сениорска конкуренција. За да се заработи респект, треба да се победи и да се освои пехар.

Со победите над Вардар и Е. Пелистер во Куп на Македонија го мина и тоа ниво од играта.

Сега, со нескриена љубопитност и нетрпение чекаме да видиме каков ќе биде нивниот следен чекор. Многу работи зависат од тоа како ќе изгледа следното ниво, не само за клубот, туку и за репрезентацијата и генерално и за целиот ракомет во Македонија.

 

Прикажи повеќе...

Домашен

Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“

Објавено пред

Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.

dobivaj vesti na viber

„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.

Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.

Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.

Прикажи повеќе...

Домашен

(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење

Објавено пред

Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).

dobivaj vesti na viber

Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.

„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.

Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 часа

Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета...

Свет5 часа

Трамп: Царината од 100 отсто за кинеска стока не е одржлива, но бев принуден на тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата најавена царина од 100 проценти на кинеска стока не е одржлива, но дека...

Македонија5 часа

Контролорите за летање нема да штрајкуваат, но обвинуваат за незаконска одлука и лоши услови за работа без вода и систем за греење

Струковиот синдикат на контролори на летање на Македонија соопшти дека ќе ја почитува одлуката на Граѓанскиот суд во Скопје со...

Македонија7 часа

Одобрено обвинението против сопственикот на фирмата за обезбедување на „Пулс“

Кривичниот суд информира дека е одобрено и второто обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со што предметот преминува...

Топ8 часа

Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување...

Топ8 часа

Пукање во Ѓорче Петров, жител пријавил дека му е скршен прозорецот од дневната соба, а во куќата нашол две зрна од оружје

Доцна синоќа во 03:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(39) од Скопје пријавил дека околу 02:50 часот, додека бил во неговиот...

Македонија10 часа

Се гледаме во вториот круг, рече Шукова и повика недела да биде празник на демократијата и на слободата на одлучување

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, ја заокружи кампањата за првиот изборен круг со повик до граѓаните...

Македонија11 часа

Секој изгубен ден во политички престрелки е изгубена можност за Скопје, в недела масовно да излеземе, повика Ѓорѓиевски

На последниот ден од изборната кампања за првиот круг на локалните избори, кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО- ДПМНЕ,...

Македонија11 часа

Андоновски: Македонија добива современ и сеопфатен план за дигитален развој

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ја претстави новата Национална стратегија за информатичко-комуникациски технологии – „СМАРТ/МК 2030“, со што,...

Свет12 часа

Нема моќно оружје за Украина: Трамп ја менува приказната по разговорите со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, но има сè повеќе знаци...

Македонија12 часа

(Фото) Министерот за здравство се вакцинира против грип: Апелирам граѓаните навреме да се заштитат

Министерот за здравство Азир Алиу денеска го посети одделението за епидемиологија во Гостивар, каде и тој прими вакцина против сезонскиот...

Европа15 часа

(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром, каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската...

Свет15 часа

Зеленски реагира на најавениот самит Трамп – Путин: тој денес пристигнува во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на...

Европа15 часа

(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади „томахавки“ на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин ја споменал можноста Украина...

Регион15 часа

Пицула ја критикува ЕУ за пофалбите што ги дава на Србија: „Наместо тоа, барајте вистински реформи“

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека претставниците на ЕУ треба да се воздржат од прекумерно фалење...

Свет16 часа

Дописник на Би-би-си: Заборавете на „томахавките“, состанокот Трамп – Путин е ладен туш за Украинците

Доналд Трамп повторно се обидува да ги комбинира дипломатијата и политиката на моќ – овој пат помеѓу Москва и Киев....

Македонија16 часа

Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека...

Свет1 ден

Трамп по телефонскиот разговор: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта

Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, еден ден пред најавената средба со украинскиот...

Македонија1 ден

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна....

Македонија1 ден

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...