Домашен
Кире Лазаров и Лина Ѓорческа спортисти на Македонија за 2016
Ракометарот Кирил Лазаров и тенисрката Лина Ѓорческа се прогласени за најдобри спортисти на Македонија во 2016 година.
Во традиционалниот избор на Сојузот на спортови на Македонија и Агенцијата за млади и спорт лауреати се и Блгоја Милевски, младата фудбалска репрезентација на Македонија, женската раскометна репрезентација, Шаховската федрација на Македонија, Филип Талевски, Моника Пендаровска и Оливера Наковска-Бикова.
Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаро, трет пат во кариерата е добитник на наградата за најдобар спортист на Македонија.
„Наградата преставува огомна чест. Ние во ракометот имавме една турулентна година, но мораме да учиме од грешките. Имаме потенцијал, знам дека Македонија не треба да се грижи за иднината. Веувам дека ќе направиме многу успеси во 2017 година“, рече Лазаров.
Лина Ѓорческа прв пат во кариерата ја доби оваа награда, таа е првата Македонска која настапила на еден гренд слем турнир.
„Благодарам на сите кои ми помогнаа да стигна тука. Се недевам дека довербата ќе ја оправдам веќе на Австралија Опен. Им посакувам среќа на младите фудбалери на ЕП. Би сакала наредната година да биде исполнета со уште повеќе спортски успеси и повотрно да се видиме тука“, рече Ѓорческа.
За најдобри млади спортисти се прогласени ракометарот на Металург и македонски репрезентативец Филип Талевски и репрезентативката во карате Моника Пендаровска.
Најуспешен тренер е селекторот на младата репрезентација во фудбал Благоја Милевски.
Малдите фудбалери се најуспешен национален тим во мажка, а ракометарките кои изборија пласман во баражот за СП во женска конкуренција.
Шаховската федерација на Македонија е најуспешната спортска федерација, додека најдобар спортист со инвалидитет е Оливера Наковска-Бикова. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.