Контакт

Домашен

Клубовите со иницијатива за вонредно Собрание и смена на Петар Наумовски

Објавено пред

Здружението на кошаркарски прволигаши (ЗКПЛМ) поднесе иницијатива за свикување на вонредно Собрание на кое ќе треба да биде решена судбината на првенството, чиј старт доцни еден месец, но и судбината на претседателот на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), Петар Наумовски.

dobivaj vesti na viber

ЗКПЛМ, во вторникот, до канцеларијата на МКФ ја достави иницијативата за свикување на вонредно Собрание. Иницијативата е потпишана од сите 12 клубови кои имаат право на глас во Собранието, како и второлигашот Радовиш и три клуба од женското првенство.Покрај решавањето на статус-кво ситуацијата со домашното првенство, чиј старт доцни еден месец, клубовите на вонредното Собрание ќе бараат и смена на претседателот на МКФ, Петар Наумовски. За потсетување, несогласувањата започнаа на 7-ти октомври, кога Управниот одбор на МКФ ја донесе одлуката за зголемување на таксите за регистрација на странските кошаркари и кошаркарки, за кои клубовите оценија дека се превисоки. Клубовите бараат таксите за регистрација на играчите да не се менуваат, бидејќи финансиски не можат да го издржат тој товар. Покрај тоа, од Здружението на прволигаши од МКФ побараа тие да го избираат комесарот за натпреварување и сами да ја водат Првата лига.МКФ во меѓувреме реши делумно да ја суспендира одлуката на Управниот одбор донесена на 7-ми октомври, а која се однесуваше на висината на таксите за регистрација на домашните кошаркари и кошаркарки во сите рангови на натпреварување и таа да си остане иста како и во сезоната 2015/2016, додека на сила останува одлуката за висината на таксите за странските играчи во македонската кошарка.  крај/мф/нц

Домашен

Тажна вест: Почина поранешниот кошаркар на Пелистер, Зоран Петковски

Објавено пред

На 47-годишна возраст по боледување почина поранешниот кошаркар и легенда на Пелистер, Зоран Петковски.

dobivaj vesti na viber

Веста ја соопшти клубот од Битола, кој на социјалните мрежи се прости својот поранешен играч и тренер.

Петковски своите кошаркарски почетоци ги имаше токму во зелено-белиот дрес, беше и младински репрезентативец на Македонија во одличната генерација предводена од Митко Луковски, а потоа во кариерата ги бранеше и боите на Куманово, Вардар, МЗТ Скопје, Соколи, повторно Пелистер,па Радовиш.

Кога ја почна тренерската кариера тој седна на клупата на КК Пелистер, тим со кој обезбеди влез во елитното друштво. Пред неколку години тој беше и дел од управата на „пелистерци“.

Прикажи повеќе...

Домашен

Златна недела за „Алкалоид“

Објавено пред

РК Алкалоид викендов стана шестиот клуб во Македонија кој успеал да освои пехар од националното Куп натпреварување кое брои 32 сезони, вклучително со прекинатата ковид сезона 2019-20.

dobivaj vesti na viber

Зад Алкалоид е златна недела. Почнувајќи од 12 до 19 мај, седум дена во кои пионерите станаа државни прваци, потоа и младинците беа верификувани како шампиони, за конечно и кадетите да го подигнат шампионскиот пехар. Такво нешто во поновата историја му им успеано само на Металург, но немаше ни тие одличја да блеснат вака, ако успехот не беше комплетиран со пехар на сениорскиот тим.

Од улога на трет носител или аутсајдер во однос на двата најпознати колектива, Алкалоид потврди дека Куп е приказна во која непишаните правила важат исто колку и пишаните.

Огромна сатисфакција плус за тренерот/селектор и неколкуте репрезентативци што се градат во овој клуб е успешниот бараж на сениорската репрезентација.

Златна недела е сосема адекватен епитет за ракометниот колектив Алкалоид и уште една успешно штиклирана сезона.
Трета успешна од вкупно три, што е голем предизвик за четвртата.

Но, има и други причини да биде задоволен Алкалоид од наш агол можеби и поважни отколку погледот кон витрината сезонава.

Во Македонија (ова е личен став) има погрешно поставен систем на вредности кога се во прашање резултатите. Речиси сѐ е поставено во служба на резултатот преточен низ бројки и конечниот пласман што служи за задоволување на амбициие, желбите и вкусовите на спонзорите и на локалната јавност и посебните групи на фанови.

Најбрзиот и најефикасниот начин тоа да се постигне е вложување во готови производи во најголем дел странски играчи, надополнета со тоа што колку толку го нуди домашниот пазар.

Секој си го бира својот пат, подвлечено тоа си е клупска политика, но генерално ваквите приказни се успешни додека има пари. Повеќе пари, подобри резултати, но кога парите ќе секнат, а таа чешма кај нас знае брзо да се затвори, не останува ништо.
Примери што ќе го поткрепат ова има доволно, но тоа е тема што е многу обемна и заслужува поголем простор само за себе.

Алкалоид има и повеќе причини да биде задоволен, не само поради шампионските пехари во младинските категории и пехарот во Куп на Македонија.

За само три години овој колектив покажа дека работи по поинаква матрица од споменатиот систем на вредности и во моментов е еден од најдобро организираните ракометни колективи, иако има најмало искуство и логично т.н. детски болести што едноставно мора да се прележат. Но, логистички во сите сфери, Алкалоид е на ниво на европски клуб.

Во прилог е клупската стратегија, определба и решителност да се докаже дека резултати со бројки можат да се постигнат и со домашни ракометари, ако им се даде вистинска шанса, се работи квалитетно и истрајно.
Инвестирање во организација и работа со млади категории, селекцијата и условите уште во првата сезона донесоа пехар, а во третата комплетна доминација.

Може да биде задоволен што ги извади за кратко време на ниво да бидат забележани и од странство играчи како Марко Митев, зад него е Дамјан Митев, новата ѕвезда Иван Галевски итн. Но, ќе чуете многу повеќе уште летово и за браќата Узунчеви, потоа онаа многу добра кадетска екипа со уште еден голман со огромен потенцијал како Ѓорги Николовски, потоа бековите Христијан Гурмешевиќ, Марин Крстевски итн.

Во Македонија системот на вредности, сепак, најмногу се гледа низ резултатите како бројки, а достигнувањата на Алкалоид во организацискиот дел, младите категории итн. немаше да бидат вистински вреднувани доколку во клубот не стигнеше пехар во сениорска конкуренција. За да се заработи респект, треба да се победи и да се освои пехар.

Со победите над Вардар и Е. Пелистер во Куп на Македонија го мина и тоа ниво од играта.

Сега, со нескриена љубопитност и нетрпение чекаме да видиме каков ќе биде нивниот следен чекор. Многу работи зависат од тоа како ќе изгледа следното ниво, не само за клубот, туку и за репрезентацијата и генерално и за целиот ракомет во Македонија.

 

Прикажи повеќе...

Домашен

Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“

Објавено пред

Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.

dobivaj vesti na viber

„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.

Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.

Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија1 час

До 1 милион евра помош од државата ќе добијат компании за истражување и развој, а 4.400 евра годишно по лице ќе добиваат компаниите со нови вработувања

За да ја намали невработеноста за 20 %, колку што бара од нас Европската Унија, Владата од овој месец нуди...

Топ2 часа

МВР со детали за смртта на двегодишното дете: Пред полноќ со мајката гледале огномет, па забележала крв на главата

МВР објави детали за трагедијата на новогодишната ноќ, по што загина двегодишно дете во Скопје. Според информациите од полицијата, на...

Топ3 часа

Осомничен за убиството во Старата чаршија уапсен на Косово, почнува постапка за екстрадиција

Обвинителството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против турски државјанин за кого постои основано сомнение дека е извршител на кривично...

Македонија3 часа

Кочани по трагедијата во Швајцарија: „Со вас сме, не како набљудувачи, туку како родители што ја носат истата рана“

Родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани упатија јавно сочувство до семејствата на жртвите во пожарот во...

Свет4 часа

(Видео) Објавена снимка од почетокот на пожарот: таванот гори, едно момче се обидува да го изгаси

Видео кое прикажува обид за гаснење на пожарот што се прошири низ таванот на барот Le Constellation во Швајцарија се...

Топ5 часа

Почина двегодишно дете повредено на новогодишната ноќ, обвинителството нареди обдукција

Двегодишното дете кое беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ, утринава почина на клиника во Скопје. Основното јавно обвинителство...

Топ5 часа

Поднесено обвинение за скопјанецот кој усмрти велосипедист на булеварот „Гоце Делчев“

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за – Тешки дела против безбедноста на...

Македонија6 часа

Поднесено обвинение за злоупотреби и измами со набавките во РЕК Битола, обвинети се директори и раководители

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против осум физички и едно правно лице за злоупотреби поврзани...

Свет7 часа

Родители на исчезнат тинејџер: „Нарачаа шише шампањ со прскалка, минута или две подоцна се случи апокалипсата“

Родителите на 16-годишен тинејџер кој исчезна по смртоносниот пожар во барот во швајцарскиот скијачки центар Кранс-Монтана се надеваат дека нивниот...

Свет7 часа

Мамдани положи заклетва на Куранот и стана првиот муслиман градоначалник на Њујорк

Демократот Зохран Мамдани вчера официјално ја презеде функцијата градоначалник на Њујорк, ветувајќи за време на јавната церемонија на положување заклетва...

Свет8 часа

(Вознемирувачко видео) Луѓе бегаат во паника од пожарот во Швајцарија

Снимка што кружи на социјалните мрежи покажува луѓе како бегаат во паника од барот во ски-центарот во Швајцарија во кој...

Македонија17 часа

Министерството за здравство ги разгледува можностите и капацитетите за поддршка на Швајцарија за згрижување на повредените од трагичниот пожар

Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на...

Македонија18 часа

Понудена помош за справување со трагичната несреќа: телефонски разговор на Муцунски со швајцарскиот амбасадор Зомер

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по...

Македонија24 часа

(Видео) Мицкоски: И во април 2026 ќе има линеарно зголемување на пензиите, со тоа се намалува сиромаштијата кај оваа група граѓани

Во текот на денешната работна посета на општина Кавадарци, премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарските прашања се осврна на зголемувањето...

Топ1 ден

МВР со детали за убиството во Старата скопска чаршија: загина маж од Турција

Денеска во 01:11 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект во Стара скопска чаршија“ бил нарушен јавниот...

Македонија1 ден

Двегодишно дете во животно загрижувачка состојба, Тошковски потврди дека случајот е под истрага

Новогодишната ноќ низ целата држава поминала мирно, а за стабилна безбедносна состојба на терен имало засилено полициско присуство, информираше денеска...

Свет1 ден

(Видео) „Пиротехника поставена на шишиња со пијалоци го запалија таванот, а потоа се појави паника“: сведоци ги опишаа деталите од трагедијата на новогодишната ноќ во Швајцарија

Сведоците на трагедијата во барот „Le Konstelasion“ во Кран-Монтана тврдат дека пожарот, во кој загинаа повеќе од десетина луѓе, а...

Свет1 ден

Зеленски: Мировниот договор е 90 проценти завршен, но клучните десет, одлучуваат сè

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето новогодишно обраќање до нацијата изјави дека Украина сака крај на војната, но не по...

Македонија1 ден

Нов живот, нова надеж, малата Евгенија е првото родено бебе во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Малата Евгенија е првото родено бебе во Скопје, објави на социјалните мрежи градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски по посетата на...

Македонија1 ден

Наследството на Глигоров е патоказ за нашата борба: СДСМ оддаде почит на ликот и делото на Киро Глигоров

По повод 14 годишнината од смртта на првиот претседател на независна и суверена Македонија, Киро Глигоров, делегација на СДСМ, во...