Контакт

Домашен

Македонија со петтмина пливачи на СП во 25-метарски базени

Објавено пред

Канадскиот град Виндзор од 6. до 11.декември ќе биде домаќин на Светско првенство во пливање во 25-метарски базени. На Светското првенство учествуваат повеќе од 1.000 пливачи од 176 земји.

На 13-от Мундијалот во „мали базени“ учествува и Македонија која настапува со пет пливачи. Анастасија Богдановски, во женска и Дамјан Петровски, Марко Блажевски, Горазд Чепишевски и Љупчо Ангеловски во машка конкуренција.

Пливачите се придружувани од тренерите Методија Ангелески, Горан Стаменов и Боро Блажевски. крај/мф/нц

Домашен

Трката „Прв до врв“ ќе се одржи на 16 мај во согласност со антиковид-мерките

Објавено пред

По вчерашното олеснување на здравствените мерки, со кои се дозволуваат спортски активности на отворено, „Прв до врв“ – Водно 2021 ќе се одржи во предвидениот термин на 16 мај.

Организаторите на настанот соопштија дека, наместо масовен, ќе се организира старт во бранови, при што ќе се запази мерката за потребно растојание меѓу учесниците. Понатаму, пред трката, за време на стартот и по минувањето на целта, натпреварувачите ќе носат маски. Освен прогласувањето на победниците, по трките не се предвидени дополнителни содржини, односно задржување и групирање на натпреварувачите.

Максималниот број учесници во трките е ограничен на 450 лица.

Пријавувањето за трките во планинско трчање, друмски и планински велосипедизам е сѐ уште отворено преку веб-страницата на организаторот, www.prvdovrv.mk.

Настанот го организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје.

Прикажи повеќе...

Домашен

Македонски маунтинбајк тим по првпат на една од најзначајните етапни трки во светот

Објавено пред

Тимот на велосипедскиот клуб „Енерџи“ од Скопје, Дуња Иванова и Љубиша Кондев, од 20 до 24 април ќе посегне по освојување на предизвикот наречен ,,4 Острови” во Хрватска, етапна трка што се смета за една од најзначајните во светот.

Класифицирана како S1 категорија според Интернационалниот сојуз за велосипедисзам (UCI), претставниците на ВК „Енерџи“ за пет дена ќе поминат околу 270 километри со вкупна елевација од 5.000 метри, минувајќи низ исклучителни технички патеки, сериозни искачувања и предизвикувачки спустови низ островите Крк, Раб, Црес и Лошињ.

,,4 Острови” е уникатен натпревар за лиценцирани велосипедисти на кој досега учествувале претставници од преку 33 земји од светот меѓу кои и професионалната маунтинбајк елита.

Љубиша Кондев е актуелен и повеќегодишен државен првак во планински велосипедизам во Македонија, познат по бројните титули освоени на натпреварите организирани во Словенија, Хрватска, Грција, Србија, Бугарија, Турција, Италија. Кондев е еден од првите Македонци евидентиран на ранг листата на Интернационалниот сојуз за велосипедисзам (UCI) и тренер по велосипедизам со сертификат UCI Level 2.

Дуња Иванова е актуелен државен првак на Македонија во планински велосипедизам, како и во категориите друмско-ридски, хронометар и велокрос.

Подготовките за престојната трка ,,4 Острови” велосипедистите ги вршат под водство на тренерот Дејан Новковски.

Прикажи повеќе...

Домашен

(Видео) Поради вчерашните пцости пред камерите, Несторовски нема да игра против Германија

Објавено пред

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, одлучи да не го ставa во составот Илија Несторовски за квалификацискиот меч со Германија откако фудбалерот синоќа, по постигнувањето на голот против Лихтенштајн, се упати кон една од камерите и искажа вулгарни зборови.

„Бидејќи вчера на прес-конференцијата кажав дека откога ќе ја гледам снимката, ќе ја коментирам ситуацијата со Несторовски, сакам да ѝ го соопштам на јавноста следното:

Најпрвин драго ми е што се извини и што даде свое објаснување зошто го направил тоа, но такво однесување од репрезентативец не може да помине несанкционирано, затоа е ослободен од обврските за следниот натпревар со Германија“, соопшти Ангеловски.

Напаѓачот на Удинезе на вчерашниот натпревар против Лихтенштајн од пенал го постигна петтиот гол, па реагира бурно, а по мечот истакна дека поракта што ја упатил е за три личности, кои во изминатите денови му се заканувале нему и на семејството.

Сепак, многумина пред малите екрани сфатија како пораката да е упатена кон пошироката јавност, која во изминатиот период, а особено по натпреварот со Романија, упати критики за играта на македонскиот репрезентативец.

Пред селекторот да ја соопшти одлуката, Несторовски уште еднаш јавно се извини нагласувајќи дека неговиоте зборови во никој случај не биле упатени кон целата јавност и рече дека ќе прифати секоја одлука што ќе ја донесе стручниот штаб.

„Како може некој тогаш да помисли дека им се обраќам на сите критичари додека ја имам капитенската лента во тој момент. Беше за поединци. A со критикитe сум навикнат да се справувам уште од почетокот на мојата кариера“, посочи напаѓачот.

Македонскиот национален тим ќе гостува во Германија на 31 март.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ26 минути

Тешка сообраќајна несреќа синоќа во Скопје, неколку лица завршија во болница

Синоќа во 23:50 часот, десетина минути пред почетокот на полицискиот час, во Скопје се случила тешка сообраќајна несреќа на  крстосницата кај...

Македонија2 часа

Пристигна нова пратка од 9.360 дози вакцини на „Фајзер“

Министерството за здравство соопшти дека вчера во нашата земја стигнаа 9.360 дози вакцини од производителот „Фајзер“. „Од нив 4.680 се...

Свет2 часа

(Видео) Израел го гранатираше Либан, поради одмазда истрела 22 гранати

Израелската армија ја гранатираше територијата на Либан како одмазда за истрелувањето на неколку ракети од нејзината територија кон Израел. Шест...

Македонија2 часа

Пендаровски и бугарскиот претседател заедно ќе заминат во Рим на чествувањето на Кирил и Методиј

Претседателот Стево Пендаровски и бугарскиот претседател Румен Радев заеднички ќе оддадат почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј...

Свет3 часа

Денеска во Брисел вонреден состанок на ЕУ за конфликтот во Газа

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ денеска во Брисел ќе одржат вонреден состанок на кој ќе биде...

Свет3 часа

Во налет на циклонот во Индија загинаа најмалку 21 човек, исчезнати се 96 луѓе

Најмалку 21 човек загинаа, а 96 се водат за исчезнати во голем удар на циклон во западна Индија, носејќи им...

Свет3 часа

Израел ја уништи единствената лабораторија за испитување коронавирус во Газа

Со денови се интензивираат судирите меѓу Израел и Палестина, а во еден од нападите на Појасот Газа израелските сили ја...

Свет3 часа

Испалени над 90 ракети од Појасот Газа кон Израел

Во текот на ноќта од Појасот Газа беа истрелани околу 90 ракети кон Израел, објави израелската армија. Се наведува дека...

Регион16 часа

Лидерите на Западен Балкан со заедничка декларација: Итен почеток на преговорите со Скопје и Тирана

Декларацијата усвоена од лидерите на Процесот „Брдо – Бриони“ на самитот укажува на важноста од брзото проширување на ЕУ за...

Македонија17 часа

Хрватскиот претседател: Членка на ЕУ навлегува во интимниот простор на Северна Македонија

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, најави дека ќе се спротивстави на условите што ги поставува Бугарија за почеток на преговорите...

Македонија17 часа

Заев: Следните парламентарни избори ќе се одржат во 2024 година, нема да има предвремени

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека предвремени парламентарни избори нема да има и дека следните ќе се...

Европа17 часа

ЕМА: Вакцината на „Фајзер“ може да се чува во обичен ладилник до еден месец

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача да се продолжи времето на чување на вакцините на „Фајзер/Бионтек“ на стандардни температури во...

Македонија20 часа

Денеска се регистрирани 27 нови случаи на Ковид-19, починати се 19 лица

Министерството за здравство информира дек во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на...

Економија23 часа

Oд полноќ се намалува цената на еуросупер БС-95 и на мазутот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Свет24 часа

Индија почна со дистрибуција на свој лек против коронавирус

Индија почна со дистрибуција на нов, домашен лек за лекување на симптомите од Ковид-19. Властите го одобрија лекот 2-ДГ, кој...

Македонија1 ден

Захариева: Властите во Македонија ќе направат сѐ што можат Бугарите таму да се сѐ помалку

И Европа и ние ќе го следиме пописот во РСМ и очекуваме да се спроведе според сите европски стандарди и...

Свет1 ден

(Видео) Тврдат дека Израел фрлил забранета бомба врз Газа, од која се топи човечко месо

На социјалните мрежи се шири видео со ракетирање на Појасот Газа, за кое се тврди дека е доказ дека Израел...

Свет1 ден

СЗО: Животниот век на работниците загрозен по пандемијата на коронавирусот

Премногу долгото работно време е смртоносно за стотици илјади луѓе во светот и ова е тренд што може да се...

Европа1 ден

Германски виролог предупредува: И следната година ќе мора да се вакцинираме

Шефот на германскиот независен советодавен панел за вакцинација, вирусологот Томас Мертенс, изјави дека е многу веројатно декаи следната година  сите...

Свет1 ден

На повидок нова вакцина – „Санофи“ и „ГСК“ велат дека произведува силен имунолошки одговор

Француската фармацевтска компанија „Санофи“ денеска соопшти дека експерименталната вакцина против Ковид-19, која ја развива заедно со „Глаксо Смит Клајн“ ќе...

Досие