Контакт

Домашен

Македонскиот автомобилист Стефановски трет на трката во Словачка

Објавено пред

Македонскиот возач Игор Стефановски – Иџе викендов во Словачка го освои третото место во групата Н од Европскиот шампионат на ридски патеки, откако  на тренинзите остана без третата брзина од менувачот, но со трка на „сé или ништо“ стигна до важни бодови во трката за евопската титула

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски – Иџе го освои третото место на осмата трка од Европското првенство на ридски патеки, што викендов се возеше на патеката Добшински Копец во Словачка. Водечкиот во генералниот пласман повторно преживуваше тешки моменти по откажувањето менувачот на брзините на саботниот тренинг и се соочи со опасност предвреме да ја напушти трката.Благодарение на огромната желба за освојување на европската титула и на способноста на механичарот Тихо Матевски, Иџе со хазардерско возење во втората трка успеа зад себе да го остави најголемиот конкурент во групата Н, Јири Лос, но мораше да се задоволи со трето место зад домашните автомобилисти Петер Јурена (6.02.144 минути) и Властимил Мајрчак (6.02.456 минути). „На саботниот тренинг останав без третата брзина од менувачот. Бидејќи не можевме да го поправиме имавме две опции: да се спакуваме и да тргнаме дома за да го поправиме дефектот и да можеме навреме да стигнеме на следната трка во Германија или да се обидеме со резервниот, ама стандарден менувач. Сите ми велеа дека немам шанси да направам нешто со тој менувач, но механичарот Матевски го направи невозможното. Имав големи проблеми во првата трка бидејќи овој менувач не е мапиран со елктрониката и со моторот и имав послабо време од Мартин Јерман (третопласиран во групата Н), а бев скоро израмнет со Лос. Во вториот настап решив да одам на сé или ништо, во два наврати за малку ќе излетав од патеката,но тоа ми се исплатеше и по се што се случи викендов задоволен се враќам од Словачка“, рече Стефановски. Иџе патеката долга 6.810 метри ја мина за време од 6.05.397 минути (3.03.179 и 3.02.218), четврт беше Лос (3.03.182 и 3.02.685 минути), а петти Јерман (3.02.904 и 3.04.937). Јаромир Мали го освои првото место во групата А и со 25 бода му се приближи на Стефановски во трката за титулата. Иџе и понатаму е прв со 158 бода, пред Мали кој собра 125 поени.  Следната трка е наредниот викенд во Германија./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Домашен

На државното првенство во скајранинг поставен нов рекорд на патеката на Титов Врв

Објавено пред

Во организација на планинарскиот клуб „Македон“, вчера (28 јуни) се одржа второто издание на планинската (скајранинг) трка „Титов Врв скајрејс“ на Шар Планина, воедно и државно првенство во скајранинг за 2020 година.

Ова е највисоката трка во Македонија на која натпреварувачите поаѓајќи од Попова Шапка го искачуваат Титов Врв 2.747 мнв и се враќаат назад, притоа совладувајќи дистанца од 20 километри и 1.900 висински метри по стрмен и каменест терен.

На трката учествуваа лимитиран број натпреварувачи (вкупно 47) со цел да се запазат мерките за заштита од Ковид-19, а беа постигнати одлични резултати.

Во машка конкуренција победник е Дејан Ангелоски со време 2 часа 39 минути, што претставува нов рекорд на патеката, на второто место се пласира Александар Кирковски (2:42) додека трет беше Атанас Анчевски (2:52).

Кај девојките победи Елена Ртоска со нов женски рекорд, кој сега изнесува 3 часа 43 минути, а зад неа на подиумот финишираа Сања Најдовски (4:01) и Ивана Пекевска (4:15).

Скајранингот е екстремна форма на планинско трчање кое се одвива на надморска височина од над 2.000 метри, по исклучително стрмни и каменести терени.

Овој спорт, кој започнува да се развива во алпските земји пред 30-тина година, денес доживува сè поголема популарност во светот со аспирации да стане и олимписки спорт.

Федерацијата за планинарство на С.Македонија е полноправен член на Светската скајранинг федерација (ISF), а минатата година македонска репрезентација за првпат настапи на европското првенство во Италија.

Прикажи повеќе...

Домашен

Црни шест минути за незгоден пораз од Чешка

Објавено пред

Ракометната репрезентација на Македонија доживеа незгоден пораз од 27:25 од Чешка,
откако по одличното прво полувреме во кое имавме два гола предност (11:9) дозволивме
противниците со прекрасни шест минути во второто полувреме да го свртат мечот и да
направат три гола предност од кои потоа немаше опоравување.

Поразот значи дека за пласман во втората фаза ќе мораме да одиме на резултат против
домаќинот Австрија, кои имаат 2 поени и вечерва ја пречекуваат Украина, што ќе биде
многу тешко за остварување.

А во првото полувреме, сè одеше според планот. Со одлична игра во одбраната ги
ограничивме Чесите на само девет гола, а во нападот и покрај тешкотиите оддржувавме
предност благодарение на Кирил Лазаров и Дејан Манасков.

Но, на почетокот на второто полувреме, Чесите направија серија од 6:1 и целосен
пресврт за да поведат со 15:12. Лазаров со два гола успеа да не доближи на гол-разлика,
но Чесите повторно дојдоа до три разлика. На седум минути пред крајот, успеавме да
доближивме на гол разлика (22:21), за Манасков да израмни на 22:22, по што се играше
гол-за-гол до крајот на мечот во драматична завршница.

Ветеранот Ондреј Здрахала погоди за 26:24 на две минути пред крајот за да го „реши“
мечот, по што Лазаров со брз гол намалува на 26:25, за во следниот напад Чесите
повторно стрелаа за конечни 27:25.

Лазаров со 11 гола беше најдобриот стрелец во македонската репрезентација, Манасков
додаде 5, а Гоце Георгиевски уфрли 4.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО, 2.КОЛО
ГРУПА Б
Чешка – Македонија 27:25 (9:11)
Австрија – Украина 18.15 ч.
Табела: 1.Австрија 2, 2.Чешка 2, 3.Македонија 2, 4.Украина 0
ГРУПА Д
Португалија – Босна и Херцеговина 27:24 (12:11)
Франција – Норвешка 18.15 ч.
Табела: 1.Португалија 4, 2.Норвешка 2, 3.Франција 0, 4.БиХ 0
ГРУПА Ф
Швајцарија – Полска 31:24 (14:12)
Шведска – Словенија 18.15 ч.
Табела: 1.Шведска 2, 2.Словенија 2, 3.Швајцарија 2, 4.Полска 0

Прикажи повеќе...

Домашен

Стоилов најдобар скопски спортист, а РК Вардар најдобар клуб во 2019

Објавено пред

Во големата сала на Советот на Град Скопје денеска се одржа доделување на наградите за најуспешни спортистки, спортисти, тренер и спортска екипа во главниот град.

За најдобар спортист на Скопје во 2019 е прогласен Стојанче Стоилов од РК Вардар, а неговиот тим годинава повторно е прогласен за најдобар скопски клуб.

Ракометарот на Вардар, Даинис Криштопанс, е добитник на наградата за најдобар странец, кој настапува во екипа од Скопје.

Суфијан Исмаили од борачкиот клуб „Лирија“ е избран за најдобар тренер, а борачот Бесир Алили е најдобар младинец.

Тенисерката Александра Симева, пак, е порогласена за најталентиран младинец.

Прогласувањето беше извршено од Град Скопје во соработка со Сојузот на спортовите на Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Регистрирани 135 новозаразени од Ковид-19 и четири смртни случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на...

Македонија3 часа

Се бара со потерница експретседателот на кривичниот суд Владимир Панчевски

Експретседателот на кривичен суд, Владимир Панчевски, се бара со национална потерница што ја распиша МВР по наредба на Основниот суд...

Македонија3 часа

Во полициска станица повикани лица кои објавиле статус да се чкртне „Северна“ на гласачкото ливче

И други лица ќе бидат повикани на разговор за објавување статуси на социјалната мрежа „Фејсбук“, по примерот на директорот на...

Македонија4 часа

Две телевизии го прекршиле изборниот молк

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги при проверка на начинот на известување на радијата и телевизиите за време на...

Топ7 часа

Kривична пријава за скопјанецот осомничен дека ја убил невенчаната сопруга, а телото го фрлил покрај пат

Полицијата поднесе кривична пријава против 36-годишен скопјанец кој е осомничен дека ја убил невенчаната сопруга. Според информациите на МВР, И.Е.(36)...

Македонија7 часа

Австрија забрани летови од Македонија и другите земји од Западен Балкан

Со цел да се избори со пандемијата на коронавирус, Австрија го прошири списокот на земји на кои им е забрането...

Македонија7 часа

Најголем дел од заболените изминатата недела се лица над 60 години

Минатата недела, односно за седум дена, регистрирани се вкупно 1.073 нови позитивни случаи на коронавирус од вкупно направени 9.995 тестови....

Македонија8 часа

Во Македонија досега се излечени над 4.000 пациенти од коронавирус

Од почетокот на пандемијата, бројката на оздравени пациенти изнесува 4.326 лица. Во текот на вчерашниот ден надлежните соопштија за 123...

Македонија9 часа

Денеска гласаат болните, немоќните и затворениците

Во тек е вториот ден од гласањето за предвремените парламентарни избори. Откако вчера своето гласачко право го остварија заразените со...

Свет9 часа

СЗО: Многу земји одат во погрешна насока, нема враќање во нормала во скоро време

Светот во догледна иднина нема да се врати во некогашната нормала, оцени Светската здравствена организација (СЗО), еден ден по рекордните...

Европа9 часа

Судот во Каталонија го забрани карантинот

Судот во Каталонија ја оспори одлуката на регионалната власт да воведе целосна забрана за движење на околу 200.000 луѓе кои...

Регион10 часа

Шест часа траеше сослушувањето на Тачи во Хаг, рочиштето продолжува и денеска

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, по шестчасовно испрашување ги напушти просториите на Специјалното јавно обвинителство во Хаг, а рочиштето ќе продолжи...

Македонија21 час

Гласале 723 лица заболени од Ковид-19 и во самоизолација

Вкупно 723 лица, кои се заболени од Ковид-19 или се наоѓаат во самоизолација, гласале денеска. Како што информира претседателот на...

Македонија23 часа

На базен со маска, задолжително е туширање пред влегување во водата

На денешната владина седница веше усвоен протоколот за работата на базените, кој вклучува носење маска на лицето и држење растојание,...

Македонија23 часа

Растојание помеѓу лежалките и во водата, забрана за играње одбојка – објавен протоколот за плажите

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на плажите во текот на пандемијата. Во согласност со протоколот, покрај...

Македонија1 ден

Планинар синоќа залутал на косовска територија, утрово е пронајден на бачило

Утрово е пронајден 42-годишен планинар од планинарското друштво „Љуботен“, кој синоќа залутал на косовска територија. Тој се движел во група...

Топ1 ден

Нова мигрантска драма во кумановското село Ваксинце – Пакистанци во залошништво држеле мигранти

Нова мигрантска драма деновиве се случувала во кумановското село Ваксинце, каде што две лица од Пакистан во засложништво држеле 19...

Македонија1 ден

Косово воведе задолжителен тест за влез на граѓаните од Македонија, Црна Гора и од БиХ

Косовската влада воведе задолжителен негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Македонија, Црна Гора и од Босна...

Македонија1 ден

Тројца починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија регистрирани се три смртни случаи и 88 новозаболени од коронавирус. Излекувани се 123 пациенти,...

Свет1 ден

Италијански лекари: Ковид-19 не е само распираторно заболување, туку убиец што го погодува целото тело

Последиците од Ковид-19 врз пациентите кои се излечени би можеле да бидат полоши од што се мислеше. Италијански лекари предупредуваат...

Досие