Домашен
Обрван: Червар на подготовки ми испрати ’издувани балони’
Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Ивица Обрван, во интервјуто за хрватскиот портал index.hr, говори за Мундијалот во Катар, златниот медал што го освои Франција, за брилијантниот Никола Карабатиќ, за настапот на Хрватска и секако за учинокот на македонската селекција.
Според Обрван, деветтото место на кое се најде Македонија во конечниот пласман на Мундијалот е одличен резултат, со оглед на сé што се случувало во репрезентацијата во пресрет на Светското првенство.
„Она што јас го затекнав во македонската репрезентација беше страшно. Ниту македонската, ниту, пак, хрватската јавност знае во каква состојба беа играчите на Металург, клуб кој дава најголем број на репрезентативци, тоа се 13-14 играчи кои заедно со нашиот Лино Червар беа дел од тој проект, тие со месеци немаа одработено нормален тренинг, дојдоа на подготвките во распадната состојба. Дојдоа без да знаат што ќе се случува со нив, со нивните договори. Од летото не примиле плата и, да бидам искрен, стравував за нашиот резултат на ова првенство. Сепак ’капата долу’ за сé што играчите направија, на крајот деветтото место е најголемиот успех на Македонија на светските првенства. Против Словенија во осминафиналето немавме среќа. Промашивме четири седмерци, Шкоф бранеше сé, не ни беше судено да ја победиме Словенија. Меѓутоа, на тој натпревар не бевме на посакуваното ниво, пред сé, во играта во одбраната“, рекол Обрван.
Во вториот дел од интервјуто, Обрван се пожали на колегата Лино Червар, бидејќи играчите од Металург неподготвени стигнале на подоготвките на репрезентацијата за настап на СП.
„Додека бев тренер на Метковиќ, Медвешчак или Горење, играчите кои ги тренирав, а играа за Хрватска на подогтвки пристигнуваа подогтвени како маринци, а мене Лино Червар ми испрати играчи кои изгледаа како издувани балони. Тие дваесет дена јас и мојот тим вложивме неверојатен напор за да ги вратиме тие играчи во живот. Успеавме да ги вратиме и да забележиме одличен резултат, а по враќањето за многумина од тие играчи следуваше нов шок. Петмина или шестмина од нив се на трансфер листата, тие речиси се на улица и прашање е дали ќе можат да најдат нови клубови. Ова морав да го кажам, бидејќи ако зборувавме за проблемите на хрватската репрезентација, мислам дека е во ред јавноста да ги дознае и овие работи“, вели Обрван во дел од интервјуто за index.hr.
Македонскиот селектор има договор со Федерацијата до 30-ти јуни 2015 година, а како што самиот вели, по завршувањето на квалификациите за пласман на Европското првенство во Полска ќе треба да разговара со националната федерација околу иднината во македонската репрезентација.
„По 15-ти јуни кога ќе завршат квалификациите, јас и Ракометната федерација на Македонија ќе мора да седнеме и да видиме каква е ситуацијата, мора да видиме во каква состојба ќе бидат играчите за кои пред малку говоревме и да одлучиме што и како понатаму“, вели Обрван./крај/мф/нц
Извор: index.hr
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.