Контакт

Домашен

Обрван: Против Хрватска без емоции и калкулации

Објавено пред

„Хрватска е меѓу фаворитите за освојување на златниот медал но Македонија нема однапред да се предаде“, со респект, но без страв го најавува Ивица Обрван натпреварот помеѓу Македонија и Хрватска, кој во рамките на четвртото коло, во Б групата, в среда ќе се одигра на Мундијалот во Катар.

dobivaj vesti na viber

„Размислувам како да одиграме добар натпревар против репрезентација, која според се што поседува, е меѓу фаворитите за титулата светски првак. Јас сум горд на моите играчи кои од една многу проблематична ситуација успеа да освои шест бода во групата. Дојдовме во една убава ситуација со Хрватска да се бориме за првото место во групата.  Јас како селектор најпрвин сакам да пружиме добра игра. Имаме желба да го нападнеме првото место во групата, во исто време го респектираме противникот, но во споротот не треба да се плашиш од никого. Нема да калкулираме“, изјавил Обрван.

Хрватскиот стратег вели дека нема да дозволи емоциите да му направат некаков ‘проблем’.

„Немам апсолутно никакви емоции поради тоа што играм со Хрватска, бидејќи го работам она за што сум се определил. Во овој момент моја репрезентација е Македонија и за мене, во овој момент моите играчи се најдобри. Јас како селектор ќе се обидам што подобро да го подготвам мојот тим, ќе бидам среќен доколку резултатот биде позитивен“.

Натпреварот помеѓу Македонија и Хрватска в среда ќе започне во 17 часот. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Домашен

Златна недела за „Алкалоид“

Објавено пред

РК Алкалоид викендов стана шестиот клуб во Македонија кој успеал да освои пехар од националното Куп натпреварување кое брои 32 сезони, вклучително со прекинатата ковид сезона 2019-20.

dobivaj vesti na viber

Зад Алкалоид е златна недела. Почнувајќи од 12 до 19 мај, седум дена во кои пионерите станаа државни прваци, потоа и младинците беа верификувани како шампиони, за конечно и кадетите да го подигнат шампионскиот пехар. Такво нешто во поновата историја му им успеано само на Металург, но немаше ни тие одличја да блеснат вака, ако успехот не беше комплетиран со пехар на сениорскиот тим.

Од улога на трет носител или аутсајдер во однос на двата најпознати колектива, Алкалоид потврди дека Куп е приказна во која непишаните правила важат исто колку и пишаните.

Огромна сатисфакција плус за тренерот/селектор и неколкуте репрезентативци што се градат во овој клуб е успешниот бараж на сениорската репрезентација.

Златна недела е сосема адекватен епитет за ракометниот колектив Алкалоид и уште една успешно штиклирана сезона.
Трета успешна од вкупно три, што е голем предизвик за четвртата.

Но, има и други причини да биде задоволен Алкалоид од наш агол можеби и поважни отколку погледот кон витрината сезонава.

Во Македонија (ова е личен став) има погрешно поставен систем на вредности кога се во прашање резултатите. Речиси сѐ е поставено во служба на резултатот преточен низ бројки и конечниот пласман што служи за задоволување на амбициие, желбите и вкусовите на спонзорите и на локалната јавност и посебните групи на фанови.

Најбрзиот и најефикасниот начин тоа да се постигне е вложување во готови производи во најголем дел странски играчи, надополнета со тоа што колку толку го нуди домашниот пазар.

Секој си го бира својот пат, подвлечено тоа си е клупска политика, но генерално ваквите приказни се успешни додека има пари. Повеќе пари, подобри резултати, но кога парите ќе секнат, а таа чешма кај нас знае брзо да се затвори, не останува ништо.
Примери што ќе го поткрепат ова има доволно, но тоа е тема што е многу обемна и заслужува поголем простор само за себе.

Алкалоид има и повеќе причини да биде задоволен, не само поради шампионските пехари во младинските категории и пехарот во Куп на Македонија.

За само три години овој колектив покажа дека работи по поинаква матрица од споменатиот систем на вредности и во моментов е еден од најдобро организираните ракометни колективи, иако има најмало искуство и логично т.н. детски болести што едноставно мора да се прележат. Но, логистички во сите сфери, Алкалоид е на ниво на европски клуб.

Во прилог е клупската стратегија, определба и решителност да се докаже дека резултати со бројки можат да се постигнат и со домашни ракометари, ако им се даде вистинска шанса, се работи квалитетно и истрајно.
Инвестирање во организација и работа со млади категории, селекцијата и условите уште во првата сезона донесоа пехар, а во третата комплетна доминација.

Може да биде задоволен што ги извади за кратко време на ниво да бидат забележани и од странство играчи како Марко Митев, зад него е Дамјан Митев, новата ѕвезда Иван Галевски итн. Но, ќе чуете многу повеќе уште летово и за браќата Узунчеви, потоа онаа многу добра кадетска екипа со уште еден голман со огромен потенцијал како Ѓорги Николовски, потоа бековите Христијан Гурмешевиќ, Марин Крстевски итн.

Во Македонија системот на вредности, сепак, најмногу се гледа низ резултатите како бројки, а достигнувањата на Алкалоид во организацискиот дел, младите категории итн. немаше да бидат вистински вреднувани доколку во клубот не стигнеше пехар во сениорска конкуренција. За да се заработи респект, треба да се победи и да се освои пехар.

Со победите над Вардар и Е. Пелистер во Куп на Македонија го мина и тоа ниво од играта.

Сега, со нескриена љубопитност и нетрпение чекаме да видиме каков ќе биде нивниот следен чекор. Многу работи зависат од тоа како ќе изгледа следното ниво, не само за клубот, туку и за репрезентацијата и генерално и за целиот ракомет во Македонија.

 

Прикажи повеќе...

Домашен

Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“

Објавено пред

Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.

dobivaj vesti na viber

„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.

Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.

Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.

Прикажи повеќе...

Домашен

(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење

Објавено пред

Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).

dobivaj vesti na viber

Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.

„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.

Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.

Прикажи повеќе...

Најново

Uncategorized7 минути

(Фото) Утре масовни протести за смртта на Фросина, точно напладне во Кавадарци, во 17 часот пред Универзална во Скопје

Утре точно напладне се организира протестен собир во Кавадарци за да се оддаде почит нa Фросина Кулакова од Неготино, која...

Македонија1 час

Јанев: Мапирани се црните точки низ државата, нѝ требаат системски решенија за безбедноста во сообраќајот

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, изјави дека се направени детални анализи на сообраќајната ситуација во државата, при...

Македонија2 часа

(Видео) Цветановски: Симовска веднаш да биде разрешена, за хаосот на Клиниката „Козле“ мора да има одговорност

После 40 години е доведено во прашање функционирањето на единствениот оддел за бронхоскопија во државата, многу важна за здравјето на...

Економија3 часа

Преполовен прометот на маркетите поради вчерашниот бојкот, УЈП ги објави податоците

Управата за јавни приходи го објави прометот на осумте најголеми трговски ланци во земјава на денот на бојкотот, но и...

Економија3 часа

(Видео) Мицкоски: Инспекторите влегоа во сите поголеми супермаркети, се прави детална анализа

Ден по бојкотот на маркети поради високите цени, премиерот Мицкоски изјави дека инспекторите се на терен во сите поголеми супермаркети,...

Топ7 часа

Приведена 42 годишна жена која вчера со автомобил удри во пешак и избега без да му помогне

Министерството за внатрешни работи информира дека е пронајдена и приведена 42 годишна жена која вчера со автомобил удрила пешак и...

Свет7 часа

(Видео) Русија со балистички проектили го погоди центарот на Одеса, има повредени

Руските сили синоќа извршија балистички ракетен напад врз центарот на Одеса, ранети се најмалку три лица, изјави Олех Кипер, шеф...

Македонија1 ден

Судот се брани: Дали за системскиот проблем со црните сообраќајни точки вината е на судството

Кривичниот суд излезе во јавноста со соопштение во врска со претходните судски постапки што биле водени против 20-годишниот Васил Јованов,...

Македонија1 ден

„Врските не враќаат човечки животи“ – протест на „Партизанска“ по смртта на Фросина Кулакова

Граѓаните излегоа на протест на улицата Партизански одреди, каде што 20-годишниот Васил Јованов завчера ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова. Се оставаат...

Македонија1 ден

И по 12 месеци да се направи контрола, ќе следуваат драконски казни за непочитување на Законот за нефер трговски практики, вели Димитриеска-Кочоска

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска апелира не само маркетите туку сите компании да го почитуваат Законот за нефер трговски практики...

Економија1 ден

Поскапува цената на парното

Парното поскапува за 5,03 проценти, информира на денешната прес-конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски. Според него,...

Топ1 ден

Со задушување ја убил својата партнерка: уапсен 42-годишник од Кавадарци

Вчера во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 42-годишниот И.П. од Кавадарци. Тој се сомничи дека...

Македонија1 ден

Почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

Денеска, по кратко боледување во Скопје, во 42. година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ. Томиќ со години беше дел...

Регион1 ден

Регионот денеска ги бојкотира продавниците: Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска и БиХ против големите супермаркети поради енормно високите цени

По повиците на социјалните мрежи, денеска се очекува граѓаните во државата да ги бојкотираат маркетите поради високите цени на прехранбените...

Македонија1 ден

Обвинителството со детали за возачот што ја усмрти Фросина: бил гонет и за други кривични дела, судот го упатил во поправен дом

Обвинителството соопшти детали за возачот од Скопје што ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова на „Партизански одреди“. „МВР против лицето поднело...

Македонија1 ден

Протест на „Партизанска“ поради трагичната смрт на Фросина

Голем број граѓани на социјалните медиуми за денеска во 13 часот повикуваат на протестен собир на местото на кое смртно...

Регион1 ден

Студент од Србија: Го одбив помилувањето на Вучиќ, сакав на суд да ја докажам мојата невиност

Студентот на Правниот факултет во Нови Сад, Михаило Младеновиќ, одбил помилување од претседателот на Србија. Тој рече дека ниту еден...

Европа1 ден

(Фото) 418 лица уапсени за фалсификувани лекови во голема операција на Европол во Европа

Операцијата на Европол од април до ноември минатата година резултираше со повеќе од 400 апсења за трговија со фалсификувани лекови,...

Свет1 ден

Трамп: Кина мора да престане да испраќа фентанил во нашата земја и да го убива нашиот народ

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа по американско време најави дека наскоро ќе одлучи дали ќе го исклучи увозот на нафта...

Свет1 ден

Објавени фотографии од екипата на урнатиот американски хеликоптер, жена била главниот пилот

Тројца членови на екипажот на хеликоптерот Блек Хок на американската армија загинаа во четвртокот кога се судри со патнички авион...