Домашен
Работнички со човек помалку избори реми против Рубин
Фудбалерите на Работнички одиграа нерешено 1:1 (0:0) против Рубин Казан во првиот плејоф натпревар за пласман во Лига Европа.
Двата тима на „Филип Втори“ одиграа динамичен меч со многу темпо, а крајниот резултат во целост ги отсликува настаните на теренот.
Карадениз погоди за Рубин во 68.минута, а Работнички израмни преку Ристовски во 84.минута. Успехот на Работнички е уште поголем бидејќи од 54.минута играше со играч помалку поради исклучувањето на Петковиќ.
Реванш натпреварот во Казањ ќе се одигра наредниот четврток.
Тек на натпреварот:
Без калкулации со силно темпо двата тима го започнаа мечот, во почетните пет минути прв се закани Работнички Илиевски, но неговиот слободен удар заврши во ‘живиот ѕид’. Првата закана Рубин ја имаше преку Карадениз, но Турчинот не го искористи киксот на Ристевски.
Анене имаше одлична можност во 12.минута, Норвежанецот прими една топка на 25 метри од голот на Рубин успеа да се ослободи од својот чувар но неговиот удар кој одеше по средината на голот заврши во голманот Рижиков.
Нов обид од далечина Работнички имаше во 16.минута, Марковски биеше, а неговиот удар заврши крај десниот дирек од голот на Рубин.
Една минута подоцна се истакна голманот на ‘романтичарите’ Божиновски, кој го одбрани ударот на Кунаников од 15 метри.
Во 21.минута сите на „Филип Втори“ бараа пенал, Алтипармаковски влезе во шеснаесетникот на Рубин беше фатен ‘сендвич’од двајца противнички дефанзивци, но за унгарскиот судија Вад немаше елементи за најстрога казна.
До финишот на првото полувреме стивна темпото на двете страни, играта се одвиваше меѓу двата шеснаесетника, а во самиот финиш две добри можности пропуштија играчите на Рубин.
Најпрвин искусниот Билјалединов од работ на шеснаесетникот, непречен од никого, биеше крај голот на Работнички, а во последната минута Кануников од 18 метри упати удар во левиот долен агол од голот на Божиновски, но голманот на Работнички успеа да ја одбие топката во корнер.
Второто полувреме стартуаше со иницијатива на Рубин, но првата сериозна закана ја имаше Работнчки. Сиљаноски проби по левата страна оштро нафрли по земја но Анене задоцни со реакцијата.
Во 54.минута Работнички остана со играч помалку, Петковиќ направи непотребен фаул на средината од теренот и судијата му го покажа вторито жолт картон.
По исклучувањето на Петковиќ, фудбалерите на Рубин целосно ја презедоа онтрочлата врз играта, во 59.минута Билјалединов му го отстапи местото на напаѓачот Портјакин.
Капитенот на рускиот тим Кузмин се обиде да го изненади Божиновски, но биеше непрецизно високот над голот на Работнички.
Одбраната на Работнички капитулираше во 68.минута. На десната страна комбинираа Портјакин и Кузмин, капитенот на Рубин нафрли од прва топката мина низ целата одбрана на Работнички каде ја пречека осамениот Карадениз и ја смести во голот.
По постигнатиот гол фудбалерите на Рубин му ја остапија играта на Работнички и своите шанси ги чекаа од контранапад.
Во 78.минута нововлезениот Батов нафрли од левата страна, а волејот на Кануников го одбрани Божиновски.
Упорноста на Работнчки даде резултат во 84.минута. Најпрвин Алтипармаковски уапати добар удар од 20 метри но на патот до голот некој од дефанзивците на Рубин ја исфрли во корнер. По корнерот Алипармаковски ја погоди гредата, а на одбиената топка натрча Ристевски и ја смести зад грбот на Рижиков.
До крајот на мечот ниту еден од тимовите не успеа да создаде посириозна можност за постигнување на гол.
Работнички: Божиновски (од 93.минута Шиковски), Сиљановски, Илиевски, Ристевски, Цикарски, Петровиќ, Вујчиќ, Марковски, Анене (од 86.минута Најдовски), Јовановски (од 70.минута Ристовски), Алтипармаковски
Рубин: Рижиков, Кузмин, Квирквелија, Комболов, Котуњо, Герогиев, Билјалединов (од 59.минута Портјакин) Оздоев, Карадениз (од 72.минута Батов), Карлос Едуардо (од 81.минута Кислијак), Кануников. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.