Контакт

Домашен

Стартува продажбата на блок билети на РК Металург

Објавено пред

Македонскиот ракометен шампион Металург во понеделникот објави дека деновиве ќе ги пушти во продажба блок билетите за претстојната сезона во Лигата на шампиони.

dobivaj vesti na viber

 

 

Предност ќе имаат оние симпатизери кои и во минатата година имале блок билети за натпреварите што Металург ги одигра во најелитното клупско натпреварување.

 

Промената на минатгодишните блок билети за групната фаза од Лига на шампионите стартува во среда.

 

Сите иматели на блок билет од минатогодишното издание на Лига на шампиони во периодот од 10-ти до 13-ти септември (среда-сабота) можат да го обноват својот блок билет и да го задржат своето место.

 

Обновувањето на блок билетите ќе се реализира во продажните салони на „ОНЕ“ во Скопје и низ Македонија.

 

Цени по категории на блок билети за групна фаза од Лига на шампиони, сезона 2014/15:

–           1 категорија (Блок Б5 и Б11)…………………………………950 денари,

–           2 категорија (Блок Б2, Б4, М7, М8 и М9)………………1.350 денари,

–           3 категорија (Блок М1, М15, Б3, Б12 и Б14)………….1.500 денари,

–           4 категорија (Блок М2, М3, М4, М12, М13 и М14)…2.000 денари.

 

Официјалната продажба на блок билетите за групната фаза од Лига на шампионите ќе стартува на 17.09.2014 година (среда). /крај/

  



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Домашен

Тажна вест: Почина поранешниот кошаркар на Пелистер, Зоран Петковски

Објавено пред

На 47-годишна возраст по боледување почина поранешниот кошаркар и легенда на Пелистер, Зоран Петковски.

dobivaj vesti na viber

Веста ја соопшти клубот од Битола, кој на социјалните мрежи се прости својот поранешен играч и тренер.

Петковски своите кошаркарски почетоци ги имаше токму во зелено-белиот дрес, беше и младински репрезентативец на Македонија во одличната генерација предводена од Митко Луковски, а потоа во кариерата ги бранеше и боите на Куманово, Вардар, МЗТ Скопје, Соколи, повторно Пелистер,па Радовиш.

Кога ја почна тренерската кариера тој седна на клупата на КК Пелистер, тим со кој обезбеди влез во елитното друштво. Пред неколку години тој беше и дел од управата на „пелистерци“.

Прикажи повеќе...

Домашен

Златна недела за „Алкалоид“

Објавено пред

РК Алкалоид викендов стана шестиот клуб во Македонија кој успеал да освои пехар од националното Куп натпреварување кое брои 32 сезони, вклучително со прекинатата ковид сезона 2019-20.

dobivaj vesti na viber

Зад Алкалоид е златна недела. Почнувајќи од 12 до 19 мај, седум дена во кои пионерите станаа државни прваци, потоа и младинците беа верификувани како шампиони, за конечно и кадетите да го подигнат шампионскиот пехар. Такво нешто во поновата историја му им успеано само на Металург, но немаше ни тие одличја да блеснат вака, ако успехот не беше комплетиран со пехар на сениорскиот тим.

Од улога на трет носител или аутсајдер во однос на двата најпознати колектива, Алкалоид потврди дека Куп е приказна во која непишаните правила важат исто колку и пишаните.

Огромна сатисфакција плус за тренерот/селектор и неколкуте репрезентативци што се градат во овој клуб е успешниот бараж на сениорската репрезентација.

Златна недела е сосема адекватен епитет за ракометниот колектив Алкалоид и уште една успешно штиклирана сезона.
Трета успешна од вкупно три, што е голем предизвик за четвртата.

Но, има и други причини да биде задоволен Алкалоид од наш агол можеби и поважни отколку погледот кон витрината сезонава.

Во Македонија (ова е личен став) има погрешно поставен систем на вредности кога се во прашање резултатите. Речиси сѐ е поставено во служба на резултатот преточен низ бројки и конечниот пласман што служи за задоволување на амбициие, желбите и вкусовите на спонзорите и на локалната јавност и посебните групи на фанови.

Најбрзиот и најефикасниот начин тоа да се постигне е вложување во готови производи во најголем дел странски играчи, надополнета со тоа што колку толку го нуди домашниот пазар.

Секој си го бира својот пат, подвлечено тоа си е клупска политика, но генерално ваквите приказни се успешни додека има пари. Повеќе пари, подобри резултати, но кога парите ќе секнат, а таа чешма кај нас знае брзо да се затвори, не останува ништо.
Примери што ќе го поткрепат ова има доволно, но тоа е тема што е многу обемна и заслужува поголем простор само за себе.

Алкалоид има и повеќе причини да биде задоволен, не само поради шампионските пехари во младинските категории и пехарот во Куп на Македонија.

За само три години овој колектив покажа дека работи по поинаква матрица од споменатиот систем на вредности и во моментов е еден од најдобро организираните ракометни колективи, иако има најмало искуство и логично т.н. детски болести што едноставно мора да се прележат. Но, логистички во сите сфери, Алкалоид е на ниво на европски клуб.

Во прилог е клупската стратегија, определба и решителност да се докаже дека резултати со бројки можат да се постигнат и со домашни ракометари, ако им се даде вистинска шанса, се работи квалитетно и истрајно.
Инвестирање во организација и работа со млади категории, селекцијата и условите уште во првата сезона донесоа пехар, а во третата комплетна доминација.

Може да биде задоволен што ги извади за кратко време на ниво да бидат забележани и од странство играчи како Марко Митев, зад него е Дамјан Митев, новата ѕвезда Иван Галевски итн. Но, ќе чуете многу повеќе уште летово и за браќата Узунчеви, потоа онаа многу добра кадетска екипа со уште еден голман со огромен потенцијал како Ѓорги Николовски, потоа бековите Христијан Гурмешевиќ, Марин Крстевски итн.

Во Македонија системот на вредности, сепак, најмногу се гледа низ резултатите како бројки, а достигнувањата на Алкалоид во организацискиот дел, младите категории итн. немаше да бидат вистински вреднувани доколку во клубот не стигнеше пехар во сениорска конкуренција. За да се заработи респект, треба да се победи и да се освои пехар.

Со победите над Вардар и Е. Пелистер во Куп на Македонија го мина и тоа ниво од играта.

Сега, со нескриена љубопитност и нетрпение чекаме да видиме каков ќе биде нивниот следен чекор. Многу работи зависат од тоа како ќе изгледа следното ниво, не само за клубот, туку и за репрезентацијата и генерално и за целиот ракомет во Македонија.

 

Прикажи повеќе...

Домашен

Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“

Објавено пред

Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.

dobivaj vesti na viber

„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.

Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.

Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

Владата на денешната редовна владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со...

Македонија3 часа

Сиљановска-Давкова: Кочани нè доведе до ѕидот на срамот, од овој процес ќе зависи дали судството ќе ја стекне, или трајно ќе ја изгуби довербата на граѓаните

2025 ќе остане врежана во нашите мисли и срца како година на ужасната трагедија во Кочани. Сите ние до крајот...

Македонија3 часа

(Видео) Филипче за изјавите на Ахмети: Ако мисли да ја растура Македонија како што се фали за Југославија тоа нема да му помине

Ние имаме одличен соживот со сите наши сограѓани од сите националности во нашата партија, во раководството на партијата. Сметам дека...

Македонија4 часа

На Клиниката за пластична хирургија извршени две сложени микрохируршки операции

На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија се извршени две исклучително сложени микрохируршки операции кои траеја од 6 до...

Македонија6 часа

Од 1 јануари повисоки сметки за струја, РКЕ објави за колку ќе поскапи

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) информира дека изврши корекција на доставената...

Македонија8 часа

Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките за загадувањето

Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките за загадувањето, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање....

Македонија10 часа

(Фото) Николоски: Интензивно работиме на реконструкцијата на превојот Пресека во должина од 11 километри

Интензивно работиме на рехабилитација на превојот Пресека и очекувам до месец февруари целиот патен правец да биде завршен и да...

Свет12 часа

(Видео) Американската војска изврши нов напад врз брод во Тихиот Океан, едно лице загина

Американската војска изврши уште еден напад врз таканаречен „нископрофилен брод“ осомничен за шверц на дрога во источниот Тихи Океан, при...

Свет12 часа

Судот нареди враќање на депортираните Венецуелци од Ел Салвадор во САД

Американски судија пресуди дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп мора итно да организира враќање на околу 137 Венецуелци кои беа...

Македонија12 часа

Намалена видливост на неколку патни правци

Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Страцин – Кратово, од 30 до...

Свет12 часа

(Видео) Масовен прекин на струјата во Сан Франциско: роботските такси-возила предизвикаа сообраќаен хаос

Масовниот прекин на електричната енергија во Сан Франциско во текот на викендот доведе до застој на робот-такси возилата на Waymo,...

Европа12 часа

Зеленски: Мировните преговори се многу блиску до вистински резултат

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговорите со САД и европските земји со цел да се стави крај на речиси...

Економија1 ден

Минималната плата ќе се зголеми во март за 1.500-2.000 денари, зголемување пред март ќе значи отпуштање работници, вели Дурмиши

Економско – социјалниот совет на денешната седница не се договори за зголемување на минималната плата барем на 500 евра, според...

Македонија1 ден

На аеродромот во Скопје откажани се осум лета, а еден е пренасочен

Авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје се стабилизира, реализирани се 27 лета, откажани се осум лета, а еден е пренасочен, соопшти...

Македонија1 ден

(Фото) Николоски: На автопатот Охрид – Кичево се вршат сложени инженерски зафати, кои првпат се користат во регионот

Првпат на автопатот Охрид-Кичево изведуваме сложени инженерски и градежни зафати и ова првпат се изведува во регионот, а се со...

Македонија1 ден

Мисајловски: Буџетот за одбрана за 2026 е 358 милиони евра, што е 8,4 проценти повеќе од годинава

Стабилно буџетирање, дополнителен стимул во процесот на модернизација и целосното почитување и унапредување на правата и обврските кон вработените, се...

Македонија1 ден

Мицкоски: Зголемувањето на минималната плата мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавците

Целта на Владата е да создаде посилна економија која отвора нови работни места и обезбедува достоинствен животен стандард за секој...

Македонија1 ден

Трамп менува 30 амбасадори, меѓу кои и Агелер

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп заменува 30 дипломати од кариера од амбасадорски и од други позиции во амбасадите, меѓу...

Македонија1 ден

Македонија трета во Европа по убиства на жени од партнер или член на семејство

Македонија се најде на третото место во Европа според стапката на убиства на жени извршени од партнер или член на...

Европа1 ден

(Видео) Руски генерал убиен во Москва

Руски генерал е убиен во експлозија во Москва, потврдија руските власти. Рускиот истражен комитет соопшти дека генерал-потполковник Фанил Сарваров е...