Контакт

Домашен

Стартуваше меѓународниот турнир во одбојка на песок во Скопје

Објавено пред

Петтиот меѓународен турнир во одбојка на песок „Скопје 2014“ почна во петок вечер на двете игралишта на градската плажа „Парк“. 

dobivaj vesti na viber

Турнирот, што ќе трае до недела, за отворен го прогласи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

 

„Почнувајќи од денеска па во наредните три дена, сите ние ќе се дружиме и на спортски план, овде на градската плажа „Парк“, на игралиштата на песок, по петти пат ќе бидеме дел од Меѓународниот турнир во одбојка на песок „Скопје 2014“. Овој турнир, според својот квалитет и одлична организација, полека но сигурно станува дел од живеењето на градот Скопје во овие летни жешки јулски скопски вечери, станува дел од нашата традиција и дел од имиџот на нашиот град, а како потврда за тоа секако е нашиот план, идната година, за првпат да организираме Челенџ турнир во календарот на Европската одбојкарска федерација, реализиран според сите европски и светски стандарди, со што Скопје уште еднаш ќе го потврди своето место на Европската спортска мапа на градови домаќини на големи спортски случувања“, рече Трајановски.

 

На Турнирот ќе учествуваат седумнаесет двојки во машка и девет двојки во женска конкуренција од нашата земја и регионот, меѓу кои од:  Албанија, Србија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Хрватска и Македонија.

 

Наградниот фонд изнесува 5.000 евра, по 2,5 илјади евра за двете конкуренции.

 

Во Скопје пристигнаа и минатогодишните победнички на овој турнир од Република Бугарија, одбојкарската двојка Светла Ангелова и Асја Динова коишто го одиграа првиот меч во женска конкуренција веднаш по официјалното отворање, а противнички во овој дуел им беа одбојкарките од Албанија, Вилдане Јашари и Назмие Ибраими.

 

Во машка конкуренција првиот натпревар се одигра помеѓу одбојкарите од соседна Србија, Милан Киковиќ и Стефан  Баста и одбојкарската машка двојка од соседна Бугарија, Тома Станков и Силвестер Иванов.

 

Град Скопје е генерален покровител на настанот и од Буџетот издвојува 400.000 денари, а турнирот е во организација и реализација на Одбојкарската федерација на Македонија.крај/мф

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Домашен

Тажна вест: Почина поранешниот кошаркар на Пелистер, Зоран Петковски

Објавено пред

На 47-годишна возраст по боледување почина поранешниот кошаркар и легенда на Пелистер, Зоран Петковски.

dobivaj vesti na viber

Веста ја соопшти клубот од Битола, кој на социјалните мрежи се прости својот поранешен играч и тренер.

Петковски своите кошаркарски почетоци ги имаше токму во зелено-белиот дрес, беше и младински репрезентативец на Македонија во одличната генерација предводена од Митко Луковски, а потоа во кариерата ги бранеше и боите на Куманово, Вардар, МЗТ Скопје, Соколи, повторно Пелистер,па Радовиш.

Кога ја почна тренерската кариера тој седна на клупата на КК Пелистер, тим со кој обезбеди влез во елитното друштво. Пред неколку години тој беше и дел од управата на „пелистерци“.

Прикажи повеќе...

Домашен

Златна недела за „Алкалоид“

Објавено пред

РК Алкалоид викендов стана шестиот клуб во Македонија кој успеал да освои пехар од националното Куп натпреварување кое брои 32 сезони, вклучително со прекинатата ковид сезона 2019-20.

dobivaj vesti na viber

Зад Алкалоид е златна недела. Почнувајќи од 12 до 19 мај, седум дена во кои пионерите станаа државни прваци, потоа и младинците беа верификувани како шампиони, за конечно и кадетите да го подигнат шампионскиот пехар. Такво нешто во поновата историја му им успеано само на Металург, но немаше ни тие одличја да блеснат вака, ако успехот не беше комплетиран со пехар на сениорскиот тим.

Од улога на трет носител или аутсајдер во однос на двата најпознати колектива, Алкалоид потврди дека Куп е приказна во која непишаните правила важат исто колку и пишаните.

Огромна сатисфакција плус за тренерот/селектор и неколкуте репрезентативци што се градат во овој клуб е успешниот бараж на сениорската репрезентација.

Златна недела е сосема адекватен епитет за ракометниот колектив Алкалоид и уште една успешно штиклирана сезона.
Трета успешна од вкупно три, што е голем предизвик за четвртата.

Но, има и други причини да биде задоволен Алкалоид од наш агол можеби и поважни отколку погледот кон витрината сезонава.

Во Македонија (ова е личен став) има погрешно поставен систем на вредности кога се во прашање резултатите. Речиси сѐ е поставено во служба на резултатот преточен низ бројки и конечниот пласман што служи за задоволување на амбициие, желбите и вкусовите на спонзорите и на локалната јавност и посебните групи на фанови.

Најбрзиот и најефикасниот начин тоа да се постигне е вложување во готови производи во најголем дел странски играчи, надополнета со тоа што колку толку го нуди домашниот пазар.

Секој си го бира својот пат, подвлечено тоа си е клупска политика, но генерално ваквите приказни се успешни додека има пари. Повеќе пари, подобри резултати, но кога парите ќе секнат, а таа чешма кај нас знае брзо да се затвори, не останува ништо.
Примери што ќе го поткрепат ова има доволно, но тоа е тема што е многу обемна и заслужува поголем простор само за себе.

Алкалоид има и повеќе причини да биде задоволен, не само поради шампионските пехари во младинските категории и пехарот во Куп на Македонија.

За само три години овој колектив покажа дека работи по поинаква матрица од споменатиот систем на вредности и во моментов е еден од најдобро организираните ракометни колективи, иако има најмало искуство и логично т.н. детски болести што едноставно мора да се прележат. Но, логистички во сите сфери, Алкалоид е на ниво на европски клуб.

Во прилог е клупската стратегија, определба и решителност да се докаже дека резултати со бројки можат да се постигнат и со домашни ракометари, ако им се даде вистинска шанса, се работи квалитетно и истрајно.
Инвестирање во организација и работа со млади категории, селекцијата и условите уште во првата сезона донесоа пехар, а во третата комплетна доминација.

Може да биде задоволен што ги извади за кратко време на ниво да бидат забележани и од странство играчи како Марко Митев, зад него е Дамјан Митев, новата ѕвезда Иван Галевски итн. Но, ќе чуете многу повеќе уште летово и за браќата Узунчеви, потоа онаа многу добра кадетска екипа со уште еден голман со огромен потенцијал како Ѓорги Николовски, потоа бековите Христијан Гурмешевиќ, Марин Крстевски итн.

Во Македонија системот на вредности, сепак, најмногу се гледа низ резултатите како бројки, а достигнувањата на Алкалоид во организацискиот дел, младите категории итн. немаше да бидат вистински вреднувани доколку во клубот не стигнеше пехар во сениорска конкуренција. За да се заработи респект, треба да се победи и да се освои пехар.

Со победите над Вардар и Е. Пелистер во Куп на Македонија го мина и тоа ниво од играта.

Сега, со нескриена љубопитност и нетрпение чекаме да видиме каков ќе биде нивниот следен чекор. Многу работи зависат од тоа како ќе изгледа следното ниво, не само за клубот, туку и за репрезентацијата и генерално и за целиот ракомет во Македонија.

 

Прикажи повеќе...

Домашен

Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“

Објавено пред

Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.

dobivaj vesti na viber

„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.

Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.

Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Адвокатката на газда Деко од „Пулс“ бара надлежните да реагираат откако родителите на загинатите деца ја ставија на транспарент

Адвокатката Ивана Коцевска, која е бранител на прво и на третообвинетиот во процесот „Пулс“ денеска излезе со реакција, поради употреба...

Македонија3 часа

Семејствата на загинатите во „Пулс“ со порака: Правдата што доцни не е правда

„Правдата што доцни не е правда“ – ова беше пораката што денеска повторно одекна во Кочани, од блиските на загинатите...

Свет4 часа

Зеленски: Трилатералните разговори беа конструктивни

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека трилатералните разговори меѓу делегациите на Украина, Русија и САД во Абу Даби биле...

Топ6 часа

86-годишна жена од Виница измамена за 30.000 евра, лажен лекар ја довел во заблуда дека ќерката е повредена

Осумдесет и шестгодишна жена од Виница пријавила дека била жртва на телефонска измама во која останала без 30.000 евра, откако...

Свет6 часа

Завршија преговорите меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев во Абу Даби

Во Абу Даби предмалку завршија преговорите за безбедноста на Украина  меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев, јавијха руските медиуми....

Македонија11 часа

Државата наплати данок од над 2 милиони денари од донациите за настраданите во пожарот во Кочани

Иницијативата „Супорт Кочани“ ја реализираше третата распределба на средства собрани преку заедничката наменска сметка за донации. На лица директно погодени...

Свет12 часа

На минусни температури, 6.000 згради во Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад

Речиси 6.000 згради во украинската престолнина Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад, изјави градоначалникот на градот, Виталиј Кличко,...

Регион13 часа

Крвава ноќ во Калуѓерица, маж по расправија со девојка се прободел со кујнски нож

Д.Г. (40) се повредил со нож во пределот на стомакот по расправија со девојка. Инцидентот се случил во белградската населба...

Македонија14 часа

Со понудени куќи, булдожери и милионска гаранција конзулот Марковски излезе од притвор

Куќа со двор и 3 стана во Битола, 25 булдожери и камиони, се гаранцијата која ја дал сопственикот на „Марковски...

Македонија1 ден

По денешните протести, Синдикатот на „Македонска пошта“: Надминати се сите проблеми, декемвриската плата е исплатена

Незадоволството на вработените во Македонска Пошта денеска прерасна во организиран протест низ целата држава, а причина за ваквата реакција и...

Европа1 ден

(Видео) Се појавија првите снимки од денешната средба: разговорите меѓу САД, Украина и Русија во Абу Даби ќе продолжат утре

Трилатералните разговори меѓу САД, Украина и Русија, што се одржаа денес во Абу Даби, беа оценети како продуктивни и ќе...

Европа1 ден

(Видео) Зеленски: Разговорот веќе се одржа, долго време немало ваков трилатерален состанок

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето видео обраќање извести за клучните дипломатски напори, ситуацијата на фронтот, енергетската криза и мерките...

Македонија1 ден

Тошковски: СДСМ и ДУИ се длабоко заглавени во сопственото политичко мочуриште, во кое партиските калкулации се ставаат над човечките животи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку свој статус на фејсбук се огласи по повод денешното изгласување на Законот за...

Топ1 ден

Со фалсисифкување документи го оштетил РЕК Битола за речиси 90.000 евра: кривична против управител на приватна фирма од Новаци

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против 46-годишниот М.Т. од Битола поради постоење основи на сомнение...

Македонија1 ден

Најавен прекин на товарниот сообраќај на граничните премини од понеделник: МВР ќе обезбеди непречен сообраќај за патничките возила и автобусите

Министерството за внатрешни работи – Оддел за гранични работи и миграција известува дека до Министерството за внатрешни работи е доставена...

Македонија1 ден

(Видео) Левица за „Безбеден град“: Глобите да се пресметуваат според примањата

На денешната седница на Собранието, координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, најави дека во Законот за прекршоци, преку...

Македонија1 ден

Фатон Сељами избран за нов Народен правобранител

Со поддршка од 89 пратеници, Собранието денеска во рамки на 65. седница го избра Фатон Сељами од Тетово за нов...

Македонија1 ден

(Видео) Тренчевска: ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани на кривичниот законик, меѓу кои и членот за злоупотреба на службената положба

На денешната комисиска расправа, владејачката коалиција ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани на СДСМ за измените на Кривичниот законик, соопшти потпретседателката...

Македонија1 ден

Системот „Безбеден град“ стартува од 1 февруари – Собранието ги усвои законските измени

Со 81 глас „за“ и 19 „против“ и воздржани, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот...

Македонија1 ден

Филков: Случајот со апелациониот судија не е само скандал, тоа е симбол на длабока системска слабост

Министерот за правда Игор Филков на денешната прес-конференција се осврна на актуелните состојби во правосудството и пристапот на Министерството за...