Контакт

Домашен

Вардар падна од белата точка

Објавено пред

– фото getty images

dobivaj vesti na viber

Фудбалерите на Вардар завршија со настапите во Лигата на шампионите, откако двомечот со Динамо Загреб, во второто квалификациско коло, го загубија со 5-3. По поразот на домашен терен 1-2, Вардар, во средата, загуби со 3-2.

Фудбалерите на Вардар завршија со настапите во Лигата на шампионите, откако двомечот со Динамо Загреб, во второто квалификациско коло, го загубија со 5-3. По поразот на домашен терен 1-2, Вардар, во средата, загуби со 3-2.

Вардар во двомечот со Динамо беше рамноправен противник, но неискуството и недостигот на среќа гочинеше елиминација.

Македонскиот шампион го имаше мечот во Загреб во свои раце, но особено во првото  полувреме не успеа да ја казни катастрофалната игра на последната дефанина линија на Динамо.

Вардар се закани уште во деветта минута, Асани влета ад одбраната на Динамо, доби топка, а кога излезе сам пред Јежина се обиде да го дрибла голманот на противникот и шансата пропадна.

„Црвено-црните“ ја контролираа играта, а Динамо до финишот на полувремето не успеа да направи конкретна акција. Единствено Пјаца беше на ниво, но неговите индивидуални акции беа неуспешни.

Во 37-та минута по слободниот удар на Фелипе, Хамбарџумијан биеше со глава, но какои во Скопје, дирекот го спаси Јежина.

Минута подоцна, Велкоски од 25 метри испрати вистински проектил, ја погоди „малата мрежа“ и го отвори резултатот.

Четири минути подоцна Судани од 18 метри ја затресе гредата на вардаровиот гол.

Динамо израмни од пенал во 55-та минута. Недоразбирањето  во одбраната на Вардар го искористи Пјаца, влезе во шеснаесетникот на него налета Хамбарџумијан, а  судијата Иванов покажа на пеналтикот. Пјаца израмни на 1-1.

Вардар предноста ја врати во 62-та минута, Рог загуби топка од Спироски, Балотели полече полуконтра, го исфрли Којашевиќ  по левата страна кој одигра повратна до ногата на Шинделфелд кој постигна автогол.

Динамо успеа повотрно да израмни од пенал, повторнострелец беше Пјаца. На пеналот му претходеше невнимателно играње со рака на Спироски.

Конечните 3-2 ги постави Мачадо во 79-та минута. Мачадо шутираше од 18 метри топката го закачи Новак и отседна во голот.  крај/мф/нц

 

 

Извор: макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Домашен

Златна недела за „Алкалоид“

Објавено пред

РК Алкалоид викендов стана шестиот клуб во Македонија кој успеал да освои пехар од националното Куп натпреварување кое брои 32 сезони, вклучително со прекинатата ковид сезона 2019-20.

dobivaj vesti na viber

Зад Алкалоид е златна недела. Почнувајќи од 12 до 19 мај, седум дена во кои пионерите станаа државни прваци, потоа и младинците беа верификувани како шампиони, за конечно и кадетите да го подигнат шампионскиот пехар. Такво нешто во поновата историја му им успеано само на Металург, но немаше ни тие одличја да блеснат вака, ако успехот не беше комплетиран со пехар на сениорскиот тим.

Од улога на трет носител или аутсајдер во однос на двата најпознати колектива, Алкалоид потврди дека Куп е приказна во која непишаните правила важат исто колку и пишаните.

Огромна сатисфакција плус за тренерот/селектор и неколкуте репрезентативци што се градат во овој клуб е успешниот бараж на сениорската репрезентација.

Златна недела е сосема адекватен епитет за ракометниот колектив Алкалоид и уште една успешно штиклирана сезона.
Трета успешна од вкупно три, што е голем предизвик за четвртата.

Но, има и други причини да биде задоволен Алкалоид од наш агол можеби и поважни отколку погледот кон витрината сезонава.

Во Македонија (ова е личен став) има погрешно поставен систем на вредности кога се во прашање резултатите. Речиси сѐ е поставено во служба на резултатот преточен низ бројки и конечниот пласман што служи за задоволување на амбициие, желбите и вкусовите на спонзорите и на локалната јавност и посебните групи на фанови.

Најбрзиот и најефикасниот начин тоа да се постигне е вложување во готови производи во најголем дел странски играчи, надополнета со тоа што колку толку го нуди домашниот пазар.

Секој си го бира својот пат, подвлечено тоа си е клупска политика, но генерално ваквите приказни се успешни додека има пари. Повеќе пари, подобри резултати, но кога парите ќе секнат, а таа чешма кај нас знае брзо да се затвори, не останува ништо.
Примери што ќе го поткрепат ова има доволно, но тоа е тема што е многу обемна и заслужува поголем простор само за себе.

Алкалоид има и повеќе причини да биде задоволен, не само поради шампионските пехари во младинските категории и пехарот во Куп на Македонија.

За само три години овој колектив покажа дека работи по поинаква матрица од споменатиот систем на вредности и во моментов е еден од најдобро организираните ракометни колективи, иако има најмало искуство и логично т.н. детски болести што едноставно мора да се прележат. Но, логистички во сите сфери, Алкалоид е на ниво на европски клуб.

Во прилог е клупската стратегија, определба и решителност да се докаже дека резултати со бројки можат да се постигнат и со домашни ракометари, ако им се даде вистинска шанса, се работи квалитетно и истрајно.
Инвестирање во организација и работа со млади категории, селекцијата и условите уште во првата сезона донесоа пехар, а во третата комплетна доминација.

Може да биде задоволен што ги извади за кратко време на ниво да бидат забележани и од странство играчи како Марко Митев, зад него е Дамјан Митев, новата ѕвезда Иван Галевски итн. Но, ќе чуете многу повеќе уште летово и за браќата Узунчеви, потоа онаа многу добра кадетска екипа со уште еден голман со огромен потенцијал како Ѓорги Николовски, потоа бековите Христијан Гурмешевиќ, Марин Крстевски итн.

Во Македонија системот на вредности, сепак, најмногу се гледа низ резултатите како бројки, а достигнувањата на Алкалоид во организацискиот дел, младите категории итн. немаше да бидат вистински вреднувани доколку во клубот не стигнеше пехар во сениорска конкуренција. За да се заработи респект, треба да се победи и да се освои пехар.

Со победите над Вардар и Е. Пелистер во Куп на Македонија го мина и тоа ниво од играта.

Сега, со нескриена љубопитност и нетрпение чекаме да видиме каков ќе биде нивниот следен чекор. Многу работи зависат од тоа како ќе изгледа следното ниво, не само за клубот, туку и за репрезентацијата и генерално и за целиот ракомет во Македонија.

 

Прикажи повеќе...

Домашен

Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“

Објавено пред

Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.

dobivaj vesti na viber

„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.

Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.

Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.

Прикажи повеќе...

Домашен

(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење

Објавено пред

Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).

dobivaj vesti na viber

Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.

„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.

Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Маркетите ќе мораат да ги објавуваат на интернет цените на производите

Маркетите отсега ќе мораат да ги објавуваат на интернет цените на производите, со најновите измени на Законот за заштита на...

Македонија3 часа

Неточни се наводите за работата на Министерството за животна средина: Владата ги отфрла шпекулациите

Владата ги провери и затоа ги отфрла шпекулациите и неточните наводи изнесени од СДСМ и ДУИ во врска со работата...

Македонија3 часа

Maкедонската Влада во ОН беше усогласена со САД, Мицкоски ја унапреди соработката, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Христијан Мицкоски ја унапреди соработката на Македонија со САД, а СДСМ во очај и љубоморат на сопствената држава, реагира...

Свет4 часа

Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимитетот на Зеленски

Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Володимир Зеленски како претседател, а во исто време ја отфрла...

Македонија5 часа

Меџити за обвинувањата: СДСМ и ДУИ се синхронизирани, не може административна работа да се прикаже како голем скандал

СДСМ оди по паметот на ДУИ, синхронизирани се. Не може административна работа или архивска работа да се прикаже како голем...

Македонија6 часа

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против Б. Ф. во својство на сопственик и...

Македонија7 часа

Денеска ќе му ги предадеме документите на Мицкоски за скандалот со Меџити, најави СДСМ

СДСМ преку писмено соопштение извести дека денеска во 11 часот, во Владата на Република Северна Македонија ќе му достави документи...

Македонија8 часа

„Каде завршија 1,2 милион евра од граѓаните на Чаир“, прашува ДУИ

„Изјавата на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, дека 1,2 милиони евра собрани од даноците на граѓаните на Чаир не се...

Европа9 часа

Путин го нападна Киев само неколку часа по средбата на Трамп и Макрон: тревога во целата земја, Полска ги подигна авионите

Само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот лидер Владимир Путин прави се за да ја прекине...

Свет10 часа

(Видео) Се урна мост, има мртви и исчезнати: се појави снимка од катастрофата во Јужна Кореја, сè падна врз работниците за секунда

Три лица загинаа, а пет се повредени по уривање на градилиште на автопат во јужнокорејскиот град Чеонан, јави новинската агенција...

Регион10 часа

Србија гласаше за европската резолуција за Украина; Вучиќ: Им се извинувам на граѓаните

Србија вчера гласаше за европска резолуција за Украина на Генералното собрание на Обединетите нации. Сепак, претседателот Александар Вучиќ смета дека...

Свет10 часа

(Видео) Макрон: Можен е прекин на огнот меѓу Украина и Русија во наредните недели

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави синоќа дека прекин на огнот меѓу Украина и Русија може да биде договорен во наредните...

Свет10 часа

(Видео) Макрон го прекина Трамп за време на прес-конференција

И покрај огромните разлики во ставовите, Доналд Трамп и Емануел Макрон вчера изјавија дека сакаат да работат заедно за да...

Македонија1 ден

Со лажни финансиски совети, измамници ги празнат кртичките на граѓаните – полицијата вели, вакви измами има сѐ повеќе

Забележан е зголемен број на пријави од граѓани за измама сторена преку социјалните мрежи и телефонски повици од лица кои...

Македонија1 ден

Мицкоски ја повика ДУИ да достави докази за наводната корупција: Апсолутно имам доверба во работењето на господинот Меџити

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека има исклучително блиска и непосредна соработка со министерот за животна средина, Изет Меџити, кого ДУИ...

Македонија1 ден

Македонија е коспонзор на резолуцијата на САД за Украина

Македонија е една од земјите што се коспонзор на предлог-резолуцијата на САД за Украина, а истовремено Европската Унија, предводена од...

Економија1 ден

Не помина предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ-то на струјата и храната

Наместо да донесат одлука што директно ќе го олесни товарот врз семејните буџети, пратениците од владејачката коалиција одбија да ги...

Македонија1 ден

Ако маркетите ги објавуваат цените на сите производи на интернет, купувачите ќе бидат заштитени oд скриени трошоци, рече Стојаноски

Mаркетите да ги објвуваат сите цени на веб-страниците со цел подобра информираност на потрошувачот и олеснување на споредливоста на цените,...

Македонија1 ден

Ја удирал по главата и телото со боксови и тупаници, па ја силувал: предложен притвор за 37-годишен скопјанец

Поради основано сомнение за сторено кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со...

Европа1 ден

Зеленски објави видео за годишнината од војната: „Три години апсолутно херојство“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја одбележа третата годишнина од руската инвазија на Украина со објавување видео во кое се прикажани...