Контакт

Домашен

Започнува турнирот „Трофеј Македонија 2014“

Објавено пред

Во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, од 25 до 27 јули, ќе се одигра турнирот „Трофеј Македонија 2014“. На турнирот ќе учествуваат кошаркарските репрезнетации на Македонија, Полска, Црна Гора и Италија.

Репрезентациите овој турнир го користат како дел од подготвките за настап во квалификациите за пласман на Европското првенство кое ќе се одржи во 2015 година.

 

Подмладената македонска репрезентација, со селекторот Александар Џикиќ, имаш добра увертира пред почетокот на „Трофеј Македонија 2014“, откако на турнирот во Охрид забележа три убедливи победи на Австрија, Романија и Грузија.

 

Полска во Скопје допатува по двомечот со Чешка, Полјаците еден меч загубија (65-70), а еден победија (75-73).

 

Италија и Црна Гора минатата недела учествуваа на турнирот во Сараево на кој и двете репрезентации имаа учинок од две победи и еден пораз. Црногорците ја совладаа Италија (76-60) и Белорусија (94-71), а загубија од БиХ (67-80). Италија по поразот од Црна Гора ги совлада Белорусија (89-77) и БиХ (75-70).

 

Натпреварите на турнирот ќе се играат во термините од 17:30, односно 20:30 часот. Македонија своите натпревари ќе ги игра од 20:30 часот, најпрвин против Полска, а потоа против Италија, односно Црна Гора. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Домашен

На државното првенство во скајранинг поставен нов рекорд на патеката на Титов Врв

Објавено пред

Во организација на планинарскиот клуб „Македон“, вчера (28 јуни) се одржа второто издание на планинската (скајранинг) трка „Титов Врв скајрејс“ на Шар Планина, воедно и државно првенство во скајранинг за 2020 година.

Ова е највисоката трка во Македонија на која натпреварувачите поаѓајќи од Попова Шапка го искачуваат Титов Врв 2.747 мнв и се враќаат назад, притоа совладувајќи дистанца од 20 километри и 1.900 висински метри по стрмен и каменест терен.

На трката учествуваа лимитиран број натпреварувачи (вкупно 47) со цел да се запазат мерките за заштита од Ковид-19, а беа постигнати одлични резултати.

Во машка конкуренција победник е Дејан Ангелоски со време 2 часа 39 минути, што претставува нов рекорд на патеката, на второто место се пласира Александар Кирковски (2:42) додека трет беше Атанас Анчевски (2:52).

Кај девојките победи Елена Ртоска со нов женски рекорд, кој сега изнесува 3 часа 43 минути, а зад неа на подиумот финишираа Сања Најдовски (4:01) и Ивана Пекевска (4:15).

Скајранингот е екстремна форма на планинско трчање кое се одвива на надморска височина од над 2.000 метри, по исклучително стрмни и каменести терени.

Овој спорт, кој започнува да се развива во алпските земји пред 30-тина година, денес доживува сè поголема популарност во светот со аспирации да стане и олимписки спорт.

Федерацијата за планинарство на С.Македонија е полноправен член на Светската скајранинг федерација (ISF), а минатата година македонска репрезентација за првпат настапи на европското првенство во Италија.

Прикажи повеќе...

Домашен

Црни шест минути за незгоден пораз од Чешка

Објавено пред

Ракометната репрезентација на Македонија доживеа незгоден пораз од 27:25 од Чешка,
откако по одличното прво полувреме во кое имавме два гола предност (11:9) дозволивме
противниците со прекрасни шест минути во второто полувреме да го свртат мечот и да
направат три гола предност од кои потоа немаше опоравување.

Поразот значи дека за пласман во втората фаза ќе мораме да одиме на резултат против
домаќинот Австрија, кои имаат 2 поени и вечерва ја пречекуваат Украина, што ќе биде
многу тешко за остварување.

А во првото полувреме, сè одеше според планот. Со одлична игра во одбраната ги
ограничивме Чесите на само девет гола, а во нападот и покрај тешкотиите оддржувавме
предност благодарение на Кирил Лазаров и Дејан Манасков.

Но, на почетокот на второто полувреме, Чесите направија серија од 6:1 и целосен
пресврт за да поведат со 15:12. Лазаров со два гола успеа да не доближи на гол-разлика,
но Чесите повторно дојдоа до три разлика. На седум минути пред крајот, успеавме да
доближивме на гол разлика (22:21), за Манасков да израмни на 22:22, по што се играше
гол-за-гол до крајот на мечот во драматична завршница.

Ветеранот Ондреј Здрахала погоди за 26:24 на две минути пред крајот за да го „реши“
мечот, по што Лазаров со брз гол намалува на 26:25, за во следниот напад Чесите
повторно стрелаа за конечни 27:25.

Лазаров со 11 гола беше најдобриот стрелец во македонската репрезентација, Манасков
додаде 5, а Гоце Георгиевски уфрли 4.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО, 2.КОЛО
ГРУПА Б
Чешка – Македонија 27:25 (9:11)
Австрија – Украина 18.15 ч.
Табела: 1.Австрија 2, 2.Чешка 2, 3.Македонија 2, 4.Украина 0
ГРУПА Д
Португалија – Босна и Херцеговина 27:24 (12:11)
Франција – Норвешка 18.15 ч.
Табела: 1.Португалија 4, 2.Норвешка 2, 3.Франција 0, 4.БиХ 0
ГРУПА Ф
Швајцарија – Полска 31:24 (14:12)
Шведска – Словенија 18.15 ч.
Табела: 1.Шведска 2, 2.Словенија 2, 3.Швајцарија 2, 4.Полска 0

Прикажи повеќе...

Домашен

Стоилов најдобар скопски спортист, а РК Вардар најдобар клуб во 2019

Објавено пред

Во големата сала на Советот на Град Скопје денеска се одржа доделување на наградите за најуспешни спортистки, спортисти, тренер и спортска екипа во главниот град.

За најдобар спортист на Скопје во 2019 е прогласен Стојанче Стоилов од РК Вардар, а неговиот тим годинава повторно е прогласен за најдобар скопски клуб.

Ракометарот на Вардар, Даинис Криштопанс, е добитник на наградата за најдобар странец, кој настапува во екипа од Скопје.

Суфијан Исмаили од борачкиот клуб „Лирија“ е избран за најдобар тренер, а борачот Бесир Алили е најдобар младинец.

Тенисерката Александра Симева, пак, е порогласена за најталентиран младинец.

Прогласувањето беше извршено од Град Скопје во соработка со Сојузот на спортовите на Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт2 часа

Ѓоковиќ и сопругата се негативни на Ковид-19

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се негативни на вирусот Ковид-19, покажале резултатите од последните ПЦР тестови кои на сопружниците...

Економија3 часа

(Видео) Ангеловска: Резултатите се подобри од очекуваното, економијата почна да закрепнува

„Она што го почнавме на почетокот на оваа ковид-криза, а во духот на транспарентноста и отчетноста, односно навремено па дури...

Македонија4 часа

Османи: Процедурите за попис на населението ќе почнат по изборите

Вицепремиерот  Бујар Османи, кој истовремено е висок функционер во ДУИ, најави дека подготовки за спроведување на пописот ќе започнат по...

Македонија5 часа

(Видео) Заев: Се забрзува интеграцијата во ЕУ, да запрат лагите дека сме го изгубиле македонскиот јазик

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција пред Собранието порача дека македонската интеграција во Европската Унија се забрзува, а за...

Свет5 часа

Пресечена пратка за Европа: Запленети 7,5 тони кокаин, вреден 286 милиони долари

Во заедничка акција на полицијата на Колумбија и САД, запленети се 7,5 тони кокаин во вредност од 286 милиони долари,...

Свет5 часа

Трамп се предомисли: Сите треба да носат маски

Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој се противеше на тоа да го покрива лицето во јавноста, рече дека е за тоа...

Македонија5 часа

Со донација на коскена срцевина, македонски дарител му помогна на пациент од Бугарија

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во изминатите два дена било спроведено колекционирање на хематопоетски матични клетки од доброволен...

Свет5 часа

Вооружен напад на рехабилитациски центар во Мексико – 24 убиени

Најмалку 24 луѓе се убиени, а седум се ранети во вооружен напад во нерегистриран центар за лекување зависности од дрога...

Македонија6 часа

Санкционирани 461 лице за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (1/2.07.2020 година) на територијата на целата држава по однос на мерката за неносење лична заштита...

Свет6 часа

По низа грешки, министерот за здравство на Нов Зеланд поднесе оставка и се нарече идиот

Новозеландскиот министер за здравство, Дејвид Кларк, денеска поднесе оставка по низа лични грешки за време на пандемијата на коронавирусот. Кларк...

Свет6 часа

Голема трагедија во рудник во Мјанмар, загинаа најмалку 50 рудари

Најмалку 50 рудари загинаа во одрони во рудник за жад на северот на Мјанмар, соопштија властите. Се претпоставува дека бројот...

Свет6 часа

По два месеци пауза, коронавирусот се врати во Токио

Во Токио се забележани над 100 новозаболени од коронавирус што е најголем број на нови случаи во последните два месеци....

Свет17 часа

Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата за прекин на сите конфликти поради коронавирусот

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно ja усвои резолуцијата со која се бара прекинување на конфликтите низ целиот свет...

Македонија24 часа

Нови 120 заболени и четворица починати oд Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија24 часа

Ако има потреба ќе бидат воведени рестриктивни мерки, велат Спасовски и Филипче

Ако има потреба ќе бидат препорачани и воведени рестриктивни мерки. Вака техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко...

Македонија24 часа

Oколу 900 патници поминале низ двата аеродрома кои денеска беа отворени

Околу 900 патници денеска поминале низ скопскиот и охридскиот аеродром, на првиот ден од нивното отворање, по неколкумесечниот застој поради состојбата...

Македонија1 ден

Независна пратеничка група: Мицкоски кочел закони за да штити криминал поради личен интерес

Мицкоски нé лажеше дека се грижи што ќе се уништи партијата, а имал гајле само за некого, свој личен интерес...

Македонија1 ден

Филипче: Воведовме 7 нови лекови за лицата со ретки болести и во услови на Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со претставници на Здруженијата на лица со ретки болести во нашата земја, при...

Регион1 ден

Граничниот премин Евзони повторно затворен

Граничниот премин Евзони требаше да биде отворен од денес, но сепак, во краток временски период овој граничен премин беше затворен,...

Македонија1 ден

Кривична пријава и државен карантин за синот на починатата кој учествуваше во инцидентот пред „8 Септември“

Обид насилно да се изнесе тело на почината од коронавирус е причината за инцидентот што вчера се случи во болницата...

Досие