Спорт
Донарума признава: Плачев кога Михајловиќ си отиде од Милан

Џанлуиџи Донарума признава дека секогаш ќе му биде благодарен на поранешниот тренер на Милан, а сега прв човек на Болоња, Синиша Михајловиќ кој му даде шанса да стане прв голман на „росонерите“ на само 16 години.
20-годишниот Донарума и покрај сите шпекулации за заминување има уште две години од својот договорот и признава дека да не бил Михајловиќ, кој сега се бори со леукемијата, тој немало да има кариера.
„Вечно ќе му бидам благодарен. Секогаш го давав максимумот да помогнам на тимот и бев толку нервозен кога дебитирав. Кога Синиша ден пред натпреварот ми кажа дека ќе бранам не му верував. Бев подготвен и тој го знаеше тоа. Тој е како лав и затоа му посакувам брзо оздравување. Кога си замина од Милан плачев, бидејќи тој беше човекот кој ми даде сè“, вели Донарума.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Конте му се налути на Де Лаурентис: Не сум будала

Фудбалерите на Наполи синоќа ја победија Монца на гостински терен со 1:0 во 33. коло од Серија А и со 71 бод се изедначија со Интер на првото место на табелата, иако Интер има натпревар помалку а тоа е вечерашното тешко гостување во Болоња.
Наполитанците во преостанатите пет кола имаат многу полесен распоред од бранителот на титулата, а треба да се напомене и дека Интер ќе биде оптоварен со полуфиналето од Лигата на шампионите против Барселона и полуфиналето од Купот на Италија против Милан. Наполи, пак, до крајот на сезоната има само натпревари во Серија А.
Тренерот на Наполи, Антонио Конте синоќа одржа бурна прес-конференција по тешкиот триумф во Монца, а од неговиот говор се чини дека „не му цветаат рози“ на „Марадона“ и покрај одличните резултати.
„Јас имам одговорност и вие, медиумите, први го потенциравте тоа со зборовите дека ако Конте е на клупата, тимот мора да победи. Бидејќи тоа ми го припишавте мене, не сакам да ги изневерам навивачите. Не можам да се потпрам на чуда наместо на план. Го почитувам и го ценам претседателот на Наполи (Аурелио де Лаурентис) Навивачите на Наполи имаат високи стандарди ако не победат, се лутат“, рече Конте и додаде:
„Морам да одмерам сè, и не сум будала. Направив голем притисок врз себе, но ми треба вистинско оружје за да се борам. Во спротивно, тоа е масакр и не сакам да ме исечат. Ќе седнам на преговарачка маса со претседателот, а потоа ќе видиме. Ќе имаме приходи од квалификациите за Лигата на шампиони, ни помогна и трансферот на Кварацхелија, но сега искрено ќе разговарам со претседателот. Дадов се од себе, со камата. Сега сакаме да победиме заедно со момците кои напорно работат“.
„Имам добар однос со Де Лаурентис, но исто така ми треба почит. Морам да се заштитам себеси, инаку сето ова ќе биде само убаво, но завршено патување. Тука сум за навивачите на Наполи и за себе. Нема да правам будала од себе и да ги оставам да ме тепаат. Мора да продолжиме да веруваме и се надевам дека ќе имаме и малку среќа. Од јануари среќата не беше на наша страна. Веруваме во нашите можности. Играчите се одлични во тешки ситуации и ние градиме силни темели преку тие предизвици“.
Спорт
Барселона обвинета за расизам, кон поранешен играч
Тренерот на Селта, Клаудио Хиралдез изјави дека навивачите на Барселона на расна основа го навредувале фудбалерот на неговиот тим Илајш Мориба за време на натпреварот во шпанското првенство.
Хиралдес рече дека 22-годишниот Мориба, по потекло од Гвинеја, бил расно навредуван кога бил заменет во финишот од натпреварот, кој Барселона го доби со 4:3 на домашен терен.
„Жално е што ова се случува и денес во фудбалот“, изјави Хиралдес на новинарите.
Мориба помина низ фудбалската школа на Барселона пред да стигне до првиот тим.
Тој потпиша за Лајпциг во 2021 година, откако германскиот клуб му понуди подобар договор и оттогаш имаше позајмици во шпанската лига за Валенсија, Хетафе и Селта.
Шпанскиот фудбал има многу проблеми со расизмот, бидејќи често има инциденти каде некои навивачи ги навредуваат фудбалерите со темна кожа.
Спорт
Животната драма на Фернандо Мориентес: Можев да умрам…

Поранешниот шпански напаѓач на Реал Мадрид, Ливерпул, Монако и Валенсија, Фернандо Мориентес (49) доживеа белодробна емболија поради формирање на тромб – последица на претераното седење и честите патувања со авион и автомобил.
Поранешниот репрезентативец на Шпанија ја сподели својата приказна во програмата „Tiempo de Juego“ на „COPE Radio“ за да ја предупреди јавноста за можните опасности:
„Се враќав од Уелва во Мадрид, ме болеше градниот кош, имав остра болка под градната коска. Мислев дека е нешто со желудникот и не отидов во болница. Подоцна почувствував нешто друго и решив да одам на лекар. Прегледот откри високо ниво на срцеви ензими, што веднаш го зголеми сомнежот за проблеми со срцето, имав белодробна емболија“, рече Мориентес.
Тој нагласи дека тромбот настанал од долго седење.
„Тоа е згрутчување кое се формира зад коленото, од долго седење во авион или автомобил. Да знаев, порано ќе земав хепарин. Згрутчувањето отиде во белите дробови, затоа ме болеше. Поминав пет дена во болница. Можев да умрам”, признал Мориентес.
Напомена дека не пие и не пуши, но тоа не е гаранција кога се работи за тромбоемболија, особено кај луѓето кои често патуваат.