Спорт
Два шпански тима се пред елиминација од ЛШ
Европската фудбалска среда носи голем број важни и потенцијално интересни дуели.
Поради звучноста на имињата, големината и трофејната традиција на Баерн и Барселона, нивниот дуел во Шпанија привлекува поголемо внимание од другите седум натпревари во Лигата на шампионите.
Во различно расположение Барса и Баерн ќе влезат во меѓусебната пресметка, во Ц групата. Баерн со максимални 12 поени веќе е во осмина-финалето, додека на Барса ѝ е потребно чудо за пласман во наредната рунда. Барселона треба да победи и да чека кикс на Интер против Викторија Плзен.
Доколку Интер слави притив шампионот на Чешка ќе обезбеди место во нокаут-фазата и во исто време ќе ја испрати Барселона во Лига Европа.
Табела, Група Ц:
Баерн 12, Интер 7, Барселона 4, Викторија 0.
Во групата А работите се јасни. Наполи со максимален ефект од четири победи веќе се пласираше во осмина-финалето, па сега единствено прашање е дали ќе ја потврдат лидерската позиција. Наполитанците се апсолутни фаворити, Глазгов Ренџерс.
Дерби во оваа група е пресметката во Амстердам помеѓу Ајакс и Ливерпул. Јирген Клоп и неговите играчи доколку не загубат и теоретски ќе обезбедат место меѓу најдобрите 16.
Табела, Група А:
Наполи 12, Ливерпул 9, Ајакс 3, Ренџерс 0.
Односот на силите е интересен и во групата Б, каде Бриж (10) ги изненади и воодушеви сите со тоа што обезбеди пласман во следната фаза од елитното натпреварување на УЕФА. Во случајот со белгискиот состав, единствената дилема е дали тие ќе останат на врвот на табелата. Тие ќе бидат победници во групата доколку останат непоразени против Порто додека португалскиот претставник ќе им се придружи доколку биде победник, а Атлетико остане со празни раце против Баер Леверкузен.
Табела, Група Б:
Бриж 10, Порто 6, Атлетико 4, Баер Леверкузен 3.
Најголем метеж и неизвесност има во групата Д, каде што никој не е безбеден и мирен, но не е отпишан од кругот на кандидати за Топ 16 во пресрет на последните 180 минути.
Тотенхем може да обезбеди пласман понатаму, под услов да го победи Спортинг на својот стадион. Марсеј има шанса да профитира ако победи против Ајнтрахт во Франкфурт, а Англичаните го совладаат Спортинг.
Португалците можат д наредната рунда доколку го победат Тотенхем, а Ајнтрахт и Марсеј одиграат нерешено.
Табела, Група Д:
Тотенхем 7, Марсеј 6, Спортинг 6, Ајнтрахт 4.
Програмата во ЛШ од 18:45 часот ќе ја отворат Интер и Викторија Плзен, односно Бриж и Порто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Математиката на Челси, Лукаку+пари = Виктор Осимен
Ромелу Лукаку (30), по три сезони минати во Интер и една во Рома, во Серија А би можел да го облече дресот на Наполи.
Белгиецот изминатите две сезони настапува како позајмен, во Интер и Рома. Доколку се пресели во Наполи тој би бил дел од трансферот на Виктор Осимен.
Италијанските медиуми најавуваат дека 25-годишниот Нигериец следното лето би можел да го засили Челзи во трансфер вреден меѓу 80 и 90 милиони евра и дека Лукаку ќе послужи како своевидна „доплата“ во таа „зделка“.
За Осимен се заинтересирани и саудиските клубови, па Челзи ќе мора да му понуди голема плата доколку сака да го обезбеди потписот на нигерискиот репрезентативец.
Спорт
(Видео) Меси и Суарез го декласираа Њујорк Ред Бул
Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси стана првиот играч во историјата на МЛС со пет асистенции на еден натпревар.
Меси го растури Њујорк Ред Бул со гол и пет асистенции. Интер славече победа 6:2.
Домашниот тим со пресврт дојде до седмата победа оваа сезона, откако Њујорк поведе во 30. минута преку Данте Ванзеир.
Матијас Рохас израмни во 48. минута, а Меси погоди две минути подоцна.
Рохас ја затресе мрежата на гостите во 62. минута, а Луис Суарез постигна хет трик во финишот.
Погоди во 69., 75. и 81. минута, а Њујорк Ред Бул постигна уште еден гол во седмата минута од судиското надополнување преку Емил Форсберг од белата точка.
Интер е прв во Источната конференција со 24 бодови, додека Њујорк Ред Булс е четврти со 17 бодови.
Спорт
(Видео) Брејк на Минесота во Денвер
Актуелните шампиони Денвер Нагетс, со пораз ја започнаа полуфиналната серија во Западната конференција. Во „Бол арена“, Дебевер доживеа пораз од Минесота Тимбервулвс 99:106.
Денвер одигра далеку под просекот, со лоши проценти на реализиција и Вулвс апсолутно заслужено победија.
Јокиќ постигна 32 поени, имаше осум скока и девет асистенции, но загуби и седум топки, притоа шутираше 11/25 од поле.
Ниту Џамал Мареј не се прослави во шутот со 6/14 и 17 поени, додека Портер Јуниор натпреварот го заврши со 20 поени, со реализација 6/13.
Кај гостите од Минесота се истакна Ентони Едвардс со 43 поени, Таунс постигна 20, но многу важна улога имаше Наз Рид со 16 поени, од кои 14 во последниот дел, како и Руди Гобер со два многу важни коша во клучните моменти од натпреварот.
Едвардс стана вториот играч на 22-годишна возраст или помлад, по Коби Брајант, кој има два последователни натпревари во плејофот со повеќе од 40 поени.