Спорт
Две продолженија во Бостон, Тејтум им пресуди на Клиперси (Видео)

Во последниот меч пред почетокот на Ол-стар викендот во Чикаго кошаркарите на Бостон селтикс и Лос Анџелес клиперс им приредија вистински спектакл на навивачите. Селтикс по две продолженија извојува победа, 141:133.
Играч на натпреварот во „ТВ Гарден“ во Бостон беше Џејсон Тејтум со 39 поени и девет скока. Брилијантен беше и Маркус Смарт со 31 поен, Гордон Хејворд забележа со 21 поен и 13 скока, а Кемба Вокер заврши со1 9 поени, девет скока и седум асистенции.
Кај Клиперс Лу Вилијамс влегувајќи од клупата постигна 25 поени, а од стартерите се истакнаа Каваи Ленард со 28 поени и 12 скока, односно Мотрезл Херел со 24 поени и 13 скока.
Претходно својот меч го одиграа Њу Орлеанс пеликанс и Оклахома тандер. Оклахома победи со 123:118 иако дебитантот на Пеликанс, Зајон Вилијамс, одигра нов спектакуларен меч.
Тој постигна рекордни во кариерата 32 поени.
Тандер ги предводеа Данило Галинари со 29 и Крис Пол со 14 поени, осум скока и 12 асистенции.
На овој натпревар центарот на Тандер Стиван Адамс ја постигна првата тројка во кариерата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.