Спорт
Еден фудбалер на Торино позитивен на коронавирусот

Засега неименуван фудбалер на Торино имал позитивен тест на коронавирусот по првата рунда тестирање во клубот пред враќањето на тренинзите. Италијанските клубови почнаа со враќање на тренинзите оваа недела по осумнеделниот карантин во Италија (најдолг во Европа) иако уште нема одлука за рестарт на шампионатот.
„Во текот на првите медицински прегледи на фудбалерите на Торино имаше еден позитивен резултат на Ковид-19. Фудбалерот, кој нема симптоми, веднаш е ставен во карантин и ќе биде надгледуван“, се вели во соопштението на клубот.
Иако сите 20 клуба во Серија А гласаа за продолжување на сезоната, Торино заедно со Бреша и Сампдорија се меѓу тие што сметаат дека не мора да се ризикува. Претседателот на клубот, Урбано Каиро, минатата недела изјави дека Италијанците веќе треба да размислуваат за следната сезона.
Nel corso dei primi esami medici effettuati ai calciatori del Torino FC, è emersa una positività al COVID-19. Il calciatore, attualmente asintomatico, é stato posto immediatamente in quarantena e verrà costantemente monitorato. #SFT
— Torino Football Club (@TorinoFC_1906) May 6, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Можат ли да се помират со поразот?

Фудбалерите на Олимпик Марсеј вербално се судрија во соблекувалната по вчерашниот пораз од Рен (1:0) во 1. коло од Лига 1. Ветувачко лето, доаѓање на нови засилувања кои се доста гласни и преоден рок кој е повеќе или помалку по вкус на Роберт де Зерби. А потоа, со уште еден играч повеќе, губење на судиското продолжение на „Роасон Парк“ против Рен во првиот натпревар од Лига 1.
Нешто што никогаш не го очекуваа во Марсеј. Тоа доведе до тепачка во соблекувалната. Жешки глави кои решија да кажат што имаат без филтрирање. Тоа беа Адриен Рабио и Џонатан Роу.
Де Зерби, кој ги критикуваше играчите, исто така не седеше со скрстени раце, туку ги остави да се расправаат, вели „RMC“. Наводно, сакал да ги разјасни работите, да каже кој што мисли и да дојде до вистината. Роу беше критикуван дека не се трудел доволно, што не го мислел иако презел дел од вината.
Спорт
Езе преферира трансфер во Тотенхем

Еберечи Езе, најдобриот играч на Кристал Палас, до крајот на преодниот рок ќе го напушти клубот.
Офанзивниот фудбалер од редот за врска, според англиските медиуми, веќе се договорил со Тотенхем.
Езе изразил желба да го напушти клубот и не се очекува да биде во составот за натпреварот против Челзи во недела. Палас е свесен за ситуацијата и веќе на пазарот бара замена за Езе.
Англичаните пишуваат дека во наредните денови може да има сериозен конфликт помеѓу играчот и клубот доколку Палас не го договори трансферот.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Алкарас го престигна Федерер, следна мета му е Ѓоковиќ

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го престигна Роџер Федерер по процент на победи на Мастерс турнирите.
Алкараз го победи Рубљов во четвртфиналето во петокот и се пласираше во ново полуфинале на турнирите од Мастерс серијата.
Ова беше неговата 82-ра победа во кариерата на Мастерс турнирите, има скор од 82-23, односно победил на 78,1% од мечевите.
Тој го престигна Федерер, кој моментално беше трет на листата на сите времиња (од 1990 година, минимум 10 одиграни натпревари). Швајцарецот ја заврши кариерата со 77,9 проценти.
Пред Алакрас се уште рекордерот Рафаел Надал, кој има 82%, и Новак Ѓоковиќ, кој е веднаш зад него со 81,5%.
Алкараз во ноќта помеѓу сабота и недела, кога ќе игра против Саша Зверев во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати.
Фото/ Принтскрин